// Google analytics code

Вистинско сведоштво – Митрополит Струмички Наум

svjНа другиот ден, Го виде Јован Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе“. (Да, паднат човек не може да спаси паднат човек, туку Богочовекот Христос го спасува паднатиот човек).

„Овој е, за Кого што реков: ‘По мене иде Човек, Кој што пред мене беше, оти постоеше порано од мене’“. (За Кого што ви реков дека кон Него ве водам – не кон себе, затоа што од Него на дар ве примив, бидејќи вистински Бог).

„Јас не Го познавав, но дојдов да крштевам со вода, за да биде Он објавен на Израилот“. (Вие не Го познавате, но секој што во послушание ќе го очисти своето срце од страстите, ќе Го познае и ќе Го сведочи во Новиот Израил).

И сведочеше Јован, велејќи: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и застана над Него. Јас не Го познавав, но Оној што ме прати да крштевам со вода (Оној што прв ме возљуби и позна, и Кој што ми даде вонредна благодат на преобразување) ми рече: ‘Врз Кого видиш да слегува Духот и да застанува над Него, Тој е Кој што ќе крштева со Дух Свети’“. (Јас ве водам по патот што го поминав: лично ваш е подвигот на очистување, но лично Негов е двоедниот дар на отворање на срцето и на аскетската умно-срдечна молитва; лично ваш е подвигот во оваа молитва, а лично Негов е двоедниот дар на просветлување на умот и духовно воспитание и образование на другите).

„И јас видов и засведочив, дека е Овој Син Божји“. (Јован 1, 29-34)


About The Author