СВЕШТЕНОМАЧЕНИК ИЛАРИОН (ТРОИЦКИЈ)
~+~
Најголемиот пораз што Христос му го нанел на ѓаволот е на Крстот, затоа и Црквата е најсилна кога е на Крстот. Црквата во изминатиот век на „безумното едноумие“ на комунизмот беше на Крст. Во тој период маченички пострада руското царското семејство, а по нив и една плејада на исповедници од епископи, свештеници, монаси и верен народ. Нивниот број не беше ништо помал од жртвите на хитлеровиот фашизам и тоа, овој пат најмногу пострадаа добрите и интелектуалните луѓе. Но Бог нив и ги просветли и сите тие храбри исповедници засветија како светила на небесата и го наполнија Царството Небесно.
Во соборот на мачениците на Руската Православна Црква особено место зазема архиепископот Иларион (Троицкиј). Длабок научник – богослов, огнен проповедник, ревносен служител на господовиот олтар, надарен администратор, мудар архипастир и бескомпромисен заштитник на Црквата и православните догмати – таква е иконата на светителот Иларион, кој своето земно служење го овенча со подвигот на мачеништвото и исповедништвото.
Светиот свештеномаченик Иларион архиепископ, иако млад по години сепак според духовната возраст е доволно возрасен да го наречеме свет старец. Тој тоа го посведочи со неговиот сериозен карактер и исклучителна улогата што ја имал во тоа посебно тешко време за Рускиот народ и РПЦ, кој не се поколебал и исплашил да го сведочи Христос и да стане Негов исповедник. Светиот Иларион докажува дека и во нашето современо време и да се живее во светот, може да се сака Христос со сето свое срце, со сета своја сила и сиот свој разум. Да се живее за Него, па и да се пострада за Него, ако треба.
Богословска фиданка од патријархално и свештеничко семејство
Свештеномаченикот Иларион се родил во 1886 г., во селото Липици на Каширскиот срез на московската губернија во свештеничко семејство. На крштевање го добил името – Владимир Алексеевич Троицкиј. Дедо му Петар Троицкиј бил свештеник. За него се сочувани сведоштва дека бил ретко образуван човек, со голем авторитет меѓу народот и многу сакана личност. Еден од неговите браќа се замонашил со монашко име Димитриј и подоцна станал епископ Брјански. По дедо му и неговиот татко Александар станал свештеник, кој за време на болшевиците бил уапсен и умрел во логорите. Потоа и неговиот брат. Сите служеле во храмот Благовештение на Пресвета Богородица, крај кој и биле погребани. Подоцна отец Иларион, при секоја посета на домот, во тој храм одржувал богослужби на кои се собирале верни од сите околни села; тоа навистина бил празник за народот.
Животот на семејството Троицкиј се одлучувало со строго патријархално воспитување во атмосфера на строга црковност и во традицијата на православното благочестие. Неговата мајка рано умрела и детето го воспитувала мајкината сестра Надежда, која била учителка во парохиското училиште. Малиот Володја самиот научил да чита и од детски години учествувал во богослужбите.
Уште од најраното детство идниот богослов, го трасирал својот пат. Еднаш Владимир го зел за рака својот тригодишен брат и тргнал во град да се школува. По патот братчето заплакало и почнало да бара да се врати дома, на што Владимир му одговорил: „Па, добро, остани неучен!“ Да се остане неучен – тоа било најстрашно за него.
Љубовта кон своето мало родно место, радоста од созерцавањето на земната убавина кое преминувало во созерцавање на небесната убавина, засекогаш останале во срцето на владиката како живо чувство.
Академските денови
Завршувајќи го Тулското Духовно училиште со одличен успех, а потоа и семинаријата во 1906 година, се запишал на Московската Духовна Академија, со која во неговиот живот бил поврзан вонредно плодотворен период во творечка смисла.
Неговата ревност за Бога и ширењето на словото Божјо, покрај желбата за учење и навлегувањето во смислата на длабочината на и светоотечките учења за тајните Божји, го поттикнувале да биде доста активен на мисионерски план. За време на учењето во Академијата го водел издавачкиот оддел на Пастирско−просветителското братство при МДА, занимавајќи се со издавање и распространување на списанија со духовно-етички теми и учествувал во згрижувањето во училиштето на 8-9 годишни деца во кое работеле студенти. За неговиот труд бил награден со наградите Митрополит Макариј и Митрополит Московски Јосиф.
Поклонички патувања на Исток и Запад
Во периодот 1906 – 1913 г. заради особени успеси како награда два пати го испраќале во странство.
Првото патување било во 1908 г. Во состав на група студенти и предавачи на МДА пропатувале на православниот Исток и во некои западни земји. Посетувајќи ги Србија, Македонија, Бугарија, Турција, Грција и Света Гора/Атон, Владимир Троицкиј своите впечатоци и размислувања по повод виденото ги искажал во книгата „Од Академијата до Атон“. Уште тогаш, идниот светител-богослов го забележал проблемот на етнофилетизмот (национализмот) и со особена болка го преживува отсуството на единство во Православниот свет. Посебно бил воодушевен при посетата на храмот Света Софија во Константинопол, кој ја свртува неговата богословска мисла кон значењето на византискиот идеал, запишувајќи: „Најглавна црта на византинизмот е проникнување на целиот религиозен живот со религиозни принципи и интереси. Тоа е прекрасно спојување на земното и небесното, тоа е вистинско богочовештво, а не нашето – човекобоштво.“
Второто патување било во 1912 година, посeтувајќи некои западни држави. И ова патување го опишува во неговата збирка „Писма за Западот“. Оддавајќи им го должното признание на делата на западната уметност, на природните убавини, дури и на достигнувањата на материјалната култура, Богословот Троицкиј го критикува религиозниот живот на Западна Европа во споредба со убавината и богословската длабочина на Православните црковни богослужби, со строгоста и реализмот на православната духовност.
Откако ја завршил Академијата со степен кандидат на богословие, В. А. Троицкиј бил оставен при неа во својство на професорски стипендист. Во периодот 1912-1913 г. тој работи на подготовката на магистерска дисертација и предавање.
Монашки постриг
Во истата 1913 г., на 28 март, во скитот св. Параклит, недалеку од Троица – Сергиевската лавра, Владимир Алексеевич бил пострижен за монах од епископот Никон (Рождественскиј) со името Иларион.
Монашкиот пат кој е тесен и трнлив, но и благодатен, бил природен избор за чистата душа на овој Божји избраник кој се устремил кон совршенството, ги избегнувал секој грев и соблазна на овој век, кој сакал целиот да му се посвети на Бога.
