// Google analytics code

Чудо во црквата на свети Димитриј во Скопје (09.04.2012)

| April 13, 2012

    Во црквата на свети Димитриј, вчера, на празникот на Влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим (Цветници), се случи настан, којшто ја затрепери секоја човечка душа, верна и неверна, православна или не, којшто видливо ни го покажа Неговото присуство и којшто предизвика многу радосни солзи, покајание и благодарност заради Неговата милост…

Цветници

| April 9, 2012

Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител. Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту […]

Благовештение

| April 8, 2012

Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето – значи кога стапи во петнаесеттата година од животот – свештениците ѝ соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо изненадување за […]

За добрата волја – Од животот на св. Макариј

| April 5, 2012

Еднаш додека преподобниот Му се молеше на Бога, му дојде  глас кој му велеше: „Макариј сé уште не си ја достигнал висината на двете жени кои живеат во блискиот град“. Кога го слушнал тоа, старецото го зеде својот стап и отиде во споменатиот град. Откако го најде нивниот дом, тропна на вратата и веднаш излезе […]

Недела крстопоклона: Синаксар

| March 23, 2012

На крстот сета земја нека му се поклонува,  Преку него таа научи да Ти се поклонува Тебе, Слове. Во оваа трета недела од постот, празнуваме поклонување на чесниот и живототворен Крст од овие причини: бидејќи за време на четириесетдневниот пост на некој начин и ние се распнуваме, умртвувани од страстите, паѓајќи во униние имаме чувство […]