// Google analytics code

Ново чудо на Пресвета Богородица


Во декември 2004 година еден богат муслиман од Саудиска Арабија пред сите средства за јавно информирање (на телевизија, радио, во весниците, часописите во цела Саудиска Арабија, Сирија, Палестина и во соседните земји) го раскажал овој трогателен настан што го проживеал и што му го сменил целиот негов живот.

Се оженил со една девојка, богата муслиманка, но неплодна. И покрај тоа што имале многу пари и оделе кај многу доктори, тие не можеле да имаат деца. Изморен и натажен, ја зел сопругата и тргнале во Израел и Сирија за да се одморат и да заборават на проблемите. Во Сирија изнајмил возило со тамошен туристички водич за да им ги покаже сите атрактивни знаменитости. Откако се запознале подобро со него тие се отвориле кон него и му го кажале проблемот со нивната бездетност. Водичот кој исто така бил муслиман, им кажал дека во Сирија, христијаните, поточно православните имаат манастир на Богородица Шејданагија (Владичица – Госпоѓа) и многу бездетни прибегнуваат кон нејзината чудотворна икона. Таму, на нејзината икона има кандило, а на поклонениците им даваат од фитилот на кандилото, кое се јаде, се пие, и тогаш „Марија“ на христијаните им дава според нивната вера. Саудиецот со жена му се воодушевиле и рекле, – „Однеси не таму кај Шејданагија, кај Владичицата на христијаните, и ако се случи посакуваното, ако добиеме дете, тогаш ќе се вратам и ќе принесам 80.000 долари во манастирот“, му рекол на водичот.

Отишле во манастирот, направиле што требало, и враќајќи се во нивната земја, жена му забременила. Родила прекрасно машко дете, здраво и убаво. Чудо од нашата мајка Богородица!
Саудиецот веднаш се вратил во Сирија да го исполни заветот што го беше ветил. Му телефонирал на познатиот водич да го пречека на аеродромот во Дамаск. Но, водичот го обзел нечестивиот дух  и озлобен известил двајца другари, заедно да го заробат и убијат и да му ги одземат сите пари што ги понел со себе. Навистина и така станало. Го пречекале на аеродромот, без да знае жртвата што ќе се случи наместо да го однесат во манастирот тие заминале на едно пусто место. Го заклале, сечејќи му ја најпрвин главата, а потоа на парчиња и другите делови од телото. Страста од тоа ужасно злосторничко дело ги затемнила, му ги одземале парите часовникот и сé што имал и го ставиле во багажникот на возилото и тргнале кон друго место за да се ослободат од трупот. На автопатот му се расипало возилото, застанале да видат што се случува. Еден минувач ги видел и застанал да им помогне. Но, тие исплашени за да не ги открие го одбиле. Тој тогаш се посомневал и забележал дека од задниот дел на возилото капе крв, и ја известил полицијата. Таа пристигнала, полицајците ја виделе крвта истечена на патот и дале наредба да се отвори багажникот. Само што го отвориле капакот, Саудиецот се подигнал и излегол надвор здрав и жив, целосен, секако со многу крв но сошиен!!! Им рекол: – „Богородица штотуку заврши со последните конци, шиејќи ми го грлото еве овде напред“… покажувајќи го самиот местото под јаболкото на грлото… „откако претходно ми го соши целото тело“. Водачот – злосторник и неговите сооучесници го изгибиле разумот, полуделе и викале како демонизирани: „Но ние те убивме, те парчосавме, ти ја исековме главата, како сега живееш!!!“…
Саудиецот отишол да го просведочи светлото чудо. Го виделе лекари од судска медицина, експерти, полицајци и тие го потврдиле големото чудо со изјави и потпис. Свежото сврзување на ткивото било очигледно. Тој изјавил и исповедал достоинствено: „Пресвета Богородица ме соши и воскресна со силата на Син ѝ!!!“. Потоа воскреснатиот, заедно со неговото семејство заминале во манастирот за да и се заблагодарат на Пресвета Богородица принесувајќи наместо 80.000, 800.000 долари и со молитви и славословија му благодареле за сета добрина што им ја направила Мајката Божја.
Саудиецот, и денес преживувајќи го ова трогателно, големо чудо вели: “Кога бев муслиман ми се случи ова…“, и затоа изјавува дека не е веќе муслиман, ниту тој ниту неговото семејство…
Ова чудо ги потресе сите арапски, муслимански земји, и целиот Среден Исток, и предизвика разбранетост и страшни непријатности…

Жив е Господ нашиот Бог, Бог на силите!
Слава Ѝ на Себлагомоќната, Пречиста Владичица Наша Богородица!


About The Author