// Google analytics code

Непланирана посета на Ливан

од страна  на Александрискиот патријарх и Кипарскиот архиепископ

Четврток, 06.06.2013 год.

„Дојдовме за да му покажеме на целиот свет дека Православието е во единство и дека Антиохискиот патријарх Јован не е сам.“ Со овие зборови Александрискиот папа и патријарх Теодор и Кипарскиот архиепископ Хризостом ја објаснија својата одлука да го посетат Антиохискиот патријарх Јован во Ливан. Нивната посета се случува во многу тешко време за Антиохиската патријаршија, која што особено во Сирија е исправена пред големи опасности. Двајцата претстојатели на православните Цркви изјавија дека сакаат да го охрабрат Антиохискиот патријарх Јован, кој што во шестмесечниот период после својот избор на тронот на многувековната патријаршија се соочи со проблемот на граѓанска војна, антихристијански гоненија, убиства на православни клирици, а меѓу другото и киднапирањето на неговиот брат, митрополитот на Алепо – чија што судбина сè уште е неизвесна. Трите високи ерарси го посетија историскиот манастир „Успение Богородично“ во Баламант и се вратија во своите земји.

Неодамна Антиохискиот патријарх Јован го изрази своето жалење што судбината на православната Црква во Сирија и воопшто на Блискиот исток останува настрана од општествениот интерес. Неодамна уште еден православен клерик стана жртва на убиство во завојуваната земја. Бугарскиот патријарх Неофит исто така испрати писмо со поддршка до Антиохиската Црква, во кое тој напиша: „Веруваме дека изразената поддршка кон Вашата света Црква од страна на сестринските православни Цркви и на сите коишто застануваат во заштита на вредноста и неприкосновеноста на свештениот дар на животот, даден од Бога, ќе ви дава сила и ќе ве укрепи во овој тежок момент.

Извор :  Двери 

 


About The Author