// Google analytics code

Старец Калиник Исихаст

Се прослави со најголеми подвизи, просвеление и расудување

 и имаше многу соподвижници и ученици.

 Калиник се смета за голема светилка на исихазмот.

 Ги достигна виссините на созерцанието

  aи со подвигот на умната молитва

беше удостоен со божјо просветление.

Монах Ераст

Царството Божјо насила се зема и само победниците го добиваат и како што кошутата жеднее по водните извори и ги бара за да ја угасне својата жед така и овој свет старец, со право го добил и оправдал своето име (Калиник – добра победа) во борбата за стекнување на Царството Небесно. Целиот неговиот живот бил борба, најпрво со самиот себе и светот, потоа со својата природа и демоните, но победил и заслужено му бил даден венецот на славата кој за нас Господ го подговил.

Старец Калиник или Константин Тиасприс, како што му било мирското име се родил 1853 год. во Атина од познати и богати родители. Бил живо и интелегентно дете проникнато со детска побожност, наследена од неговите родители. Уште како мал многу сакал да чита духовна литература, да оди на Црква и да присуствува на долгите сеноќни бденија од кои црпел неизмерна наслада и храна за своето срце.  И од тогаш се стремел кон духовни созерцанија и искустава, трудејки се се она што ќе прочита или слушне на проповед и да го исполни.  Меѓутоа, неговата Богожелна душа барала уште. Тој неможел да се насити од она што светот можел да му го понуди и знаел дека на друго место постојат простори каде што тој ќе може да ја насити својта душа и пие од чистите извори на Православното искуство во Светиот Дух. Тоа место, според младиот Константин, било Света Гора. Тој се запознал со животот на светогроските старци и исхасти преку книги и слушано и посакал да го следи нивниот пат. Така во 1875 година, шетајќи по Пирејскиот залив донел одлука. Боже мој, ако е Твоја волја да станам светогорски монах, покажи ми лаѓа која што ќе ме однесе таму, била молитвата на младиот ревнител за Бога.

Веднаш отрчал и се распрашувал која лаѓа оди за Атос. Но како минувало времето, а тој неможел да најде ниедана која оди натаму, почнал по малку и да се разочарува. Но Бог сакал да го научи на истрајност во барањето и борбата. За на крајот да му открие една која одела натаму. Го замолил капетанот да го префрли, ветувајќи му дека ќе му помага на бродот, на што тој, после подолго настојување, се согласил.

Лаѓата се движела кон манастирот Иверон. На бродот Костас си го оправдал своето ветување, работејќи вредно и со тоа ги стекнал симпатиите на останатите. Младиот таинствен патник ја побудувал нивната љубопитност, распрашувајки го за целта на неговото патување,  кое тој вешто го избегнувал. Никој и неможел да поверува дека такво младо, симпатично, допадливо, ведро и интелектуално момче со релативно добро образование може да се стреми да го остави овој свет кој многу му„ветувал“ и да замине во еден од свтогорските манастири умирајки за светот предавајки се на послушание и отсекување на својата волја.

Лаѓата патувала бавно и тоа ѓаволот го искористил за да го нападне младиот Костас со помисли и слики за сликовитата Атина, за својот дом, родителите, роднините и пријателите. Си замислувал дека откако неговите родители ќе увидат дека тој заминал, ќе се разочарат и тажат по него. Но тие помисли го притискале се додека не го видел врвот на Атос.  Кога го здогледал, го обзело неизмерно чуство на среќа и воодушевување дека се она што слушал и замислувал за овие манстири и свети Отци ќе може и лично да го запознае. Неговото воодушевување кулминирало кога го здогледал пред себе Иверонскиот манастир. Успеал само искрено да му се заблагодари на капетанот и веднаш поитал да и се поклони на позната чудотворна икона на Пресвета Богородица Вратарка (Портаитиса). Паднал на колена пред неа и се помолил на Мајката Божја да го чува на овој живот што сега го избира. А  Мајката Божја која е заштитница на монасите, а особено на светогорските, не го оставила преку целиот негов живот.

Престојувајки неколку дена во гостинскиот конак на овој манастир, тој се размислувал каде да остане? Во кој манстир или скит? Но како разбрал дека манастирот е со идиоритмички типик, а тој го посакувал и се стремел кон исихастичкиот живот, решил да појде во некој од скитовите. Многумина го советувале да се насочи кон Катунакија во која се подвизувале неколкумина големи духовни горазди. Катунакија е карпеста област каде што се подвизувале најизджливите подвижници и ако Света Гора се замисли како еден храм, тогаш Катунакија, според нејизината светост, би била олтарот на тој храм. Таму тој го пронашол старецот  Даниил.

