// Google analytics code
  • Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу плод; оти без мене не можете да правите ништо. Како што ме возљуби Отецот, и Јас ве возљубив вас. Бидете во Мојата љубов! Ако ги запазите Моите заповеди, ше останете во љубовта Моја. како што Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова. Ова ви го реков, за да остане радоста Моја во вас, и радоста ваша да биде полна. Ова е Моја заповед, да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас. Никој нема поголема љубов од оваа: даја положи душата своја за своие пријатели.
  • February 2019
    S M T W T F S
    « Jan    
     12
    3456789
    10111213141516
    17181920212223
    2425262728  

    Беседа за Митарот и Фарисејот – отец Гаврил

    Posted By on February 19, 2019

     

    8AEBF9EB-DD1C-4974-8772-C2F9B48DF767А на оние, што беа уверени во себе дека се праведни, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: Два човека влегоа во храм да се помолат; едниот фарисеј, а другиот митник. Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: »Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци, или како овој митник. Постам двапати во седмицата, давам десеток од сè што придобивам.« А митникот стоеше оддалеку; не смееше дури (н)и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: »Боже, биди милостив спрема мене грешниот!« Ви велам: дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат.” (Лк. 18, 9, 14)

    Преку примерот на митарот и фарисејот, гледаме два модели на духовен живот. (more…)

    За славењето на Св. Трифун и Св. Валентин – ѓакон Димитар Арсовски

    Posted By on February 14, 2019

    38F4F2E2-2695-494D-B39F-CF24FEAE53FDЗа славењето на Св. Трифун и Св. Валентин

    Факт е дека сме во еден вид на духовно робство кое ни го наметнува западниот концепт на живеење. Речиси сите нешта се искомерцијализирани, а сето тоа не го одминало ни современиот Православен човек. Така е со ликот на Дедо Мраз, за кој многу мал процент на православни знаат дека всушност вистинскиот Дедо Мраз е светиот Николај Мирликијски, но таков е и примерот со светиот свештеномаченик Валентин епсикопот Интерамниски.
    Целата таа заблуда околу ликот на овој светител се појави пред некои десетина години како една појава која ни дојде од западниот свет. Не можеме да речеме дека ни е наметната, бидејќи никој не може на сила да ни даде нешто, туку би рекол дека ние ја пречекавме со ширум отворени порти бидејќи ни дојде како една романтична приказна за тинејџери кои почнуваат да ја искусуваат љубовта и тоа беше еден повод да се изрази љубовта кон саканиот. Зарем имаме потреба од одредени денови или празници за да изразиме љубов кон некој, да му кажеме колку го сакаме или да го изненадиме со некој подарок. До душа овде не се работи за изненадување бидејќи сите оние кои паѓаат на романтиката го очекуваат. Потоа се јави прашањето за тоа каков светител е, дали е „наш“ или католички и дали треба да го славиме свети Трифун (кој се слави на истиот ден) или свети Валентин – закрилникот на вљубените?

    (more…)

    Let us not forget the role of St. John, who preached repentance, before whom people repented and confessed their sins and were baptised – Fr. Gavril

    Posted By on January 20, 2019

    svjThis is a precious day, a great day for the world and for mankind:- Epiphany. On this day, God manifested (was revealed) Himself to humanity offering peace and deliverance. On this day, the whole creation rejoiced because God renewed the fallen man and the world through the water.

    With the Baptism of the Lord in the river Jordan, Mankind is renewed and sanctified. By the entering of Jesus into the waters (river Jordan), they were sanctified and all of nature with them. With the manifestation (expression) of the Father and the descent of the Holy Spirit in the form of a Dove, Heaven opened and the Holy Trinity has revealed to us. (more…)

    Богојавление

    Posted By on January 19, 2019

    Bogojavlenie-477x330Ова е непроценлив ден, голем ден за светот и човекот. Богојавление.  На овој ден Бог се (об)јави на паднатотото човештво нудејќи му мир и избавување. На овој ден сета твар се радуваше затоа што Бог преку водата го обнови паднатиот човек и светот. (more…)

    Вистинска среќа – Викарен Епископ Јаков Полјански

    Posted By on January 18, 2019

    BC440E56-612E-42FB-A78E-1FABB3B01702Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа и создава внатре, во нејзините прегратки. Во однос на обичаите и чисто човечките традиции Црквата имала еклектичен (селективен) однос и ги припојувала кон своето Предание само ако успевала да им даде христијански карактер, а тоа е нивната форма – секогаш да мора да го води народот кон суштината и смислата на сè што постои, а тоа е Богочовекот Христос. Исклучителен пример меѓу отците на Црквата за таквиот еклектизам е свети Василиј Велики. (more…)