За кое самиот отец Иларион ќе каже: „Го примив постригот и мислам дека во животот нема да имам уште една таква радост, каква што доживеав на 28 март 1913 г. Таа радост не помина со завршувањето на чинот… Во душата сè ликуваше, толку радосно беше … Од сопственото искуство можам да кажам, дека не напразно при монашкиот постриг, оној што постригува го зема расото и вели: „Нашиот брат (името) се облекува во одежда на веселба и духовна радост, за оставање и презирање на сите таги и смутови од демоните; од оние што доаѓаат од телото и од светот, а за постојана негова веселба во Христа и радување во името на Отецот и Синот и Светиот Дух“. Токму таа радост тивка, чиста, таа веселба на чистата душа светителот ја пренел низ целиот негов живот.
Исклучително мудрото татковско раководење на подвижникот му дал ректорот на МДА, „Јас знам и сега не сакам да кријам во што е твојата жртва за Христа – рекол епископот Теодор. – Тебе те искушува – и можеби, и сега се искушуваш од љубовта кон школата на која ѝ служиш и – чувството на претпазливост, монаштвото да не те лиши од оваа школа. Но, што е Академијата без Христос?! Тоа е – пусто место и мртов дом“ Му се обратил епископот Теодор (Поздеевскиј), при неговото замонашување.
Популарноста на младиот доцент меѓу професорите и студентите на академијата беше толку голема што многу професори и студенти од академијата дошле на ракополагањето.
Тоа што човек го жртвува заради Христос, Бог му го враќа назад како воздар
Свештеничките чинови ги прима многу набрзо, така на 11 април бил ракоположен во чин јероѓакон; на 2 јуни, на ден на Света Троица, во чин јеромонах. На 5 јули 1913 година бил издигнат во чин архимандрит; тој беше најмладиот архимандрит и професор во Русија во тоа време.
По само два месеци откако бил потстрижен за монах и се случи она од што најмногу се плашеше и поради што го одложување постригувањето за монах, имено на 30 мај јеромонахот Иларион бил поставен на управна функција инспектор на Московската духовна академија.
Откако во април 1913 г. ракоположиле за јеромонах, бил определен да ја исполнува должноста доцент на Московската Духовна академија.
Веќе на 3 декември истата година да биде назначен за вонреден професор по предметот Светото Писмо на Новиот и Стариот Завет. Со што, над отец Иларион буквално се оствариле зборовите на епископот Теодор, за тоа дека кога човек го жртвува најдрагото заради Христос, тоа Бог му го враќа назад како воздар.
Животот – богослужение
За отец Иларион, богослужбата била нешто највозвишено и многу поголемо од сите земни убавини во овој живот. Тој на богослуженијата им се посветувал потполно и со сета своја душа или најточно, неговиот живот го направил богослужение. Светата Литургија, за него, било апсолутно најголемото дело на земјата, која истовремено е и небесна. Неговите богослужби зрачеле со величественост и убавина, строгост во редоследот, без некоја театралност што постоела во големите архијерејски служби, но со искрена посветеност и конкретност во молитвата. Неговиот благодатен молитвен глас и милозвучното пеење на богослужбените текстови го исполнувале целиот храм и длабоко продирале во срцата на луѓето и ги преобразувале. Често сакал да прави споредба помеѓу возвишеноста на богослужбите и големите овоземни спектакли, опери или театри: „кога на овие работи ние им оддаваме толку голема восхитеност, чест и посветеност, тогаш колку повеќе тоа треба да го правиме кон Божествената служба“ – коментирал.
Трудољубив црковен писател
На светиот отец Иларион, како учен богослов, му било оставено сосем малку време за научна работа – помалку од деценија; но и за толку краток период тој се потрудил многу, оставајќи зад себе многубројни значајни теолошки книжевни дела. Времето во коешто живеел било време на несредена теолошка мисла, испомешани теолошки правци и длабоко навлезена западна схоластичка теологија во Православната Црква. Во историјата на руската богословска мисла, владиката Иларион, е одбележен како теолог кој својата дејност ја посветил на расчистување на православната теологија и пракса, пред сè во дефинирањето и значењето на православното учење за Црквата. Во повеќето дела на свети Иларион може да се следи развојот на мислата за Црквата како собор на љубов. Организам, мистично Тело, на членови кои се обединети од заеднички благодатен живот, чие име е – љубов.
Уште како студент на академијата, Владимир Алексеевич почнал да се истакнува како голем руски теолог. Во академијата, најпрвин како студент, а потоа и како професор, пишува и објавува дела: „Христијанството или црквата“, „Гностицизмот и црквата во однос на Новиот завет“, „За црковната природа на духовната школа и теолошка наука“, „За неопходноста од историско-догматско Апологија на 9. член од Символот на верата“, „Троицата на Божеството и единството на човештвото“, „Покајанието во црквата и покајанието во католицизмот“ и други.
Неговиот книжевен опус не се сведува само на теолошки трактати или есеи, туку пишувал и за историја, уметност, дури и патописи. Пишувал совршено јасно, просто и притоа со потврда во усното слово: со неговото име е поврзана славата на извонреден проповедник, лектор, како и полемичар (говорник во академијата, а после револуцијата – во Политехничкиот музеј).
Во литературните дела на светителот се пројавува возвишената простота на неговата личност. Таа простота била забележана во зборовите на епископот Теодор за време на неговиот постриг. «Душата твоја, имајќи печат на возвишена мудрост за Христовата вистина, со љубов ја примила во себе „простотата, која е во Христос“». Овие зборови на епископот Теодор го карактеризираат целото богословско творештво на св. Иларион, со „возвишена мудрост“ од една страна, и „простота“ од друга, кое на неговите дела им дава силина и длабочина.
Еклисиологијата на св. Иларион има опитен карактер. Неговото пишано слово е искуствено произлезено од неговиот благодатен црковен опит. Концептот на Црквата, приложен од светителот, се темели на Светото Писмо и учењето на светите отци, при што светоотечките претставувања ги доживува внатрешно, во согласност со неговата длабоко искуство во своето срце. Како Православен свештеник, тој не можел да го замисли својот живот надвор од Црквата. Основно негово богословско убедување и преживување на благодатта, е спасителноста на Црквата, нејзината возвишеност над минливата природа на битието.
Ќе напише: „само Црквата му дава смисла и вредност на земното постоење; само служењето на Црквата, по мое верување и убедување, ѝ дава смисла на нашата земна дејност… Ако не ѝ служиме на Црквата – нема никаква смисла секоја дејност и нема никаква смисла нашето живеење на Божјата светлина. Научната дејност не е исклучена од таквото сеопфатно служење, зашто „науката се стреми кон познание на вистината“ а, „Црквата како ризница на вистината може и должна е да биде раководителен авторитет за секого кој ја бара вистината“.