Старец  Даниил најпрво бил игумен на манастирот Григоријат на Света Гора кој подоцна пројавувајќи поголема ревност кон осаменичкиот и исихастички живот заминал во суровите предели на Катунакија. Старецот со свој тежок труд подигнал една малечка црквичка посветена на светиот Герасим Нов и уште две простории и остатокот од  животот го предал на исихастичкиот подвиг во трезвеноумието и непрестајната умносрдечна молива. Се издигнал како големо светило и искусен учител во молитвата и кон себе привлекувал голем број млади души кои сакале да зачекорат по тешките но благословени патеки на Исихазмот.  Една таква душа бил и Костас. Старец Даниил него несакал веднаш да го прими затоа што добро ја познавал тешкотијата  на тој живот и неможел да поверува дека едно разгалено момче со Атинско воспитание ќе може да го понесе тој крст. Но по долги настојувања,сепак го примил.Само ме испробајте, старче, и ако не бидете задоволни, истерајте ме. Му викал на Старецот. Па дури и откако го примил, старецот се молел на Бога да го просветли и му покаже дали овој младич ќе може да го понесе тешкиот товар на крстот на пустинскиот живот. На крај, дефинитивно одлучил да го прифати како духовен раководител и заштитник.

Аскетскито живот во пустината не ни најмалку лесен, заради тоа и стрец Даниил несакал веднаш да го прими младиот Костас, но откако се убедил во неговата истрајност и цврста желба и реченост го примил. Коста, дете мое, ние имаме само еден оброк дневно, па и тој е  подготвен без масло. Масло користиме само во Саботите, Неделите и празничните деништа. Поголемото време од ноќта го поминуваме во  молитва. Малку спиеме, а во тек на денот се занимаваме со ракоделие за да си го заработиме својот леб.  Му укажувал Старецот.

Нека е благословено, стерче. Јас поправо и копнеам за таков живот. Ако сакав да живеам поинаку ќе избрав киновија или скит.*  Смело и решително одговарал тој.

Коста, овде немаме изворска вода. Водата која ја складираме во цистерните мора грижливо да се користи. Во овие карпи не постојат градини, така да не вкусуваме ниту овошје , ниту зеленчук. Се храниме со диви билки и маслинки, понекогаш јадеме грав или смокви или пак нешто што може да се најде во Продавницата во Дафни**. Наместо свеж леб, јадиме двопек. Продолжувал да го испитува Старецот, додека пак, Костас  внимателно гледајки го во очи продолжувал да го слуша својот избран Стерец.

Овде, Коста, немаме ни млеко, ни сирење, а ниту ни јајца. Дури ни на Велигден ненаме црвено јајце за да го изедиме, зашто и тоа едно, што го добиваме, го чуваме преку текот на целата година за да можеме да го гледаме и се сеќаваме на празникот. Но Костс бил непоколеблив и цврсто решен да го земе на себе јаремот а подвижничкиот живот.

И уште, една од тешкотиите на овој живот  била и неможноста од капење. Требало да се заборави капењето и перањето како еден вид на екстремно лишавање и откажување од овој свет, според зборовите Павлови. Ако умираме за Господа умираме, ако живееме за Господа живееме. Живееме ли умираме, Господови сме (Рим. 14.8) и  Не сакајте го светот, ниту она што е во светот. Ако некој го сака светот, љубовта од Бога Отецот не е во него,  зашто сè што е во светот: – похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот, не е од Отецот, туку од светот. А светот поминува и неговата похот, а кој ја извршува Божјата волја останува довека. (I св.Јован.2,15-17)

 

Испосницата свети Герасим се наоѓала на стрмните монолитни карпи веднаш над површината на морето и за време на бура големите бранови силно ударале во карпите и создавале голема бучава. Над нив, пак се издигале високо стрмни карпи кои заедно со расфрланите испосници на подвижниците наличувале на пчеларник во кои, како што пчелите девствено и вредно го собирале слаткиот мед и се насладувале, така и тие величествени свети страци го собирале и се наслеадувале од медот на Божестевната градина. Меѓу попознатите биле Даниил, Герасим и отец Игнатиј, сите прославени по своите доблести,  мудрост и наjстрог аскетизам.Околу испосницата се наоѓала една јама до која се спуштале неколку степеници кои воделе под земјата во една пространа пештера која сведочи за некогашен аскетирон во кој се подвизувале светогорците. Кога пак ќе ги подигнеме очите нагоре ќе го здогледаме величестевнит врв на Атос на кој се наоѓа мала црквичка на Преображението и голем крст. Овој впечатлив врв, широката панорама на Егејското Море, острите карпи, рашртканите испосници и суровите шумски области, создаваат клима преисполнета со таинственост и надземска величина која ја надоградува една  апсолутна тишина, каква што со ништо надворешно неможе да ја наруши.

