// Google analytics code

“Иверско-Монтреалска.” икона

brat.Josif.jpg

Брат Јосиф. Првата икона која тој да доби од Света Гора и почна да мироточи. Маченички беше убиен во Атина во 1997. По неговата маченичка смрт никој не знае каде е мироточивата икона

 Канада живееше еден брат во Христа Јосиф. По потекло тоа беше шпанец, новопокрстен. Еден ден тој ја посети Света Гора, поточно беше во еден скит. Таму тој ја видел иконата на Мајката Божја – Иверска, рачно насликана. Што тој почувствувал кога ја видел иконата, не знаеме, но пред да замине од таму, отец Клемент од истит скит  го вратил назад и му рекол: “Пресветата Дева Богородица ќе замине со тебе.” Така тој да добил истата Иверска икона. 

Подоцна на 24 Ноември 1982 истата икона почнала да мироточи. Оваа мироточива икона беше наречена “Иверско-Монтреалска.” Иконофорос (хранител) на иконата беше брат Јосиф. Тој ја носеше насекаде на поклонение. Ја имаше при себе цели 15 години. На 30 Октомври, во Атина, тој брутално беше мачен во хотел, во неговата соба и убиен. Од тогаш никој не знае каде се наоѓа таа мироточива икона. Просто кажано, Бог за земал од нас. Брат Јосиф беше иконофорос на мироточивата икона 15 години. Тој загина маченички за Мајката Божја. Погребан е на гробиштата во Џорданвил.

Во 2008 години, по соединувањето на Руската Задгранична Црква со Москва, на Хаваи, во домот на еден верник, брат Нектариј протече копија од иконата на Мајката Божја Иверска. Неговиот парохиски свештеник истата икона ја купил од Торонто, во Канада за 20 долари и му ја подарил нему. Истата таа почна да мироточи. Кога веќе видоа дека иконата многу мироточи, Светиот Синод на Руската Задгранична Црква ја прогласи иконата како мироточива и одлучи хранител на истата да биде брат Нектариј. Многумина ова чудо со новата икона која почна да мироточи ја поистоветуваат со онаа на брат Јосиф. Всушност оваа икона Бог ни ја прати како утеха. Едната, на брат Јосиф, ја зема, но друга, иста Иверска ни прати.

Оваа година е јубилејна за таа мироточива икона. Се исполнуваат пет години откако почна да мироточи иконата. Главната прослава се одржа на почетокот на Октомври во Катедралниот храм во Сан Франциско, посветен на Мајката Божја- Радост на сите нажалени, каде што се наоѓаат нетлените мошти на свети Јован Шангајски и Сан Франциски. Низ тие три дена во тој храм дојдоа пет илјади луѓе за да се поклонат на мироточивата икона. Брат Нектариј често патува низ цела Америка, носејќи ја мироточивата икона на поклонение.

Обично мироточивата икона доаѓа во Џорданвил на денот кога беше убиен брат Јосиф и на неговиот гроб служат панихида.  И додека трае панихидата тоа благоухание не престанува. СО ЕДЕН ЗБОР, ИКОНАТА МНОГУ МИРОТОЧИ. На крајот, кога ќе заврши панихидата, брат Нектариј ја отвори иконата и целото дрво околку иконата е облеано со миро. Исто така  на памукот кој стое под иконата, мирото на памукот е како и обично во жолта боја, но на некој дел е и светло црвена (или светло кафеава). Братот Нектариј вели дека многупати мирото од иконата ја менува бојата.

brat.Nektarij.jpg  

 Брат Нектариј, хранителот на мироточивата икона Иверско-Хавајска.Истата почна да мироточи во 2008 год.
Bogorodica.Iversko.Havajsk1.jpg

  ПО МОЛИТВИТЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА, БОГ ДА ГО ЧУВА И ЗАШТИТИ НАШИОТ НАРОД ОД РАЗНИ НАПАСТИ, ИСКУШЕНИЈА, ОЧАЈАНИЕ, ЛАЖНИ УЧЕЊА…А ХРИСТОС СО НЕГОВАТА МАЈКА, ПРЕЧИСТАТА, ДА НЕ ПРИВЕДАТ КОН ЕДИНИОТ ВИСТИНСКИ БОГ!

Троитско – Свет Манастир
Џорданвил, Њујорк
Стојан Серафим Андов


About The Author