За него, 1913-та година останува по многу нешта значајна и достојна за памтење. Во таа иста 1913 год. ја одбранил и магистерската дисертација „Оглед од историјата на догматот за Црквата“. Тој негов фундаментален труд станал длабок одговор на настаните во Русија, на екстремната секуларизација на општеството и државата кое веќе тогаш прераснува и во богоборство. Самиот труд на идниот исповедник и заштитник на Црквата од ереста на обновништвото, станал не само размислувања за историјата на догматот, туку и апологија на единството и светоста на Црквата.
Темата на магистерската дисертација нашла продолжување во неговите понатамошни дела: „Христијанство или Црква“, „За неопходноста од историско-догматска апологија на деветтиот член на Символот на верата“, „Нема Христијанство без Црква“, „За животот во Црквата“ и „За црковниот живот“. Меѓу неговите трудови има и дела од егзегетиката, работи на црковно-општествени теми, коишто, често се објавувале во Богословскиот весник и журналот Христијанин. Многу ставови во неговото слово за прогресот нашле одзив во умовите и срцата на неговите современици и денес. Неговото слово било чисто православно и преданиски според духот на древните отци. Како носител аскетско-исихастичкиот дух, за него стремењето кон прогресот и кон создавањето комфорни услови на живот, води кон огрубување, материјализирање на човекот, а стремењето на човекот кон возвишеното, етичко обновување и внатрешно преобразување и просветление, води кон вистинско суштинско, внатрешно, обновување на човекот и општеството – воопшто.
Духовна радост во Христос, според името и животот
Главна карактерна особина на светиот била неговата исклучителна духовна чистота што ја зачувал преку целиот негов живот, којашто носи светлина и слобода на личноста и духовна ведрина и радост. За тоа светителот ќе рече: «Животот и усовршувањето на личноста во Црквата со себе носи среќа и блаженство»; «самата добродетел е блаженство, а гревот е страдање»; «Како што со гревот неразделно е поврзана неговата последица – страдањето, така со добродетелта е соединето блаженството».
Според него: христијанинот е должен да ги осознава своите гревови и да тагува заради нив, толку тој е должен да се радува на бесконечната милост и благост Божја и никогаш да не се сомнева и да не очајува во својот животен подвиг“. Уште и дополни: „На земјата постојат носители на торжественото Христијанство, секогаш радосни, секогаш со пасхални песнопенија на усните, и нивното лице е како лице ангелско.“ Духовна веселост на моменти, гледаме дека го исполнува, па се прекршува дури и во богословско-полемичките дела. Светителот тоа го сочувал и во најтешките услови во Советските логори. Тој се трудел да ги научи на таа радост и оние на коишто тешко и паѓале животните тешкотии и со мака ги примале.
Навистина, според името му беше и животот, Иларион значи радосен, весел!
Карактеристиките на еден исклучителен духовен отец и воспитувач на младината
Како инспектор на Богословијата, отец Иларион првенствено се грижел за воспитувањето на студентите во црковната дисциплина на богослужбата, а се грижел и за нивната надворешна дисциплина на однесување. Тој бил сестран и потполн воспитувач и со тоа оставал кај студентите голем впечаток. Ги привлекувал со неговиот личен пример и неговата активна црковна, просветителска и проповедничка дејност. Еве како еден од неговите студенти, С.А. Волков, во своите спомени ќе го опише портретот на архимандритот Иларион: „Висок и строен, многу умерено и пропорционално исполнет, со јасен и прекрасен поглед на сините очи (тој беше малку кратковид, но никогаш не користеше очила), секогаш гледаше уверено и директно, со високо чело и не голема густа, руса брада, звучен глас и јасен изговор, тој оставаше силен впечаток. Нему не можеше да не му се восхитуваш… Целосноста беше главна црта на неговата личност. Тој смел, исклучително талентиран човек сè восприемаше творечки… Иларион со својата личност благодатно влијаеше на мене со непосредноста, со авторитетноста во бранењето на убедувањата, со свеченоста во богослужењето, со енергичноста и радоста во животот… Иларион сакаше да рече, дека христијанинот, колку што мора да ги осознава своите гревови и да се кае за нив, исто толку е должен да се радува на бескрајната милост и Божја благодат и никогаш да не се сомнева и да не очајува во својот животен подвиг. Тој самиот поразително се восхитуваше и имаше љубов кон сè што му беше драго и блиско – кон Црквата, кон Русија, кон Академијата, и со таа бодрост ги заразуваше, охрабруваше и закрепнуваше сите околу него“.
Поборник за патријаршеството
Подоцна, по крвавите богоборечки настани на комунистичката револуција во февруари 1917 г., во Академијата се случиле промени. Од должноста ректор бил разрешен епископот Теодор, а временото управување со Академијата му го довериле на инспекторот архимандрит Иларион. Во новата учебна 1917/1918, за ректор бил избран професорот А.П. Орлов, а архимандритот Иларион по неговата одлична лекција во Академијата искажана за заштита на патријаршеството, еднодушно бил избран за постојан инспектор. На таа должност му било судено да го дочека затворањето на Духовната академија од новата Комунистичка власт.
На 15/28 август 1917 г во Успенскиот соборен храм на Московскиот Кремљ, со свечена богослужба ја почнал својата работа Помесниот Собор на Руската Православна Црква, собор на идни маченици и исповедници кои својата вера ја посведочија со крв, собор на оние кои богословеа пред сè со животот.
Главна задача која требало да ја реши Соборот била воспоставувањето на патријаршеството. Мислењето на членовите по тоа прашање било поделено. Меѓу застапниците на патријаршеството особено се истакнувал архимандритот Иларион (Троицкиј), кој настапил со остро слово кое ги поразило слушателите.
Личноста на младиот архимандрит не им била широко позната на мнозинството членови на Соборот, но добро бил познат во академските кругови. На неговото мислење посебно внимавале претставниците на интелигенцијата. Како авторитетен еклисиолог, тој убедливо покажал дека патријаршеството органски му е својствено на црковниот организам, дека таму каде што се урива принципот на ерархијата, што значи и на првоерархиството, се урива и црковниот живот.
Но, уште тогаш светителот изрекол пророчки зборови за Патријархот: „Настапува такво време – зборувал тој во говорот во московската академија во заштита на патријаршеството – каде патријаршискиот венец ќе биде не царски, туку поскоро венец на маченик и исповедник, кому му претстои самопожртвувано да управува со коработ на Црквата во неговата пловидба по бурните бранови на животното море“.
Воспоставувањето на патријаршеството било исполнување на заветната желба на младиот богослов. Според сведоштвото на еден современик, после изборот на светителот Тихон, отец Иларион не можел да ги задржи солзите од умиление за време на свечената семосковска крстна литија, во која учествувал новоизбраниот Патријарх.