Младиот и неисплашлив Костас, подоцно отец Калиник, не се исплашил од суровиот и страшен предел на Катунакија, воодушевен од сета таинственост и физички многу издржлив, можел да ги прифати и најтешките работи и ни најмалку неплашејки се од нив. Неговата огрома енергија ја покажал уште од првите денови кога забележал дека грубиот и нерамен терен му создава неволји на неговиот старец кога сакал да појде некаде па побарал благослов да го среди тоа. Разговорот: „Благослови Старче? Нека е благословено!“ бил доволен за да се заврши работата.

Послушникот Константин се покажал како вистински пустински борец и победник, заради кое и неговиот старец подоцна го пострижал за монах и му го дал името Калиник (Добра победа). Меѓутоа борбата ни најмалку не била лесна и наивна. Вечниот непријател на човечкиот род не дреме и постојано смислува како да го турне човекот, а посебно ако тој е монах  и подвиж. Тешкотиите, слабостите, жалостите и телесната изнемоштеност не прекинувале кај о.Калиник. Телесниот пост каков што тие го практикувале, навистина може да се нарече изгладнување и истоштување на телото ѓаволот го користил за во главата на новиот испосник создава живи слики на богати трпези ако би го напушти испосничкиот подвиг (живот). Станувањето во доцните ноќни часови, повеќечасовната исусова молитва, сеноќните бденија, стоењата…предизвикувале во неговото тело и потоплна парализираност на неговите сили и издржливост. Подвигот на некапење, за едно богато и префинето воспитано атинско момче, бил и незамислив. И милион и едно демонско искушение и исто толку прашања, немирни помисли, напади на фантазии и мечтаења, соблазнителни предлози го напаѓале но добриот борец никогаш не отстапува за да и исто толку победи извојува. Со бодра и борбена вера о.Калиник одважно се соочил со сите тие искушенија и се чуствувал почестен и среќен дека тој, во тие години се удостоли да стапи во пустинската арена.

Меѓутоа тој никогаш не бил сам. Будното око на неговиот свет старец, татковски постојано го набљудувало. Во сите негови искушенија тој се наоѓал навреме да му помогне, да го подржи и закрили, охрабри и му даде сила да издржи во подвигот. За добриот, смирен и послушн монах е доволен само еден збор или еден поглед од и кон старецот не само да исчезнат искушенијата туку и да се разбуди во нас еден вулкан од сила. Старецот никогаш не му допуштал да се оддалечи повеќе од областа на неговата испосница, за да неговите мисли можат полесно да се врзат  и заковат за зборовите на исусовата молитва и непрестајното бдеење над своето срце. Ова затвореништво и потполно отсекување од секаква земна утеха и светот, во младиот подвижни често допринесувало да се појави униние*** во вид на тешка потиштеност која го поматувало неговото срце.

Кога свети Антониј во четвртиот век се повекол во пустината, му се молел на Бога да му открие како да прави за да се спаси. Тогаш здогледал човек сличен на него како седи и работи, а потоа станува да се моли и пак така. На тоа Господ му рекол: И ти прави така и ќе се спасеш. Господ на монасите и подвижниците им го дал и телесниот руд, ракоделието, како неотугив дел од нивниот живот кој најмногу помага во борбата со унинието, а воедно и да заработат нешто за своја прехрана и одржување на манстирот. Затоа и старец  Даниил, кој се занимавал со дрворезбарство и своето духовно чедо го научил на овој занает, а тој заради својата искрена послушност, грижливоста и вештина многу брзо ја совладал оваа уметност и создавал многу убави лажички, чешли, ножеви за хартија, крстиња, печати за просфора па дури и значајни уметнички дела, како што се ликовите на светителите и изобразување на настаните од животот на нашиот Господ Исус Христос и крстови за благословување со изобразување на сликите од Христовото страдание. И до ден денес некои од неговите дрворезбарски дела изработени со зачудувачка вештина дела се сочувани.

