// Google analytics code

Неделата и седмица месопустна (на страшниот Суд)

На Великиот пост му претходат неколку подготвителни недели и седмици. Поредокот на службите во подготвителните недели и самиот Велики Пост е изложен во Посниот Триод. Тој започнува со неделата за митарот и фарисејот, и завршува на Велика Сабота, вклучувајќи во себе 70-дневен период.

На Светата Четириесетница ѝ преходат Неделата на митарот и фарисејот, Неделата на блудниот син, Неделата и седмица месопустна (на страшниот Суд) и Неделата и седмица сиропустна.

Во подготвителните седмици Црквата ги подготвува верните за постот со постепено воведување на воздржанија: по редовната седмица (кога се блажи цела недела, и во среда и петок) се воведува пост во среда и петок; потоа следува повисок степен на подготвително воздржување – не се вкусува месо. Во подготвителните Црковни служби си споменуваме за првите денови на светот и човекот, за блажената состојба на прародителите и нивниот пад, за пришествието (доаѓањето) на Синот Божји на земјата за спасение на човекот, водејќи ги верните кон пост, покајание и духовен подвиг.

Во синаксарот на сирна сабота се говори следното: „Како што војводите, пред војниците построени за бој, ги потсетуваат на некогашните славни борци и за нивната храброст, така што војниците, охрабрени со надежта во победа, со душа и тело влегуваат во борбата, така и сега, богоносните отци постапуваат мудро: пред почетокот на духовниот подвиг, тие ги охрабруваат мажите и жените, земајќи ги за пример оние што воделе аскетски живот, нè водат и нас кон посното борилиште, та и ние да практикуваме многубројни и разновидни добродетели, секој според своите сили. На прво место љубовта, потоа доброволното одрекување од лошите дела и постапки, и најпосле самиот пост, кој не е само воздржување од храна, туку и од лоши зборови, од очите, од гневот и, просто речено, бегање од секое зло.“

Ова подготвување на постот во Четириесетницата е востановено уште во Раната Црква. Така, знаменитите проповедници од четвртиот век, св. Василиј Велики, Јован Златоуст и Кирил Александриски во своите беседи и слова говореле за воздржанието во неделата која му претходи на Великиот Пост. Во седмиот век, преподобните Теодор и Јосиф Студит ја составиле службата за Неделата на блудниот син, месопустна и сиропустна; во деветтиот век митрополитот Никомидиски, Георгиј, го составил и канонот на Неделата на митарот и фарисејот.

Подготвувајќи се за постот и покајанието, Црквата во првата недела преку примерот на митарот и фарисејот си спомнува за смирението, како вистински почеток и основа на покајанието и секоја добродетел, и за гордоста, како главен извор на гревовите кои го осквернуваат човекот, го одделуваат од ближните, го прават богоотстапник, заробувајќи го во гревовна осаменост.

Смирението, како пат кон духовните висови, ни го покажа Самиот Бог Слово, Кој Се смири до немоќната човечка природа – „до обличје на слуга“ (Филипјаните 2,7).

За да ги пробуди покајните чувства и сокрушеноста поради гревовите, Црквата во подготвителните недели на воскресните Утрени, од Неделата на митарот и фарисејот до петтата недела на постот, после Евангелието ги пее „Откако го видовме Воскресението Христово“ и 50-от псалм, пред умилителните стихири: „Дверите на покајанието отвори ми ги, Животодавче“. И уште: „На патот на спасението постави ме, Богородице“, како и „Помислив на мноштвото мои лути помисли, јас покајаниот, и треперам“. Доближувајќи го 70-дневниот триоден период со седумдесетгодишното вавилонско ропство на Израилот, во подготвителните недели Црквата го оплакува духовното ропство на Новиот Израил со пеењето на 136-от псалм: „На реките Вавилонски“.

Во основата на првата стихира – „Дверите на покајанието отвори ми ги“ – сместена е приказната за митарот; во неа се гледа покајното чувство. Во основата на втората песна – „На патот на спасението“ – лежи приказната за блудниот син. Во основата на третата – „На мноштвото мои лути помисли“ – пророштвото за Страшниот суд.

Неделата на блудниот син своето име го добила од евангелската приказна која се чита на тој ден (Лука 15,11-32). Црквата ни го покажува примерот на неисцрпната милост Божја кон секој грешник, кој со искрено покајание се обраќа кон Бога. Ниту еден грев не може да го поколеба човекољубието Божјо. Душата, раскајана и одвратена од гревот, бива проникната од надежта на Бога, та Божјата благодат ја пресретнува, ја љуби, ја украсува и се радува на помирувањето со неа. Црквата продолжува и учи дека полнотата и радоста на животот се состои во благодатниот сојуз со Бога и постојаното заедничарење со Него, а оддалечувањето од тоа заедничаење служи како извор на духовни беди.