Меѓутоа, таа негова ревност им ги бодела очите на непријателите. По доаѓањето на болшевиците на власт, веднаш започнал прогонот на Црквата, а на 10 март 1919 година, архимандритот Иларион бил уапсен и затворен во затворот Бутир и таму поминал два-три месеца. По ослободувањето, свети Иларион се сместил кај својот пријател, отец Владимир Страхов, кој живеел во Сретенка. До своето ново затворање своето време го минувал во напорна дејност. Работел кај светиот Патријарх во Донскиот манастир, речиси секој втор ден служел Литургија, проповедал, често му помагал на патријархот итн.
Епископско достоинство
По изборот на светителот Тихон зa Патријарх Московски и на цела Русија, архимандритот Иларион станува негов верен помошник. На 11/24 мај 1920 г. Патријархот Тихон, во црквата Светa Троица на патријаршиски двор, го хиротонисува архимандритот Иларион за епископ Верејски, викар на Московската епархија. Тогаш започнува и патот на овој Божји избраник кон Голгота, заедно со патријархот, со Црквата, со неговата сакана Русија. Светителот тогаш имал 34 години.
Во словото при неговата хиротонија Патријархот Тихон пророчки претскажал дека Црквата ја очекуваат тешки времиња на мачеништво и прогон и ја истакнал одговорноста и тежината која треба да ја понесе секој епископ како служител Божји. Но од историјата на Црквата знаеме дека кога таа е гонета, тогаш е и најсилна дека и секој од нив треба да биде спремен да посведочи за Христос и ако треба маченички да ја пролие својата крв за верата. Светителот Иларион со полна свест за тоа го примил епископскиот чин, подготвен и маченички да пострада за Христос, кое подоцна и ќе го потврди.
Во беседата на устоличувањето на архимандритот Иларион кажал: „Јас порано читав книги, сега сум должен да читам срца човечки, мудри и често пати неразбирливи. Тогаш пишував со туш на хартија, сега ми претстои со благодатта да го пишувам образот Божји во душите човечки. Порано јас се учев, а сега сум должен да ги водам луѓето кон спасение. Порано можев да останам под покрив, сега вие ме поставувате на свеќник во Црквата. Порано, можев да се кријам од луѓето и да пребивам во мојата сакана анонимност, сега сум должен да светам пред луѓето со светлината на добрите дела. Со сета душа го сакав јас академскиот живот, одвоен од светот, возвичен над светот, осамен, како во пустина. Сега вие ми ја одземате надежта на таа пустина и целосно ме враќате (во светот). Епископот е должен да биде во циклусот на човечкиот живот. Во него има секојдневно пристапување на луѓе, кое може да се нарече и напад во сите денови (2. Кор. 11;28.), и во секое време на сите треба да им биде сѐ (1. Кор. 9;19.). себе заробувајќи се (1. Кор. 9;22.) со немоќните, немоќен (2. Кор. 11;29), едни да ги утешува, други да ги води, а некои и да ги разобличува (2. Тим. 1;9)… И сега стојам пред Вас Архипастири, го примам Вашиот чин, кој и со зборови е тешко да се искаже, но цврсто ја полагам мојата надеж во Господа. Јасно гледам сега дека има голема потреба од работници на нивата Божја и не без Божјата волја се поставуваат Епископите во Црквата.“
Свети Иларион се красел со голема смиреност. Тој како епископ, редовно одел на Богослужбите во Сретенскиот манастир. Учеството во службите како обичен монах, не како архијереј. Само во монашки подрасник, без панагија, со камилавка и тој заедно со монасите пеел на певницата, и на средината на храмот вдахновено го читал канонот. Имал најпријатен глас, чист, звучен, млад, висок, тенор. Пеел просто, не по ноти, но толку трогателно и за душа. Тој на богослужбата ѝ се оддавал со сета своја душа, како на главно дело во својот живот. Светителот ја познавал, разбирал и сакал богослужбата со сето свое срце и затоа животот му беше богословие и богослужба.
Време на прогонство
Но непријателот не мирува. Во 1921 г. го апсат и го испраќаат во Архангелск (според други податоци – во Холмогора, концентрациониот логор во најкошмарни услови), каде што се наоѓал до 1923 г.
Периодот кога владиката повторно се појавил во Москва демнел со нови опасности за Руската Црква и за целиот руски народ. Страшен глад, гладни бунтови беспоштедно задушувани од властите, насилно одземање на црковните скапоцености, откривање и подбивање со свети мошти и уште какви не понижувања и сквернавења не измислила демонизираната атеистичка комунистичка власт. Тогаш и светителот Тихон бил уапсен, а по целата држава започнале „процесите за црковниците.“
Активната црковна работа на светителот, неговите проповеди и брилијантни настапи на јавните дебати и помошта на патријархот Тихон, предизвикувале гнев кај властите. На 22 март 1922 година повторно бил приведен.
На 4 јули 1922 година, владиката Иларион дошол во Архангелск со транспорт на затвореници, а на 10 јули бил ослободен од затвор. По секојдневното преоптоварување, по истрагата и транспортот, егзилот му изгледал како неочекуван одмор. Голем град, куќа речиси во центарот каде што домаќините му доделиле посебна просторија со прозорци свртени кон сончевата страна.
Во логорот, епископот ја задржал својата монашка оддалеченост, детска невиност и едноставност. Едноставно, на сите им давал сè што барале од него. Никогаш не одговарал на ниту една навреда, дури и како да не ги забележувал. Секогаш бил мирен и весел, а ако и нешто му пречело, не се противел и премолчувал. Секогаш се трудел да извлече духовна корист од сè што му се случувало. Владиката Иларион во тоа време примал и многу писма од верните.
Обновлениците
Покрај нападите од надвор, непријателот се обидел да нападне и одвнатре од самата структура на Црквата, кое можеби е и полошо и пострашно од првото. Тие инсталирале „свои луѓе“, поткопувачи на Црквата и ги поставувале на врвните позиции. Ситуацијата ја искористиле претставниците на движењето што созреало во пазувите на Руската Црква на маргините на минатиот век, кои со измама го презеле управувањето со Црквата т.н. „обнолвеници“. Со непосредно раководство и помош од безбожните власти обновленците почнале да ја спроведуваат својата уривачка дејност. Во мај 1923 г. обновленците одржале разбојнички собор, на кој го лишиле од монашки чин патријархот Тихон. Сепак, околностите така се склопиле, што властите биле принуден да изберат нова политика.
На 14/27 јуни 1923 г. по дадената изјава од светителот Тихон во Врховниот Суд, РСФСР бил ослободен со стража и следниот ден му се обратил на народот со повик каков што од него барале властите. Пред давањето на таа изјава претходеле преговори, во врска со кои свети Тихон се консултирал со своите најблиски соработници и пред сè, со владиката Иларион, кој оттогаш станува негов најблизок соподвижник, кој со првосветителот ги дели сите маки и мисли, кој ќе го сподели и неговото крстно служење.
