// Google analytics code

Љубов: природна или евангелска?

иг.б.

Од учењето на отците знаеме дека постојат два вида на љубов: природна и евангелска, или љубов во Христа. Природната љубов во нас е засадена со самото стварање, па постои во секој човек. Таа, исто како и другите човечки особини, повредена е од прародителскиот пад, од гревот, па затоа подлегнува на помали или поголеми, краткотрајни или долготрајни промени. Христос, Кој на чудесен начин ги исцелува сите наши недостатоци, ја исцелува и повредената љубов: Тој заповеда во луѓето да го љубиме Него – Господ. Со тоа љубовта ја поставува на највисокиот степен на ревност, и дарува чистота, духовност, светост. На тој начин, огнената љубов во Христос, го гаси хаотичниот чад од огнената телесна љубов која е помешана и составена од имнагинарна, непостоечка наслада и страст рамна на жестоко, убиствено мачење. Со перото водено од чувството на духовна љубов св. Јован Лествичник напиша: „Љубовта кон Бог ја гаси љубовта кон родителите и другите блиски по тело; оној кој вели дека ја има и едната и другата љубов, прелестува”. И уште вели: „Огнот со огин се гаси, односно телесната љубов со Божествената љубов”.
Кога внимателно ќе се погледнеме себе, а со Божја помош, можеме да увидиме дека во најдобар случај ја имаме природната љубов, а евангелската тек треба да ја стекнеме.

Св. Игњатиј Брјанчанинов


About The Author