// Google analytics code

Непрестајната молитва, небо – рај, во срцето – Старец Јосиф Спилеот

Твоите усни непрестајно нека ја изговараат молитвата: Господи Исусе Христе, помилуј ме! Твоето дишење нека се приврзе за Името на нашиот Спасител. Кога тоа ќе потрае доволно долго, умот ќе се навикне да го изговара тоа со внатрешното слово. А кога умот ќе се очисти со молитвата, ќе ја спушти во срцето. Ќе дојде до соединувањето на умот, зборовите и срцето. Со други зборови, со непрестајното повикување молитвата наоѓа пат до срцето преку вдишувањето и издишувањето. Тогаш умот, зборот и срцето стануваат едно. А срцето, кое непрестајно се очистува прима соодветна и осенувачка благодат. Така малку по малку, внатре во тебе ќе се создаде небо – рај, а ти тоа нема ни да го забележиш. Знај само дека сѐ, почеток и крај на секое добро, е Христос. Ние ништо не можеме сами да направиме ако Христос не содејствува со Својата божествена благодат. Најпрво Тој ни се откри, па потоа ние Го спознавме. Ние Го љубиме Него бидејќи Тој првин нас нѐ возљуби. Ако Тој не подејствува во нас, доброто нема да се покрене.


About The Author