Прониклив духовник и мудар црковен дипломат кој душата своја си ја полагал за Црквата
Свештеномаченикот Иларион бил многу мудар, прониклив и далековид црковен администратор и црковен политичар. Тој имал јасен и целосен увид на реалната состојба и бил подготвен да оди на компромиси со власта, ако за сметка на тие компромиси можело да се одбрани чистотата на Православната вера и да им се нанесе удар на оние што биле главна опасност за Црквата одвнатре. Црквата во негово време била гонета однадвор и одвнатре. Покрај надворешното гонење на Црквата, кое траело веќе неколку години, богоборечката власт се обидувала со внатрешно подривање да го искриви црковниот живот, да направи фалсификат и да ја замени Црквата – Телото Христово со еретичка заедница кое себе ќе се нарекува „црква“.
Заради тоа, епископ Иларион го советувал патријархот Тихон да не се вознемирува од компромисите на политички план, ако од тоа има полза во борбата со обновенците. Напишаното Послание од архиепископот Иларион до патријархот Тихон, од 18 јуни (1 јули) 1923 г., кое ги содржи отстапките по политички прашања, кои од него ги барале властите, ќе биде соединето со непомирливост во однос на обновенците. Сепак успеале да се договорат во Посланието да не влезе сè што барале властите.
Како резултат на тие тешки повеќечасовни преговори меѓу владиката Иларион и ГПУ се појавува тоа Послание. Епископот Иларион го напишал, а потоа патријархот Тихон го редактирал и го потпишал: „Тешко време преживува нашата Црква. Се појавија многу групи со црковно-обновенски идеи… Обновенците свесно или несвесно ја фрлаат Православната Црква во секташтво, воведуваат сосем непотребни реформи, отстапувајќи од каноните на Православната Црква“, пишувало меѓу другото.
Секако, меѓу современиците тие посланија предизвикале различни мислења, пред сè, по политичките прашања и од самите членови на Црквата. Но, како што е и обично, малкумина знаеле дека зад тоа стои мачен притисок од властите за совеста на Патријархот и најтешки преговори со нив со кои се правеле обиди некако да се омекнат гонењата против Црквата.
Како прониклив црковен дипломат, неговиот поглед за Црквата, не бил само за денес, за времето во кое тој живее, туку многу подалеку. Неговиот поглед продирал во времињата што ќе дојдат. Светителот провидувал, дека, ако тие денес се откажат од Бог и ја отфрлат Црквата, тогаш нивните деца или внуци ќе се најдат пред прашањата; постои ли Бог и како да се дојде до Него. И ако по многу години во Русија Црквата ја снема, никој не ќе им одговори на следните поколенија на тие прашања. Заради тоа епископот Иларион заедно со патријархот Тихон биле спремни да го жртвуваат својот авторитет и да прифатат компромис и ќе напише: „Нека загине моето име во историјата, само Црквата да има полза.“
Во таа позиција имало многу трпение, сострадание, христијанска мудрост и љубов. Времето денес покажува дека светителот имал право. Бог е верен на своите ветувања дека кој умрел за себе и светот, ќе наследи стократно повеќе и живот вечен. Него Бог го прослави на Небесата, а Црквата во Русија доживува вистинско преродување.
Веднаш по ослободувањето на патријархот Тихон, владиката Иларион презел решителни дејства против обновенскиот раскол. Владиката Иларион бил многу популарен меѓу московското духовништво и буквално обожаван од народот. Самата надворешност – висок, бела брада, иконописни црти на лицето – импонирал со својата величественост, строга елеганција, претставителен и многу личен, уште сега на земјата, за време на неговиот живот, го нарекувале светител.
Епископот Иларион бргу ја разбрал новата позиција на Патријархот и преговарал со стотици свештеници, лаици, монаси и монахињи. Тој се договорил во парохиите за чинот на нивното присоединување кон Патријархот преку покајание. Благодарение на неговата нескротливата енергија, црковната организација во Москва била воспоставена за два дена.
Општо покајание на обновленците и враќањето кон крилото на Црквата
Како одличен оратор, владиката Иларион произнесувал проповеди против обновенскиот раскол, настапувал на диспути против обновенскиот лидер Александар Воведенски и советскиот нарком за просвета А.В. Луначарски. Многу московјани во тие години станале сведоци на убедливите победи на овој православен архијереј над своите противници. Основен карактеристичен признак на неговото слово била увереноста во Вистината; тоа на луѓето влијаело непорекливо и длабоко.
Во јули 1923 г. епископот Иларион го прима во општење обновенскиот клир во соборниот храм на Сретенскиот манастир. Владиката Иларион како вистински познавач на Православната еклисиологија и чувар на чистата вера настојувал обновенските клирици да се примаат преку покајание, но ако својот чин тие го добиле во обновенството, тој чин да не биде признаен. Сите обновенски храмови повторно биле осветувани, што по каноните се прави со еретички храмови. Со тоа владиката Иларион го истакнувал еретичкиот карактер на обновенството. Во тоа тој бил некомпромисен.
На 15/28 јули 1923 г. во Донскиот манастир се случило јавно покајание на Страгородскиот митрополит Сергиј пред светиот патријарх Тихон. Патријархот му дал крст и панагија, а владиката Иларион му врачил бел клобук/капа. Благодарение најмногу на дејноста на свети Иларион, почнало масовно враќање на клирот и лаиците во „тихоновата“ Црква. Храмовите што биле заземени од обновенците почнале да се празнат.
Во своите неуморни трудови светителот прибегнувал кон небесното застапништво на светите Божји угодници, особено значење придавајќи му на молењето за Русија на преподобниот Серафим Саровски.
Во јуни 1923 г. владиката Иларион бил воведен во чин архиепископ. Светителот Тихон го вклучува архиепископот Иларион во составот на Времениот Патријаршиски Синод, во кој тој дејствувал.
Обновени прогонства
Властите не му ја простиле на владиката неговата дејност во борбата против обновенците и во закрепнувањето на единството на Црквата, не му ја простиле неговата преданост кон Свјатејшиот Патријарх. Во ноември 1923 г. светителот Иларион повторно бил уапсен.
Со решение на Комисијата НКВД по административни прогони, тој бил осуден на три години концентрационен логор. Пред Соловка тој веќе бил една година во Архангелск (и во Кемскиот логор). Кога ја видел целата таа ужасна состојба, дури тој, животорадосниот и бодриот, рекол: „Од овде живи нема да излеземе.“
Еден од свештените затвореници со владиката во Соловка – дава ваков опис на неговата личност: „Архиепископот Иларион е млад човек, животорадосен, сестрано образован, одличен црковен проповедник, оратор и певец, блескав полемичар со атеистите, секогаш природен, искрен; секој пат, каде и да се појавеше, ги привлекуваше сите кон себе и сите го сакаа… За една година заеднички затвор, сведочиме за неговото целосно монашко нестекнување, длабока простота, вистинско смирение, детска кроткост“.
