// Google analytics code

Нема ли љубов, нема Црква – Св. Јован Кронштатски

crБидејќи веруваме во Црквата, како во заедница на луѓе кои веруваат во Господа,  луѓе кои се соединети во едното Тело – Главата е Христова, и кои се одухотворуваат преку едниот Свет Дух кој ја просветлува Црквата, ние, како делови на Телото на Црквата, мораме да внимаваме и да се љубиме едни со други. Да се љубиме како себеси, како своја душа и тело, отсекувајќи го од срцето свое секое самољубие, користољубие, завист, одбивност, гнев, непријателство, злопамтење, блуд и невоздржување, а простувајќи си едни на други, исто како што за себе тоа од другиот го очекуваме. Мора да бидеме снисходливи спрема слабостите на нашите браќа, да им помагаме сесрдно и со добра воља.

 

 


About The Author