Доброто однесување на својот искушеник, му дало за право на старец Даниил без двоумење да го потсриже**** за монах со име Калиник кое би го окарактерирало неговиот карактер и подвижнички етос. Тој предчуствувајки го своето бргу заминување од овој свет со задоволство и без страв посакал да му го пренесе и сето свое богато искуство во непрестајната благодатна умносрдечна молитва. Тој исихастички пламен кој гори во срцата на подвижниците уште од Пречистата и Преблагословената Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, пренесуван од генерација на генерација го разгорело срцето и на благословениот старец  Даниил кој сега пред смртта несакал тоа да умре со него, а да не му о пренесе и некому друг во наслетсво. Со таинствена стрпливост, одлучил и сакал да му го пренесе и на своето духовно чедо кое се покажало во смирението и послушанието што е добра основа на тој себлажен подвиг.

Од  самиот почеток,  кога бил поучуван во таинствата на умната молитва и созерцатилниот живот Отец Калиник, чуствувал треска, каква што имале присутните на денот на Подестеницата. За да започне со таа молитва тој морал најпро да се совлада самиот себе, самиот себа да се погледа дирекно во очи и без колебање и страв да се фати во коштец со себе и сите демонски напади и да го очисти своето срце дури и од секоја прашинка и сенка на  нечистите страсти и само на тој начин ќе може да ја почуствува неописливата тишина во срцето и таму да го спушти својот просветлен ум во исчистеното срце и од таму да го слуша она неизглаголиво Авва Оче, да ја гледа несоздадената светлина на Тавор, да го чуствува она што светите апостоли Петар, Јаков и Јован го чуствувале на Тавор и да го гледа и му се открива она што свети апостол Павле го почуствувал во бескарјниот шир на третото небо.

Откако му го предал непоценливото наследство на исихастичките свети Отци, преподобниот старец Даниил, можел спокојно да легне и ја предаде својата душа во рацете на Оној кого го љубеше. Старец  Даниил починал во 1881 година.

Душата на отец Калиник чуствувала тага и бол по бесценетиот свој духовен Отец, кој за него бил нерасклатен столб, тивко пристаниште и неисрпна духовна банка од која во секое време, а посебно во моментите на искушение и тешкотија,  можел да подигне духовен капитал кој ќе му помагал во духовната борбата. Од тогаш, како сираче, тој се морал сам.

По упокојувањето на неговиот свет старец тој го завзел неговото место. Како верно чедо на својот стерец и од љубов кон него сакал сето она богатство, кое тој му го оставил, да го запази, умножи и па да  го преумножи. Тој и понатаму строго се држел до секој збор од поуките и типикот на неговиот старец.  Целта на о.Калиник била да ги сочува поуките на својот блажен старец како зеница во окото и да ги оправда сите надежи кои неговиот старец ги полагал во него. И навистина, благодарејки на својата голема борбеност, се покажа како вистински наследник на ова духовно предание. Подвижништвото, постот, молитвата, тихувањето, хармонијата на мислите… кај него, се било подредено систематски со карактеристична расудливост. Старец Калиник многу сакал да чита, та врз наследството од неговиот старец тој ги накалемил и поуките од списите на Светите Отци. Негови „соподвижници“ станале светите Исихиј Презвите, Исаак Сирин, Григориј Палама… Многу го сакал Добротољубието и никогаш не се задоволувал додека не ги искусил истите плодови како и нив. Заради својата остоумност, смирение и просветленост на умот можел длабоко да проникне во тајните на Светото Писмо и Светите Отци.

Покрај читањето, старец Калник неограничено ја сакал тишината на осамеништвото. Од еден негов пример ќе можеме да видиме колку го сакал тоа. Понекогаш, заради најразлични причини, Отците морале да одат до Дафни. Вообичаено било до таму да се оди со чамец. Но бидејки, најчесто во чамците се собирале по повеќе луѓе, а може меѓу нив да се најде и по некој зборлест, отец Калиник избрал една друга маршута како да стигне до Дафни. И покрај далечината и тешкотијата, тој избрал да оди пешки. Патот траел цели осум часа низ тешко преодните патеки на Света Гора. Маката и тешкотијата не ја чуствувал, но чуствувал само голема радост дека може постојано да биде со Бога. Воодушувајки се на Божиот перфекционизам во творението и насладувајки се во умната молитва.