Прво рибарите богослови ги покажа, а сега богословите рибари ги јави
Во Соловка Владиката плетел мрежи и бил рибар. За таа работа тој зборувал со преместување на зборовите од стихирата на Духовден: „Сè дава Светиот Дух; прво рибарите богослови ги покажа, а сега обратно – богословите рибари ги јави“. Неговата вера и љубов кон Бог биле чисти и силни и тој буквално го живеел Евангелието. Неговата љубов и благодушност не биле ограничени само на тие што го сакале и почитувале, туку и на оние кои го мразеле и прогонувале. Така тој го спасил од сигурна смрт војникот Сухов кој потонувал. Тој во логорот не ја прекратува ни својата пастирска дејност, и не ги избегнувал ни криминалците. Неговата љубов била кон секого и неговото внимание и интерес кон секого биле поразителни. Не се превознесувал дека е архиепископ и се однесувал смирено кон сите и како да ја избришал секоја граница меѓу архиепископот и лаиците. За него сите се исти и тој е должен да ги сака.
Зад изгледот на веселоста и дури световноста можело постепено да се види чистотата, големото духовно искуство, добрината и милосрдието, етичкото совршенство. Тоа било јуродивство, со кое светителот го криел своето внатрешно делување. Под раководство на светителот клирот добивал огромно искуство, бидејќи тој со својот пример покажувал што значи да се смируваш.
Позната е уште една епизода од животот на светителот во логорот. Кога пристигнала веста за смртта на Ленин, на затворениците им заповедале да престојат пет минути во молчење. Владиката демонстративно лежел на штиците и велел: „Помислете, отци, што се случува сега во адот: Самиот Ленин таму отишол, каква радост за демоните“.
Тука епископот бил далеку од црковните настани. Во логорот дознал за смртта на големиот светител на РПЦ патријархот Тихон, таму дознал и дека поглавар на Руската црква бил Пресветениот Петар, Митрополитот Круцки, кон кого Архиепископот Иларион се однесувал со голема почит и му се радувал. На 5 јули 1925 година, архиепископот Иларион бил префрлен од логорот Соловецки во политичкиот изолатор во Јарославл.
Кон крајот на летото 1925 г. архиепископот Иларион неочекувано бил испратен од Соловецкиот логор во, во изолаторот „Штали.“ За тоа време светителот си споменува како за најсветло време во долгата неволја. Властите, надевајќи се дека ќе склучат некој договор, дозволиле невидени привилегии. Тој можел да чита какви сака книги, да пишува и после цензурата, да го испрати напишаното кому сака. Во неговите писма, кои се познати, поразува големото смирение и големата благодарност кон Бога за сè што му дарувал, за маките и радостите. Како свети Јован Златоуст, рускиот светител често повторувал: „Слава му на Бога за сè.“
Владиката бил преведен во Јарославл за преговори со соработникот на ГПУ Е. Тучков и епископот Гервасиј (Малинин), кои се обиделе владиката да го повлечат на страната на новиот „григориевски“ раскол предводен од епископот Екатеринбургски Григориј. Но, на ветувањата дека ќе стане митрополит, на лагата и измамата, владиката ја знаел горчината и последиците на расколот и категорично одбил. Меѓутоа кога ќе одбиеш суетен човек неговата повредена суета не може да се смири, па жестоко возвраќа. Тогаш соработникот на ГПУ рекол: „Пријатно е да се поразговара со умен човек. А, колку време поминавте во Соловка? Три години?! За Иларион три години! Толку малку?!“ Потоа владиката добил нов рок. Владиката прво бил на Попов остров, а потоа го пренеле во Кремљ, потоа на Секирка – во казнен изолатор, каде што смртта била секојдневна појава.
Воскресенска радост и во логорот
Бог не ги заборава оние кои го сакаат и на Велигден 1926 г. владиката Иларион добил дозвола од началникот да изврши Велигденска пасхална богослужба.
Пасхалната утрена се одржала во стариот храм Св. Онуфриј, крај гробиштата. Присуствувале мноштво народ, трошната црква не можела да го собере ни логорското духовништво дури и на гробиштата било преполно народ. Гласот на владиката Иларион се слушал од длабочината на храмот, среде тишината на северната ноќ. Започнала полуноќницата, Архиепископот Иларион ја возгласил утрената „Да воскреснет Бог, и расточатся врази Его… “ сите запеале „Христос воскресе!“ Чувствата биле испомешани. Дали да плачат или се смеат од радост, не знаеле. Но секако дека солзите радосници биле присутни на нивните лица! И ете, на улицата излегла крстната литија… Христос воскресна! – Навистина воскресна! – прозвучило под свечената купола овенчана со небесниот свод.
„Јосифовиот раскол“ и Соловецкото послание
Иако во неповолни услови Архиепископот Иларион, како и до тогаш, се чувствувал себе си како православен јерарх, одговорен за состојбата на Црквата и за својата паства. Во Логорот многумина во него гледале духовен отец мисионер. Неговиот углед во манастирот бил толку голем што информациите за неговите активности стигнале и до имиграциониот камп и благодарение на него, Соловецкиот логор во 20-тите од минатиот век станал еден вид духовен дом и место за спасение на многумина.
Свети Иларион бил еден од опишаните во книга“ «Памятной записки соловецких епископов» (27 Мај/ 9 Јуни 1925 год.), во која се опишува состојбата на епископите. Во „Записите“ ја имало разработено целата состојба на Црквата и власта во тоа време. Авторите на „Записите“ отворено ги опишувале сите услови и систематското прогонување на Црквата од Советската власт и ја разобличувале неправедноста на обновеништвото.
Во јули 1926 г. архиепископот Иларион настапил како еден од иницијаторите на Соловецкото послание – обраќање од епископите во Соловецкиот логор до раководството. Во тоа обраќање, во духот на лојалноста, епископите предлагале свое решение за многу црковно-општествени односи, не избегнувајќи ги и најострите прашања. Кога се појавила нова поделба, предизвикана од појавата на т.н. Декларација на Заменикот на патријаршискиот месточувар, митрополитот Сергиј (Старогородски), од 27 јули 1927 г., владиката Иларион, разбирајќи ја изнуденоста на некои негови чекори, сите ги предупредувал за расколот т.н. „Јосифов раскол.“
Во ноември 1927 г. некои соловецки епископи почнале да се колебаат во врска со јосифовиот раскол. Архиепископот Иларион успеал да собере петнаесетина епископи во ќелијата на архимандритот Теофан, каде што сите еднодушно утврдиле да ја чуваат верноста кон Православната Црква, возглавувана од митрополитот Сергиј.