Посочувајќи ја основата на вистинското покајание во Неделата на митарот и фарисејот, Црквата ја открива сета сила на покајанието: само преку вистинско смирение и покајание, возможно е проштевање на гревовите. После него, ниту еден грешник не треба да очајува за благодатната помош на нашиот Отец Небесен.

Неделата месопустна се нарекува и Недела на Страшниот суд, според литургиското Евангелие кое се чита тој ден (Матеј 25,31-46). Во месопустната сабота, која се нарекува и Сабота на вселенските родители, Црквата си спомнува за сите упокоени од Адама до денес, кои на Бога Му служеле верно, отци и браќа наши, и за сите наши ближни и роднини, за секој човек. И соодветно, Црквата проси за сите нив добар одговор на Страшниот Суд, и радосно добивање на десната страна од Него, за оние кои се покажале достојни за Царството Негово.

По своето човекољубие, во месопустната сабота Црквата особено се моли за оние кои што се упокоиле и биле погребени без соодветна црковна молитва: кои не ги добиле „востановените псалми и песни за спомен“, оние кои „вода ги покри, бранови ги однесоа, земјотрес ги покри, и убијци ги убија, и оган ги изгори“. Се моли и за оние кои надвор од својот разум ги завршиле своите животи, оние кои ненадејно се упокоиле „од мака и радост ненадејни“, и оние на кои не им се знае крајот.

Мислите за крајот на нашиот живот, при споменувањето на упокоените ги отрезнуваат нашите души, душите на нас кои забораваме на вечноста, а душата ја прилепуваме кон телесните и минливи нешта.

Месопустната недела е посветена на сеќавањето на сеопштиот последен и Страшен суд на живите и мртвите (Матеј 25,31-46). Ова сеќавање е неопходно, за луѓето кои грешат да не се предадат на безгрижност и мрзеливост за своето спасение во надежта на неизреченото милосрдие Божјо. Во стихирите и тропарите на службата за оваа Недела, Црквата ги изобразува последиците од беззакониот живот, кога грешникот ќе застане пред [за него] непријатниот Суд Божји.

Спомнувајќи си за последниот Суд Христов, Црквата истовремено го покажува и вистинскиот смисол на самата надеж на милосрдноста Божја. Бог е милосрден, но Тој е и праведен Судија. Во богослужбените песнопеења Господ Исус Христос се нарекува правосудлив, а Неговиот Суд – праведен и непоткуплив. И закоравените грешници, и оние кои својата надеж ја полагаат на милосрдието Божјо, треба да бидат свесни за духовната одговорност за својата морална состојба, додека Црквата со сета своја служба тој ден се стреми да ги насочи кон осознавање на нивната огревовеност.

На какви дела на покајание и исправување на животот се обрнува особено внимание? Пред сè и воглавно, на делата на љубовта и милосрдието, затоа што Господ ќе го произнесе Својот Суд воглавно по делата на милосрдието, кои притоа биле возможни за секого; секако, неспомнувајќи ги другите добродетели, кои не биле исто достапни за секого подеднакво. Никој од нас не може со право да рече дека не може да му помогне на гладниот, да го напои жедниот, да го посети болниот. Овие дела на милоста својата вредност ја имаат тогаш, кога тие се пројавувања на љубовта која владее во срцето, и е соединета со духовните дела на милоста, преку кои им помагаме на ближните.

Последната подготвителна седмица се нарекува сиропустна, сирна, млечна или масленица. Во таа недела се употребуваат млечни производи: млеко, сирење, масло и јајца.

Снисходејќи кон нашите немоќи и постепено воведувајќи нè во подвигот на постот, Црквата востановила во последната седмица пред Четириесетницата да се употребува само млечна храна, „за ние, од месо и многујадење да бидеме приведени кон строго воздржување… малку по малку, отргнувајќи се од слатките јадења, да го започнеме подвигот на постот“. Во сиропустната среда и петок постот е построг, до вечерата.

Преку химните во сирната седмица Црквата ни покажува дека оваа седмица е тесно предворје на покајанието, предпразненство на воздржанието, седмица предочистителна. Во своите песнопеења Светата Црква нè поканува на двојно воздржување, спомнувајќи за гревопадот на прародителите, кој произлезе токму од невоздржанието.

Во сирната сабота се совршува споменот на светите мажи и жени, кои засветлиле во подвигот на постот. Со примерот на светите подвижници, Црквата нè засилува за духовен подвиг: „угледувајќи се на незлобивото живеење, да твориме многувидни и различни добродетелни дела, секој според своите сили“, помнејќи дека и светите подвижници и повижнички прославени во Црквата, биле луѓе облечени во немоќна плот, како и нас.

Последната недела пред Великиот пост во Триодот е именувана: „Недела сиропустна, изгонувањето Адамово“. Во овој ден се спомнува настанот на изгонувањето на нашите прародители од рајот.

http://agapi.mk/podgotovka-za-velikiot-post/

About The Author