Во 1885 година , старец Калиник одлучил да си даде на себе еден многу тежок подвиг, а тоа е подвигот на затвореништвото. Возљубувајки ја исихијата (молитвеното тихување) до крај, тој решил да ја загради својата ќелија со едно мало дворче и повеќе да не излегува никаде и до крајот на својот живот да живее во затвореништо. За првпат после тоа излегол после 45 години кога се упокоил. Па дури и тогаш, местото го напуштоло само неговата душа, а телото останало верно да почива во местото на подвизување.

Љубовта, милозливоста, благоста, скромностa и воздржливоста, билe негови лична карактеристика. Тој покрај тоа што се воздржувал од  секакво зборување, а особено за световното и суетно, се воздржувал и од телесните потреби  и храната. Никогаш не се распрашувал за светот и световните работи и никогаш не говорел за себе. Според зборовите на еден негов послужник никогаш никој не дознал какво минато имал овој човек. Дали имал родители, браќа, сестри итн. Тој едноставно, никогаш не спомнувал за тие работи. Подвигот на немиењето го издржал до крај, дури и еднаш кога се случило пишувајки да заспие во ќелијата, керозинската ламба, почнала толку да чади што ја зачадила целата просторија се додека чадот не го привлекло вниманието на неговите ученици. Кога ја отвориле врата, толку било зачадено што дури и лицето неможеле да му го видат. Веднаш поитале да му донесат вода за да го измијат. Но тој веднаш ги сопрел, си го забришал лицето со раката и рекол: негрижете се, ќе се измие со пот и солзи. Знаејки го големото значање на воздржанието, според зборовите на св. Јован Лествичник: исушеното тело не и допушта на демоните да почиваат во него и  силен е духот преку Светиот Дух, тој и неговото братство било нендминливо и во телесното воздржание. Една мера масло било сосем доволно за преку цела една година. Колкаво е тоа нивно воздржување, ќе замислиме и кога ќе имаме во предвид дека од таа количина ги полнеле и своите кандилца во Црквата. Во сабота и недела, кога според правилото на Православна Црква, се забранува строг пост и мора да се употребува и масло, тој ќе нацрпел од маслото едно тенко садче и ќе го истурел во приготвеното посно јадење. Тоа било толку малку, што и скоро не се забележувало. За време на великиот пост практикувал потполн пост, а понекогаш поминувал и до дваесет дена без јадење и пиење.  Во градината имале и мало лозјенце кое секоја година давало околу стотина убави бели гроздови, но никогаш немал вкусено од него, а исто не и дозволувал и на своите послушници. За да се научат на воздржание. Избегнувал секаква суета, никогаш не дозволувал да го фотографираат, само еднаш, за наша среќа, еден посетител, успеал тајно да го слика и никогаш не прифатил да стане свештеник знаејки ја возвишеноста и одговорноста на свештеничкиот чин.

Не прифатил свештенички чин, но Бог го удостоил со духовнички чин. Тој наскоро постанува и духовен отец. Да се стане искушеник кај стрец Калиник не било лесно. Пред некој да прими како искушеник тој темелно го испитувал дали може да ја истрпи сета тежина на нивниот живот, зашто тој строго се држел до правилото на својот духовен Отец, дури и го надминал во тоа. Можел да има многу искушеници, но заради тоа со него останале неколкумина.

Старецот малку говорел, но бил прецизен и строг во своите барања и заповеди. Секој кој дословно не го исполнувал неговото послушание неможел подолго да остане кај него. Ако некој од послушниците вредно не си ги исполнувал послушанието, старецот знаел да му каже: Стани и оди. Не сакам да грешам заради твојата непослушност.А ако некого трпел за подолго време, тоа тој во него го прочитал идното поправање. Неговиот однос кон искушениците бил синовски со голема љубов и внимателност. Секој ден, по два часа од денот тој им посветувал внимание, исповедајки ги во својата ќелија и духовно раководејки ги. Исповедајки ги своите недоумици, искушенија и борба со страстите и помислите, старецот ги поучувал и во нивниот сакан подвиг на усовршување и умносрдечната исусова молитва. Разговорите со послушниците биле строго монашки и духовни. Никогаш не разговарале на други теми, спомени од минатото или зборови изговорени само за да би поминало времето.