По повод „јосифовиот“ раскол, архиепископот Иларион им пишувал на многумина епископи и на други лица, кои се колебале. Тој остро ја порекнувал позицијата на расколниците и ги потсетувал за безгласноста на епископатот во синодалните времиња, кога преместувањето на други катедри било вообичаена појава. Според мислењето на владиката, одделувањето од митрополитот Сергеј е „многу тежок престап во условите на дадениот момент“.
Последните денови
Од тешките услови за живот, иако млад, здравјето на Архиепископот Иларион драстично попуштило. На 6 октомври 1929 владиката го превеле од затвор во болница. Со висока температура, тој одел низ градот губејќи ги последните сили. Кај него откриле пегав тифус.
На 14 октомври 1926 година, Специјалниот совет при Колегиумот на ОГПУ го осудил архиепископот Иларион на три години егзил во Казахстан.
Кон крајот на 1929 г. бездушните власти решиле да го испратат светителот на доживотен затвор. Владиката го превезувале етапно – од еден затвор до друг што уште толку влијаело на неговата лоша здравствена состојба. На патувањето го украле и во Петербург го однеле, веќе болен, за празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица.
Митрополитот Серафим (Чичагов) се обидел да му помогне, но тоа не било можно. Владиката Иларион ја изгубил свеста. Малку пред крајот му олеснило. Го однеле во болница и оттаму им пишувал на блиските: „Јас сум тешко болен од пегав тифус… во сабота, на 15 декември се решава мојата судбина (криза на болеста), тешко дека ќе ја поднесам“. Преку денот неговата температура се искачила на 41, тој иако изнемоштен, сам пешки се упатил кон болницата, но помошта кон страдалникот била невозможна. Кога во болницата му кажале дека треба да го избричат, владиката рекол: „Сега правете со мене што сакате.“
Неколку дена подоцна почнал да паѓа во агонија. Пред смртта кај владиката дошол лекар и побрзал да заведе дека кризата минувала, на што владиката одговорил: „Сега сум прилично слободен!“, „Колку е добро што сега сме далеку од…“ Тоа биле последните зборови и недоизречената мисла на праведникот кој ја очекувал радосната средба со Бога.
Блаженото претставување и погребението
На 15/28 декември 1929 г. се случило блаженото претставување на владиката кај Господа. Митрополитот Серафим го побарал за погреб телото на архипастирот. Архиепископот Иларион не се распознавал. Преку ноќ грубо ископале гроб за светиот. Во гробот лежел изнемоштен старец, со избричена глава, а Свештеномаченикот имал само 43 години, меѓутоа надворешен изглед бил соодветен на неговиот духовен раст на старец.
Митрополитот Серафим ја дал својата бела одежда и белата митра за погребение. По облекувањето владиката го положиле во друг, подобар гроб.
Властите поставиле услов да нема никаков свечен погреб и никакви надгробни говори. Опелото се одржало во Воскресенскиот храм на Новодевичеевиот манастир. Митрополитот Серафим (Чичагов), архиепископот Алексиј (Симанскиј), епископот Амвросиј (Либин) и епископот Сергиј (Зјенкевич) се молеле во олтарот, а самиот чин го вршел епископот Николај (Јарушевич). Надгробните слова биле забранети, но владиката Николај ги прочитал блаженствата, додека сите присутни плачеле.
Свети Иларион секоја од тие блаженства ги исполнил етапно во животот и откако исполнил сè што Господ му назначил, архиепископот Иларион со соборот на руските новомаченици и исповедници, од горните живеалишта ја слушал молитвата од Црквата што војува: „Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата.“
Според зборовите од Евангелието: Кај што е трупот, таму се собираат и орлите – каде што е духовникот, таму се собира и верниот народ кој го бара Бога, на опелото и погребот спонтано дошле неколку илјади верни жители од градот. Храмот не можел да смести ни мал број од оние што сакале да се простат со владиката. Архипастирот кој на слобода не проживеал ни две години од своето епископско служење, по особена Божја промисла го завршил својот земен пат во северната престолнина Петербург. Владиката го погребале на гробиштата на Новодевичеевиот манастир. Почитувањето на свештеномаченикот Иларион почнало веднаш по неговото упокоение.
На свои 26 години возраст, идниот свештеномаченик напишал дека научил со особена љубов и срдечна возбуда да ја чита од Поменикот молитвата за Црквата: „Најпрво спомни ја Господи, Твојата Црква – соборна, апостолска, која си ја добил со Твојата чесна крв, и утврди ја, укрепи и рашири, умножи, смири и непобедена од портите на адот во векови зачувај ја, раздорите стивни ги, паганските метежи згасни ги и појавувањето на ереси бргу разурни и искорени го и во ништо претвори го со силата на твојот Свет Дух“. Движен од таа синовска љубов кон Мајката Црква, архиепископот Иларион на земјата го поминал својот крстен пат на исповедничко служење, а сега е застапник пред Престолот на Севишниот.
И по многу десетлетија по неговото блажено упокојување верниот народ не престанал да го споменува нивниот огнен архипастир како маченик за верата Христова.
Канонизацијата на архиепископот Иларион била извршена за време на Литургијата на 10 мај (27 арил) 1999 г. во московскиот Сретенски манастир од Свјатејшиот Патријарх Алексиј.
Претходниот ден, на 9 мај, со мал авион неговите свети мошти биле пренесени од Петроград во Москва, последувани од игуманијата Софија заедно со неколку сестри и настојателот на Сретенскиот манастир архимандритот Тихон (Шевкунов). Во соборниот храм на Сретенската обител, каде биле пренесени светите мошти, се одржало сеноќно бдение, на кое присуствувале голем број луѓе.
Неговото општоцрковно прославување се одржало на јубилејниот Архиерејски Собор во 2000 г. Споменот на овој прекрасен светител, украс на Црквата му е на 15/28 Декември.
Телото на починатиот епископ, облечено во бели владички одежди, било поставено во подготвен ковчег и пренесено во црквата на манастирот Новодевичи, каде што бил извршен погребот. На погребот учествуваа митрополитот Серафим Чичагов, архиепископот Алексије Симански, епископот Амвросие Либин, епископот Сергије Зенкевич и голем број свештени лица. Погребната служба заврши во четири часот попладне. После тоа, тие го кренаа на градите и го однесоа на гробиштата на манастирот Новодевичи додека ја пееја химната „Помошник и патрон за моето спасение…“
После тоа, тие го кренаа ковчегот и го однесоа на гробиштата на Новодевичкиот манастир каде беше погребан.
