// Google analytics code

Умирање за Христа или носење на сопствениот крст – Игумен Гаврил

| March 22, 2016

Умирањето за Христа и Евангелието и носењето на Крстот во суштина е умирање на нашиот грешен острастен човек во нас и вокреснување на нашата вистинска чиста, во Христа од Бога создадена, личност. Само преку носењето на крстот се реализира личноста од образ во подобие Божјо. Односно да се има литургиска благодарност кон сè она што […]

Само жртвувајќи се себеси, можеме да се поистоветиме со Христос – Св. старец Паисиј Светогорец

| January 23, 2016

Во минатото луѓето биле толку храбри! Во манастирот на Флавијците во Мала Азија Турците заробиле еден човек и го убиле. Потоа ѝ кажале на жена му: „Ако не се одречеш од Христос, ќе ти ги убиеме и децата“. А таа одговорила: „Маж ми е сега со Христос и Нему Му ги доверувам и моите деца, […]

Вистинско сведоштво – Митрополит Струмички Наум

| January 21, 2016

На другиот ден, Го виде Јован Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе“. (Да, паднат човек не може да спаси паднат човек, туку Богочовекот Христос го спасува паднатиот човек). „Овој е, за Кого што реков: ‘По мене иде Човек, Кој што пред мене […]

Тропар на Богојавление

| January 19, 2016

Кога во Јордан се крштеваше Господи, се покажа Троично поклонение: оти, Родителскиот глас Те сведочеше Тебе, возљубен Син именувајќи Те, и Духот во вид на гулаб известуваше потврдување на зборовите. Тебе Кој се јави Христе Боже и светот го просвети, слава Ти.  

Нашите Отци за Рождеството Христово

| January 11, 2016

Во градот Витлеем, длабоко во ноќната тишина, Словото Божјо – Богочовекот Христос, дојде на земјата – се облече во нашето тело, сакајќи да го обожи со Своето Божество, објаснува свети Климент Охридски. На ист начин Синот Божји постојано се раѓа и во нашите души – онаму каде што замолкнува разумот, таму каде што единствено е присутна молитвата […]