// Google analytics code

Невозможно е, за послушникот кој смирено му угодува на духовниот отец, да претрпи неуспех во духовниот живот – Старец Ефрем од Аризона

Невозможно  е,  за  послушникот  кој  смирено  му  угодува  на  духовниот  отец,  да претрпи неуспех во духовниот живот. И со тоа, уште повеќе е невозможно тој да не го стекне Царството Божјо. Тоа не може да биде поради природата на нештата. Кога се вели

„невозможно по природа на нештата“, тоа значи „точно на илјада проценти“. Кога послушникот се советува со Старецот и се грижи да ги исполни на дело неговите совети, невозможно е да претрпи неуспех, да не придобие благодат Божја.

 

Гледаме, како свети Симеон Нов Богослов, благодарение на неговото совршено послушание, извршено со вера и со животворната сила на смирението, успеа не само едноставно да вкуси малку од благодатта Божја, но на него, како што се кажува, му се даде полна чаша благодат од Светиот Дух. И тој стана, тоа што стана, и би прославен од нашата Црква, како Нов Богослов, односно како оној кој примил богословие одгоре, непосредно од благодатта  на Светиот Дух.  Тој  се  научил  богословие не на клупа,  но трудејќи се во послушанието и преданоста кон духовниот отец.


About The Author