// Google analytics code

Пожтрвувана професорка во Кина ги изгубила двете нозе додека спасувала двајца свои ученици

 

 Инцидентот се случил кога професорката Џанг Лили заедно со неколку ученици преминувале улица и одненадеж кон нив се упатил автобус. Според очевидци, имало паркирани три автобуса на влезот пред училиштето. Третиот автобус го удрил вториот, кој поради ударот започнал да се движи кон                                              Чанг Лили на својата свадба пред една година             првиот. Реагирајќи брзо, професорката ги турнала двајцата ученици од патот, но за жал, автобусот преминал преку нејзините нозе.

Заедно со професорката настрадале уште и пет други ученици, но сите имале само полесни повреди.

„Кога дојдов до неа, лежеше на земја под автобусот и имаше големи скршеници. Многу од учениците рекоа дека таа ги спасила другите и дека ѝ е потребна итна помош“ – изјавил нејзин колега од училиштето.

Поради сериозноста на повредите, двете нозе на 29-годишната професорка ѝ биле ампутирани. Таа сè уште е во кома, но докторите вложуваат максимални напори да ја подобрат нејзината здравствена состојба.

Херојската постапка на младата професорка привлече огромно внимание. Сите ученици се молат за побрзо оздравување, а во болницата во која е сместена од почит пристигнуваат и луѓе кои никогаш не ја запознале, но слушнале за нејзината пожртвуваност. „Кога слушнав за нејзината храброст, ми се стопли срцето. Само сакав да покажам почит кон неа, затоа што не секој може да постапи така храбро како неа“ – изјавил еден од посетителите.

Картичка за Чанг Лили на која пишува: „Благодарам учителке. Чувај се“

Сопругот на Џанг Лили е шокиран поради инцидентот, но не е воопшто изненаден од несебичната постапка на својата сопруга. Тој изјавил дека таа била целосно посветена на својата работа и дека секој месец донирала пари за еден од своите ученици.

„Јас сум нејзина потпора, но таа е мојот свет. Џанг три години донираше секој месец по 100 јуани за момче во нејзиниот клас. Чувствувам дека имам многу да учам од неа“ – изјавил сопругот.

Според првичните информации, третиот автобус имал неисправни кочници, но шоферката го возела иако знаела за проблемот. Во моментот на несреќата, таа не сакајќи притиснала на гаста.

Извор: http://www.femina.mk/


About The Author