// Google analytics code

За добрата волја – Од животот на св. Макариј

Еднаш додека преподобниот Му се молеше на Бога, му дојде  глас кој му велеше: „Макариј сé уште не си ја достигнал висината на двете жени кои живеат во блискиот град“. Кога го слушнал тоа, старецото го зеде својот стап и отиде во споменатиот град. Откако го најде нивниот дом, тропна на вратата и веднаш излезе едната од нив и го прими со голема радост. Тој ги повика и двете, и им се обрати вака:

–          Поради вас толкав пат поминав: дојдов од далечната пустина за да ги дознаам вашите дела. Кажете ми ги без да сокривате нешто. А жените му одговорија на старецот:

–          Верувај ни, свети оче, дека и минатата ноќ не бевме слободни во постелата од нашите мажи. Какви дела тогаш бараш од нас? А старецот настојуваше  и ги молеше да му го откријат начинот на својот живот. Тогаш тие му рекоа:

–          Ние сме роднини зашто сме омажени за двајца браќа; и додека живееме заедно во еден дом веќе петнаесет години, ние си немаме кажано една на друга ниту еден лош збор, нити сме се скарале. И сé до сега живееме во светот. Се бевме договориле да ги оставиме нашите мажи и да отидме меѓу светите деви кои му служат на Бога, но не можевне да ги измолиме нашите сопрузи да не пуштат, иако со солзи ги молевне. Бидејќи не ни се исполни таа желба, ние се заветувавме пред Бога и меѓу себе, сé до смртта да не кажеме ниту еден световен збор. Кога го слушна тоа, свети Макариј рече:

–          НАВИСТИНА БОГ НЕ БАРА НИТУ ДЕВИ, НИТУ ОМАЖЕНИ, НИТУ МОНАСИ, НИТУ МИРЈАНИ, ТУКУ ДОБРА ВОЛЈА И НЕА ЈА ПРИМА КАКО САМОТО ДЕЛО, И НА СЕКОГО ПО НЕГОВАТА ВОЛЈА МУ ГО ДАВА СВЕТИОТ ДУХ, КОЈ ДЕЈСТВУВА И ГО РАКОВОДИ ВО ЖИВОТОТ НА СЕКОЈ КОЈ САКА ДА СЕ СПАСИ.


About The Author