Свештеномаченикот Иларион Троицки е прогласен за светител на Соборот на РПЦ одржан од 13 до 16 август 2000 година.
Отец Гаврил Галев
Игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија
Born Vladimir Alexeyevich Troitsky on September 13, 1886 into a family of hereditary clergymen in the village of Lipitsa in the Kashira district of Tula Province, the future Archbishop Hilarion was an eager student from an early age. Vladimir was raised by his mother’s sister Nadezha, who was a teacher, as his mother died while he was very young. He learned to read at an early age. He began his education in the local church school. Then, he continued on at the seminary in the Tula Province, before being sent to the Moscow Theological Academy.
Vladimir was noted as an excellent student who always earned the highest marks in all his courses. He graduated from the Moscow Academy in 1910 with a Candidate degree in Theology with honors, and then remained at the academy with a Professorial scholarship. In 1913, Vladimir received his Master’s degree in Theology based on his paper An Overview of the History of the Dogma of the Church.
The year 1913 was also the year Vladimir made his commitment to Christ. On March 28, 1913, he received his tonsure as a monk in the Skete of the Paraclete of the Holy Trinity-St. Sergius Lavra and was given the name Hilarion. On June 2, 1913, he was ordained and became a hieromonk. Fr. Hilarion was then raised to the rank of archimandrite a month later on July 5, 1913. Completing the year 1913, Archm. Hilarion was appointed inspector of the Moscow Academy on May 30, 1913 and then was confirmed as Professor of Holy Scripture in December.
His theological works were an enrichment of ecclesiastical scholarship and his sermons resounded like bells calling on the people of God to faith and moral renewal. During the Local Council of 1917-1918, he made an inspiring stand in favor of the restoration of the Patriarchate, noting that the Church of Russia was never without a first hierarch nor being conciliatory until the decrees of of Peter I abolished the position. After the election of Abp. Tikhon as patriarch, Archm. Hilarion became his fervent supporter.
After the Bolsheviks came to power in early November 1917, they began to persecute the Church. By March 1919, Archm. Hilarion had already been arrested. His imprisonment lasted three months. On May 23, 1920, Archm. Hilarion was elected to the episcopate and then the next day, May 24, he was consecrated Bishop of Vereya, a vicariate of the Diocese of Moscow. From the time of his consecration Bishop Hilarion was to see less than two years of freedom. His episcopal service became a path to the cross.
Bp. Hilarion enjoyed great authority among the clergy and his fellow bishops and had gained great respect for his mind and steadfastness in the Faith. But, before two years had passed since his consecration, Bp. Hilarion was sent into exile in Archangelsk. After a year he returned to Petrograd and became Patr. Tikhon’s closest like minded advisor along with Abp. Seraphim (Alexandrov). Patr. Tikhon raised Bp. Hilarion to the rank of archbishop upon his return from exile. With this appointment Abp. Hilarion’s activities broadened. He engaged in discussions with Yevgeny Alexandrovich Tuchkov, the plenipotentiary for Church affairs of the GPU, on the need for a ordered life in the Russian Orthodox Church on the basis of canonical law and labored to restore the ecclesiastical organization, without success.
Abp. Hilarion became a thorn in the side of the renovationists. On July 5, 1923, he threw the renovationists out of the Sretensky Monastery as they tried to serve an All-night Vigil for the feast of the Vladimir Icon of the Mother of God, and then after re-consecrating the cathedral, returned the monastery to the Church. Abp. Hilariion had heated debates in Moscow with the Living Church priest Alexander Vvedensky during which he exposed Vvedensky’s cunning and lies. Recognizing Abp. Hilarion’s influence, the renovationists exerted their influence with the Bolshevik government to have Abp. Hilarion sent to exile. In December 1923, Abp. Hilarion was sentenced to three years in prison and was sent to the Solovki prison camp (formerly the Solovetsky Monastery) on the White Sea.
At Solovki Abp. Hilarion preserved all the good qualities of the soul that he had gained through his ascetic labors, both before and during his monastic life and as a priest and hierarch. One eyewitness related when a group of six clergy, of bishops and priests including Abp. Hilarion, were laboring as net-makers and fisherman, Abp. Hilarion paraphrased the hymns of Pentecost, remarking “Formerly, the fishermen became theologians. Now the theologians have become fishermen.”
Abp. Hilarion was one of the most popular inmates of the labor camp. He is remembered as tall, robust, and with brownish hair. Personal possessions meant nothing to him, so he always gave his things away to anyone who asked for them. He never showed annoyance when people disturbed him or insulted him, but remained cheerful.
During the summer of 1925, Abp. Hilarion was moved from Solovki to a less severe prison in Yaroslavl. There he was able to receive spiritual books and so was able to read patristic literature and keep notes. These notes he was able to pass on to friends for safekeeping. While at Yaroslavl, Abp. Hilarion was approached, through the GPU, to join the Gregorian schism. Seeing through the offer, he steadfastly refused, but his refusal resulted to three more years of imprisonment at Solovki, where he arrived again in the spring of 1926.
In June of 1927, he was transferred to Moscow for discussions with Abp. Gregory and various secular persons who insisted that he “gather courage” and head the Gregorian “Supreme Church Council.” This, Abp. Hilarion categorically refused, explaining that the actions of the council were unjust and a waste of time, and he further advised Abp. Gregory, as a brother, to abandon his plans as they were not necessary and harmed the Church. Abp. Hilarion was returned to Solovki,
In December 1929, he was transferred to Alma-Ata in Central Asia for a term of three years. Traveling under guard, he arrived in Leningrad, in rags after being robbed on the way, infested with parasites, and very sick with typhus. Lying in the Leningrad prison he wrote “on Saturday, December 28, my fate will be decided (the crisis of the illness). I am unlikely to survive.” When told that he needed to be shaved, he replied, “You may now do with me whatever you wish.” Our confessor of Christ died on December 28, 1929, at the age of forty four.
After obtaining permission to take his body for burial, Metr. Seraphim (Chichagov), who occupied the Leningrad see at the time, brought white hierarchical vestments and a white miter to the prison hospital. They vested him and took him to the church at the Novodevichy Monastery in Leningrad for the funeral and burial services in which Metr. Seraphim and Abp. Alexei (Simansky), Bps. Ambrose (Libin) of Luga, Sergius (Zenkevich) of Lodeinoe Polye, and three other bishops participated.
On May 10, 1999, Holy Hieromartyr Hilarion, Archbishop of Vereya, was glorified as a saint by the Moscow Patriarchate of the Russian Orthodox Church. On the eve of his canonization, the Holy Hieromartyr’s relics were translated from St. Petersburg to Moscow and placed in the church of the Sretensky Monastery

