// Google analytics code

Ако си решен да ја оставиш својата сопствена волја и да ја следиш волјата Божја старец Никодим

Ако си решен да ја оставиш својата сопствена волја и да ја следиш волјата Божја, тогаш од самиот почеток биди подготвен на тешка борба. Во твојата внатрешност ќе се подигнат безбројни желби. Секоја од твоите сили ќе постави барање, не водејќи сметка за Божјата волја. Заради твојата цел, ќе мораш да ги скротиш сите твои страсни желби, секогаш да се спротивставуваш на сè што е лошо и да се принудуваш на добро; постојано да се бориш против себе и против сè друго што ги поддржува твоето самоволие, твоите желби и барања. Ваквата борба со непријателот во твојата сопствена внатрешност е најтешка од сите. Мора да научиш како да започнеш борба против злото во своето срце, да му пружиш отпор на демонот преку многу твои победи и порази, и во духот да тежнееш кон Бога. Затоа победата и умртвувањето на твојата самоволна алчност е најпрекрасна од сите победи.
† старец Никодим

About The Author