Отец Неофит и отец Даниил, двајцата негови послушници, а подна и отец Герасим, кој во световниот живот бил многу познат аристократ и хемиски научник, ценејки ја неговата љубов и грижа за да ги води по патот на духовното усовршување и непрестајната умносрдечна молитва, целосно се грижеле за сите практични рабити поврзани за нивната испосница. Се грижеле околу посетителите и сето друго само за да му овозможат насоодветни услови за непречено молитвено тихување. Зашто секое, па и најмалото нарушување на тихувањето, со било каква грижа за земното преставува пречка на патот на исихастичкото созерцание. Заради тоа преподобниот отец Калиник се погрижил да живее во потполно запоставување на земното и непоматноста на умот. Неговото откажување од светот и себе било крајно што откако се повлекол во доброволно затвореништво престанал да работи каква и да е било телесна работа постанувајки уште сега на земјата сличен на ангелите дури и наредил на своите послушници да ги изгорат сите негови преписки, честитки, пофалници кои му ги упатиле некои познати личности, меѓу кои и царот Руски.

Кога ќе се спуштела ноќта на јасното светогорско небо над егејот, според правилото, старецот ќе започнал со практикување на умносрдечната исусова молитва се до полноќ, кога неговите ученици ќе се разбуделе за полуноќницата. Тогаш тој ќе одморел неколку часа до изгрејсонце. Се причестувал секоја недела. А кога кога еден од неговите послушници, о.Даниил,  станал Јеромонах тогаш имале и секојдневна Литургија и се прочестувале на секоја Литургија.

Послушанието, одрекувањео од својата волја и опитниот духовен Отец ги сметал за основни услови за практикување и напредок во умната молитва. Без овие три услови човек може лесно да падне во прелест. Од книга никој неможе да се научи на молитвата, потребна е жива пракса и живо слово на искусен учител. Умната молитва е напредување, дар Божји на оние кои успеале во делатениот подвиг на послушанието. Никогаш не ги поучувал оние кои не покажувале елементарно послушание и биле своеволни. Тврдел дека оние кои живеат во светот неможат да напредуват во умната молитва. Секој можел да се моли со зборови,  Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот, номолитвата на зборови е едно, а умносрдечнат молитва е сосем друго. Првата молитва е основно училиште, а другата универзитет.

Една потресна случка го покажува неговиот углед и авторите меѓу монасите на Света Гора. Слепиот старец Леонтиј, кој имал преку 70 години, слушнал за него и покрај својата слепост исполнет со силна желба посакал да го посети се поучи од неговите искуста во молитвата. На пат тргнал заедно со својот послушник Даниил. Патот бил многу нерамен и стрмен и заради тоа било потребно да помине цел ден во патување. Кога дошол пред ќелијата на старецот паднал и почнал обилно да крвари. Старецот најљубезно и со братски целив го примил во својата испосница и му рекол: кравта што ја проливте, оче Леонтиј, ќе се смета како мачеништво, зашто заради љубов кон Христос и зборовите кои водат кон спасението претпевте таква неволја.

Старец Калиник со неговото познавањето на рускиот јазик, кој доброволно го научил, и  преку личниот опит во искуството во Исусовата молитва, успел да препознае едно многу скриено и суптилно погрешно учење за исихазмот кај руските монаси. Ереста се појавила во 1913 и се нарекувала ономатролатрија т.е. поклонуваење на името. Тие преку некои погрешни делови од книгата на монахот Иларион кој го толкувал подвижничкиот живот на кавказските монаси како што сликовито го искажал тоа Старецот се поклонувале на капата, а отфлајки ја главата. Ереста почнала да создава раздор меѓу руските монаси и преставувала вистинска опасност со поголемни размери. Старец Калиник ја забележал ерста и за тоа, преку непобедливи аргументи ја покажал неразумноста и невтемеливост на ставовите на именопоклониците и писмено ги известил синодот на вселенскат патријаршија и московскиот патријарх. Сите еднодушно ја прифатиле неговта одбрана и заради тоа Рускиот цар и московскиот патријарх искрено му се заблагодариле и го одликувале со ордени. Сите кои ја прифатиле таа ерес ја напуштиле Света Гора и биле пренесени на Кавказ, а тоа биле 12.000 руски монаси.

