// Google analytics code

Падот на верата води кон распад на семејството

Родители, носете ги своите деца в црква, насочувајте ги кон патиштата Божји и учете ги како да бидат правдољубиви. Направете го тоа за нивно добро, и за свое добро, и за иднината на слободата во Македонија бидејќи за слободата да цвета, мора да имате морал, а тој, на крајот на краиштата, произлегува од верата.

 

Mенаџерот за односи со јавноста од Аризона (САД) и долгогодишен набљудувач на  состојбите во Македонија и во Југоисточна Европа, напиша колумна која ја објави дневниот весник Дневник.

Курир во целост го пренесува текстот на тема „Вера и слобода“.

Следејќи ги новостите на мојот „Твитер“ минатата сабота, на 20 јули 2013 година, забележав „твит“ од еден холандски господин кој поставил фотографија од внатрешноста на една црква во Холандија која била претворена во библиотека, и одеше со следниов придружен текст: „За разлика од Македонија, Холандија ја менува судбината на постојните цркви наместо да гради нови.“ На ова, еден мој пријател Македонец одговори: „Македонија ги обновува црквите разурнати од комунистите“. Во согласност со традицијата на големите социјални мрежи, холандскиот господин потоа одговори: „Тогаш, претпоставувам Холанѓаните се некој вид комунисти, иако помалку уништувачки“, за на крајот мојот пријател да му возврати велејќи: „Македонците ја напуштиле религијата принудно, а Холанѓаните своеволно“. Уф, тоа болеше!

Морав и јас да се вклучам во дебатата, па го прашав холандскиот господин: „Според вас, тоа е добро или лошо?“, а веднаш потоа и се надополнив постирајќи една длабока вистина: „За слободата да цвета, потребен е морал, за кој е потребна вера. Тие што ја напуштиле верата, сигурен сум, ќе исчезнат.“ Подоцна тој ми одговори: „Верата има многу пројави. Тие што гледаат добро од верата во моралот и во животот, сигурно треба да ~ останат верни.“

Премногу луѓе денес – особено тие на Запад – им се поклонуваат на златните идоли на телињата-близнаци НАТО и ЕУ, за кои веруваат дека им носат напредок и безбедност, а за возврат си ги продаваат дури и душите. Тие ја напуштаат верата на своите родители, верата што ги издигна Европа и САД, и наместо тоа трагаат по инстант-угодување, радикална индивидуализација и „еднаквост“, што во нивната терминологија значи да се уништи другиот за да се изградиш себеси.

Македонците имаат долга традиција на верата изразена низ трите светски монотеистички религии – христијанството, јудеизмот и исламот – и покрај нивните разлики во сфаќањето на спасението и на животот по смртта, сите три религии се со сличен став по определени прашања на денешнината, особено жешките културолошки теми како абортусот и правата на хомосексуалците. Затоа им е и природно на Македонците од христијанска вероисповед да продолжат да градат цркви.

Францускиот писател од 19 век, Алекси де Токвил, во своето антолошко дело „Демократијата во Америка“, не потсетува дека „… владеењето на слободата не може да се воспостави без морал ниту, пак, моралот без верувања (вера).“ И повторно: „Слободата гледа на моралот како на свој соборец во борбите и во триумфите, како на лулка на своето детство, како на божествен извор на своите тврдења. Ја смета религијата за чувар на моралот, а моралот за гарант на законот и на увереноста дека слободата ќе трае.“

За жал, премногу луѓе на Западот денес веруваат дека постхристијанското општество е најдобро и дека за верата нема место во нашите соседства, градови и држави. Но овие, од видот на Џорџ Сорос, всушност имаат сопствена вера, го признале тие тоа или не – таа се нарекува секуларен хуманизам и нејзин идол, нејзин предмет на обожавање, е човекот. Тие сакаат да ја заменат традиционалната верба во Бога со верба во човекот, што доведува до секакви проблеми. Ако се сомневате во моите зборови, погледнете ја денешната состојба на политичкиот и на економски Запад. Во исто време, тие прогласуваат дека „на религијата не ~ е местото на плоштад“ и негираат дека нивната религија, секуларниот хуманизам, е вера и дека има свои догми и верувања што тие сакаат да ги наметнат кај остатокот од општеството.

Kако посветен христијанин, верувам дека цркви треба да се градат с` додека има верници на кои им е потребно светилиште во кое ќе одат, во кое ќе добиваат поуки од Библијата, во кои ќе учат за моралното живеење и ќе се дружат со другите верници. Сепак, мора да напоменам дека на човек не му е потреба црква за да го слави Бога – Бог може да се слави секаде и во секое време. Но црквите се и биле отсекогаш, од раѓањето на христијанството (или кусо потоа), место на кое се собираат верниците и видлив знак за верата на заедницата (како и исламските џамии и еврејските синагоги).

Проблемот со поголемиот дел од Западна Европа, како што нашиот холандски пријател сликовито покажа преку својата фотографија на напуштена црква претворена во библиотека, е што верата е во нагло и брзо опаѓање. Овој пад ќе продолжи да води кон распаѓање на традиционалното семејство, а со тоа е на општеството во многу сфери и на многу начини.

Македонија веќе има многу христијани зашто повеќето Македонци, денес, се верници на Православната црква. Освен тоа, во Македонија опстојуваат и други христијански деноминации (јас ~ припаѓам на протестантската гранка од христијанството иако не сум припадник на ниту една конкретна деноминација – јас само велам дека сум следбеник на Исус од Назарет). Тоа што е потребно и што јас би го поттикнал е поголемата посетеност на црквите, и не само за да се запалат свеќи, да се прекрстиш и да се помолиш (иако тие работи се важни). Родители, носете ги своите деца в црква, насочувајте ги кон патиштата Божји и учете ги како да бидат правдољубиви. Направете го тоа за нивно добро, и за свое добро, и за иднината на слободата во Македонија бидејќи за слободата да цвета, мора да имате морал, а тој, на крајот на краиштата, произлегува од верата.

Извор: www.kurir.mk


About The Author