// Google analytics code

ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО Е ГЛАВНИОТ ПРОБЛЕМ НА ОВОЈ СВЕТ?

Dunning-Kruger ефектот е феномен според кој оние што незнаат ништо, мислат дека знаат повеќе од оние што знаат многу повеќе од нив.

 Феноменот бил убедливо демонстриран со низа експерименти извршени од страна на Џастин Кругер и Дејвид Даниниг, од Корнел Универзитетот. Резултатите биле објавени во 1999 година.

Кругер и Данинг забележале дека во голем број на претходни студии, кај разноразни вештини, на пример: разбирање при читање, играње шах или тенис или управување со моторни возила, „тапанарите“ многу почесто биле самоуверени, отколку „експертите“.

Конкретно, тие поставиле хипотеза дека во врска со некоја вештина што човекот може да ја владее помалку или повеќе,

 1. некомпетентните лица имаат склоност да го преценуваат своето ниво на способност,

 2. некомпетентните лица неможат да ги препознаат вистинските способности кај другите,

 3. некомпетентните лица неможат да ја сфатат екстремноста на нивната некомпетентност

 4. доколку преку тренинг им биде овозможено значително да ја подобрат својата вештина, овие лица можат да го препознаат и признаат своето претходно дилетантство.

 Во низа студии, Кругер и Данинг го истражувале проценувањето на личните логичко резонирачки капацитети, граматички познавања и хумор. Откако им биле покажани резултатите од тестовите, испитаниците повторно биле запрашани да проценат како се вреднуваат самите себе си.

 И повторно – компетентните се процениле реално (дури по малку и се потценувале), а некомпетентните се преценувале.

 Во контекст и една забелешка од редакцијата: Претходнава студија ни дојде како кец на десетка од аспект на некои од коментарите што ги добиваме на некои од нашите статии.


About The Author