 

Старец Калиник бил како огнен столб кој се издигал од земјата до небото или како светилник на пристаниште кој му го просветлува и покажува патот на морепловците во морето од овој свет.Тој едноставно зрачел со неговата појава. Неговиот благ карактер, смирението и простодушност лесно можеле да се уочат уште на прв поглед. Бил „Човек со ретка љубов и љубезност“. Неретко луѓето кога ќе го виделе останувале воодушевени од неговото блажено лице, а особено ако би го нашле после неговите долготрајната непрестајни умносрдечни молитви. Таворската светлина, која ја гладале апостолите, истата можеле и тие да ја видат на лицето на Старецот. Кај оние подвижници кои ги  поминале сите три степени од  духовниот раст и дошле до степен на обожување, благодатта Божја ги просветлувала и нивните тела и се пројавувала во светлина видлива и за човечкото око. Еднаш кога тој бил затворен во својата ќелија и ја практикувал умносредечната молитва неговиот ученик затропал на вратата и кога тој после некое време го отворил малото прозорче му рекол: Што сакаш, благословен? Зошто ме прекина? Кога самиот би знаел каде бев! Кога би знаел каква е таа светлина…  Во друга прилика старецот Григориј од  скитот на света Ана сакајки да се советува со просветлениот Старец, зашто знаел дека само тој може да му ги реши дилемите на неговите прашања, после три дена чекање на старецот да заврши со неговата молитвата го видел и влегол во неговата ќелија но тоа што го видел и почуствувал со големо воодушевување го памтил и расажувал: Да видовта само како блскаше  лицето на старец Калиник? Како зрачеше! Ке помислевте дека го гледате Мојсеј како слегува од Синајската гора. Какво блескање! Каква небесна светлиа! Во една прилика на еден од неговите искушеници му било дадено послушание да оди во Големата Лавра, која е оддалечена три часа одење и да служи таму. Тој пошол, но заради тежината од патот, невнимавајки над своите помисли, допуштил да му влезат нечисти помисли и се разгневил. Кога се вратил, отишол до ќелијата на старецот за да му се пожали, но кога го видел неговото лице озарено од светлината на божественотата благодат, исполнето со љубов и небесна радост занемел и во солзи си рекол: несрекнику, Старецот работи на твоето спасение со посредство на се што ти го заповеда, а ти се гневиш? И уште многу други примери кога  не само во срцето и лицето на старецот се гледала и чуствувала таа благодат, туку истата тој им ја пренесувал и на соговорниците. Поттикнуван од љубовта кон ближниот, знаел и да го напушти своето многувозљубено тихување за духовно да ги напои душичките на сите оние кои ги барале неговите богопросветлени совети. Преку искуството од духовните борби, непрестајната комуникација и заедничарење со Бога преку благодатната умносрдечната молитва, чистотата на неговиот живот и личната жртва, како и неговата природна проникливост и остроумност го издигнале преподобниот Старец  до толкав степен на расудливост што умеел да продре и до најдлабоките и најскриените места на човековото срце и да ги разреши и најсложените и комлицирани демонски сплетки.

Заради таа неговата расудливост за него надалеку се расчуло. Кај него доаѓале старци, пустиници, монаси, искушеници од сета Света Гора и мирјани од најрзлична професија и националност; адвокати,  војници, полицајци, Грци, Руси и многу други. Покрај многуте посети, старец Калиник, примал и многубројни писма во кои луѓето барале најразлични совети и утехи за своите маки и проблеми.

Често за поблиску да им го изложи и повпечатливо да им го втисне одговрот во нив, знаел да употребува случки со сличен карактер.

Еден момах измачуван од душевен немир и нападнат од искушенија и жалости , дошол ка о. Калиник да побара совета, а овој му рекол:

Слушај, дете мое. Земија оваа кофа и наполни ја со вода. Кога ќе го направиш тоа, земи кал и фрли го внатре и измешај го со водата.

Монахот направил така како што му било речено.

Гледаш ли сега нешто во водата? Го прашал Стрецот.

Не, Старче, водата е матна.

По некое време му рекол пак да погледне во водата.

Сега веќе постанува побистра. Забележал монахот.

А по некое време монахот радосно извикал: Водата стана совршено чиста. На дното лесно може да се види ситен песок.

На крајот Старецот му реол:

Нешто слично се случува и со тебе. Во овој момент, твојот ум е заматен, слично на заматената вода. Меѓутоа, ти не очајававај. После два-три месеца немирот и непријатностите ќе се сталожат и ќе видеш колку појасно и поиспавно ќе размислуваш!

А кога на монасите сакал да им укаже на погубноста од немарноста кон самите себе, им кажувал: Акробатот се движе по јажето поставено над страшна провалија. Доколку биде немарен, ќе загине со страшна смрт. На ист начинстрада и монахот кој не бдее над самиот себе.

