// Google analytics code

Православниот народ во Грузија ја спречија геј парадата низ Тбилиси

“Христијански активисти предводени од православни свештеници денеска го запреа обидот на геј активистите во Тбилиси да организираат прошетка, напаѓајќи ги учесниците и кршејќи ги нивните транспаренти. Околу 20 лица се придружија во прошетката низ главните улици на престолнината во оваа длабоко религиозна држава на Кавказот, носејќи знамиња со боите на виножитото и транспаренти на кои пишуваше „Стоп за хомофобијата“. -Овде владее голема дискриминација и ние сакаме да покажеме дека хомосексуалноста не е закана за општеството, рече Ана Белоброва, една од учесничките на маршот. Но група православни свештеници и нивните приврзеници направија импровизиран кордон за да го запрат маршот пред тој да стигне до грузискиот парламент, навредувајќи ги и напаѓајќи ги учесниците. -Како можете да промовирате таква работа на улиците каде има деца? Тоа не треба да се дозволи, рече еден од свештениците. По избивањето на судирот интервенираше и полицијата, која притвори најмалку три лица. -Ова покажува дека на Тбилиси му престои уште долг пат до модерен европски град. Очекувавме негативна реакција, но не и дека ќе бидеме нападнати, рече еден од организаторите на маршот Надја Гвианшвили од Групата за заштита на човековите права Идентоба. Грузиската православна црква има големо влијание во конзервативното грузиско општество со 4,6 милиони жители. Хомосескуалноста се смета за општествено неприфатливо однесување и јавните изјави за поддршка на геј правата се многу ретки.”

Известува “24Вести”

П.с. Ако преку хомосексуализмот се докажува дека стануваме модерна европска земја, тогаш, благодарам,не!


About The Author