// Google analytics code

СИТЕ ГО ПОДАРУВААТ ОНА ШТО ГО ИМАТ ВО СРЦЕТО!

| April 2, 2013

Еден ден, еден сиромашен човек одел од врата на врата и барал помош. Поѕвонел на една убава куќа, а богатиот домаќин се мислел што да му даде и на крај му дал корпа полна со ѓубре. Сиромавиот со насмевка и благодарност ја зел корпата и заминал.

За велигденскиот пост – Игумен Гаврил

| March 17, 2013

Велигденскиот пост е најдолгиот и најстрогиот пост од сите повеќедневни пости. Тој е востановен по повод Христовото воскресение и за наше подостојно дочекување на споменот на Неговото Воскресение.  За наше сочуствување и соучестување во тиe спасителни настани.

Неделата и седмица месопустна (на страшниот Суд)

| March 12, 2013

На Великиот пост му претходат неколку подготвителни недели и седмици. Поредокот на службите во подготвителните недели и самиот Велики Пост е изложен во Посниот Триод. Тој започнува со неделата за митарот и фарисејот, и завршува на Велика Сабота, вклучувајќи во себе 70-дневен период. На Светата Четириесетница ѝ преходат Неделата на митарот и фарисејот, Неделата на […]

Поуки од светите Отци

| March 9, 2013

Еден монах, којшто живееше со други браќа, го праша ава Висарион: – Што да правам? А старецот му одговори: – Молчи (моли се), и не споредувај се со другите.

Поука на денот

| March 8, 2013

Доброто не е добро, ако не е направено на добар начин! ~св. Иринеј Лионски~