// Google analytics code

Радувај се, благодатна, зашто во Твоето успение не нè остави

| August 30, 2015

Кондак 11 Сите боговдахновени песни не се доволни за достојно да го воспееме Твоето сечесно Успение, сефална Владичице Царице Богородице: туку усрдно Тебе Ти го принесуваме, како Мајка на Царот на сите, ова наше смирено молење, со небесните чинови пеејќи Му на единствениот, Кој достојно Те прослави, Бог: Алилуја!

Света Евхаристија

| August 25, 2015

Како што Светата евхаристија го остварува целиот Христос, а не само некој Негов дел, така и секоја локална Црква претставува потполно Тело Христово, а не само некој Негов дел. Значи, според православната еклисиологија секоја локална епископска Црква претставува потполна, соборна Црква, исполнета со сите благодатни богочовечки дарови Божји потребни за спасение на луѓето, односно претставува […]

Природата на молитвата

| August 20, 2015

Според природата, молитвата е сопостоење и единство на човекот со Бог. Според дејството, таа е одржување на вселената, помирување со Бог, мајка на солзите и нивна ќерка истовремено, смилостивување за гревовите, мост со којшто се преминуваат искушенијата, панцир кој штити од секоја мака, разбивање на демонските напади, служба на ангелите, храна на сите бестелесни, идно […]

Нашиот живот е на небото

| August 19, 2015

Познато е дека Господ за време на Својот овоземен живот зел со Себе тројца Свои ученици: Петар, Јаков и Јован, се качил со нив на Тавор и таму, преобразувајќи се, се покажал во Својата слава пред нив. За време на молитвата Неговото лице станало светло како Сонцето, а Неговата облека бела како снег. Во славата […]

Жената Хананејка – Митрополит Струмички Наум

| August 12, 2015

Прашање на духовен живот и духовна смрт за нас христијаните е нашата согласност и нашето содејство со Божјата промисла за нас, со Божјата волја за нас, со Божјото слово за нас, со Божјото дело за нас. За ова и порано сме говореле, дека од моментот кога од жената Хананејка смирено и со благодарност, што значи, […]