Еднаш го прашале: Старче, замислите дека на двајца искушеници им било дадено исто правило и дека и двајцата го извршиле. Едиствена разлика била во тоа што едниот го извршил со радост, а другиот со мрморење и противење. Каква плата ќе имаат тие? Старецот и одговорил: Во овој случај и двајцата направиле исто работа, а разликата е во тоа што огорчениот многу повеќе се уморил отколку оној првиот. Но сепак, како награда, тој ќе добие зарѓавено париче, а оној дригиот златен дукат. Во друга прилика уште рекол „ кога човек навистина се труди да ги изврши заповестите Божји, тогаш Бог на секој празничен ден му дава духовни дарови. Тоа се случува и во војската кога официрите, во посебни прилики  им даваат пари, дарови или отсутво на добрите војници.

 Многу сум расеан, Оче, му рекол послушникот. Кажувај ја молитвата (Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот)  и тогаш демононот кој предизвикува расеаност ќе отстап.

Во друга прилика велел: Најпрво бара очистување од страстите и дури тогаш можеш да напредуваш во пустинскиот живот. Садот кој не е потполно исчистен неможе да прими миро.

Уште говорил: Оној кој е смирен и благодарен за се може да се удостои со светителски венец. Тој, на пр. Кога на трпезата ќе затекне грав. Целиот среќен,ќе рече: „Што убаво, ќе јадам грав“. Оној пак, кој за се се жали барајќи удобност и својата волја, сигурно нема да се удостои да влезе во златен ковчег.

Светињата на телесната чистота ја почитувал многи и затоа советувал: Мораме да се грижиме да станеме чисти од плотската (телесната) нечистотија. Оној кој падне во телесен грев, ќе почуствува дек Бог се одвратил од него. Оној кој направил големо злосторство, па дури и убиство, има одважност да оди во црква и запали кандило. Оној, пак, кој го осквернил своето тело, нема одважност да се поклони пред иконата.

Секогаш бил за разумна ревност, се во соето време а никогаш не благословувал  претераност или пренаглување во подвигот. На некој монахиња преку писма ја испокритикувал за претераниот пост што го практикувал и пишувал: Тоа е од искушувачот, треба да ја следиш средната и кралската патека.

 

 

На чистите по срце Бог им говори на таинствен начин и им дава да ги распознават не само сегашните туку и идните настани. Тоа се случувало и со старц Калиик кој исто како и сите светители бил удостоен со дарот на прозорливоста.

 

 

Во јули 1930 Старецот се разболел. Болеста го потсетила на неговиот старец Даниил, забележувајки дека се разболел од истата болест. Неговиот старец боледувал 15 дена, додека неговата болест потрајала дури 40 дена. Поминал цел месец Јули и почнал Август. Дошол и празникот на Преображението Господово кој е многу значаен празник за секој исихаст. Овој свет ден бил претпоследен кој подвижникот Калиник го помнинал во овоземниот живот. Бил во најдлабока духовна восхит, било сигурно дека неговото овоземно преселување дошло. Имал видение на хорот од свети монаси кои се подготвувале да го пречекат. Поттикнат од ова видение им рекол на своите послушници: Одете, деца мои, и погответе ја црквата зашто ќе дојдат преподобните Отци. Неговата радост била неопислива. Тие светители кои ги сакал многу и кои биле негови подвижнички примери не го заборавиле ни во последните моменти од овоземниот живот на смрттните часови. На 10 мин пред моментот да се упокои, со ипружени раце, восхитено ги гледај прославувањето на светителите кои го поздравувале неговото влегување во Небесната татаковина. Ти благодарам Боже, зашто иако ништо не направив во животот умирам како Православен, прошепотил. После тие зборови, ги затворил очите и исплнет со блаженство го предал својот дух на Бога, потполно откажувајки се од се земно и материјално и се преселил во небесната татковина на Царствот Божјо.

После неколку години, по повод, преносот на неговите земни остатотци, забележано е дека на нив се наоѓа оној сладок жолтеникав отсјај каков што имале и моштите на светителите.

 

 

 

*Киновија е монашки живот во заедница, (манастир) ; скит е монашки живот во помала заедница

 

** Дафни е пристаниште на Атонскиот полуосров каде што монасите можат да купат или продадат нешто за себе

 

*** униние е еден вид на депресија која се јавува како отсуство на волја за спасението на душата и нечуствителност кон доброто.

 

**** чин кога се постанува монах, замонашување.

 


About The Author