// Google analytics code

За празнословието – Св. Јован Златоуст

Бог, Кој нé создал, ни го дал во употреба словото, за да ги откриваме еден на друг своите срдечни помисли – исто така, секој од нас, поради истородност на нашата природа, да ги предава мислите свои на ближниот, откако ќе ги изнесе од скривницата на своето срце. Ако ние живееме, имајќи душа со ништо необлечена, тогаш би се разбрале еден со друг – моментално, само преку мисла.

Меѓутоа, доколку мислата се произведува во нас од душата, покриеното со завеса – тело, тогаш за разоткривање на скриеното во нејзината длабочина, потребни се слова и имиња. Поради тоа, нашата мисла, штом ќе го добие закониот звук, веднаш се пренесува во нејзиното слово, и како во лаѓа, препливајќи го воздухот, преминува од оној што говори кон оној што слуша – и ако најде длабока и тивка тишина, словото се сокрива во слухот на поучуваните, како во спокојно и мирно пристаниште; ако ли пак, кај слушателите, подобно на свирепа бура, настане матеж, словото прскајќи во воздухот, претрпува бродолом.

Воздржиго својот јазик од зло и твоите усни да не говорат измама: зашто гревот извршен со јазикот, е тврдо многуобразен и дури најлесен. Се разгневиш ли – јазикот брза да влезе во услуга. Ако те опфати некаква лакомост – јазикот пред сé, ти служи како преведувач, кој те потпомогнува во гревот и те води во искушение на ближниот. Јазикот за тебе е и орудие на неправдата, ако не зборува од сре, а служи за измама на другите. ТЕШКО Е НАКУСО ДА СЕ ИЗБРОЈАТ СИТЕ ГРЕВОВИ, ИЗВРШЕНИ ОД ЈАЗИКОТ: СРАМОСЛОВИЕ, СМЕОТВОРСТВО, ГЛУПАВ РАЗГОВР, НЕПРИЛИЧНИ ЗБОРОВИ, ЗЛОСЛОВИЕ, ЛАЖНОСВЕДОШТВО, ЛАЖЛИВА КЛЕТВА – СЕТО ОВА И УШТЕ БЕЗБРОЈ ДРУГИ ЗЛА СЕ ПРИЗВОДСТВО НА ЈАЗИКОТ.

Тие пак, кои отвораат уста и ја срамат Божјата слава и високо говорат неправедно – со што друго ја вршат таа нечесност, ако не со својот јазик? И ти, откако преку своите зборови ќе бидеш осуден, воздржи го својот јазик од зло и не собирај суетни богатства преку јазик лажлив. Воздржи ја и својата уста, за да не произнесува измама, т.е. направи сé можно, така што тие орудија, кои ти се дадени во служба на словото за вистина и правда, да бидат слободни од лукави дејства. Измамата е скриено злодело против ближниот, извршено под маската за добро.

Секој јавен збор, кој не е склон кон определена од Бога потреба – е празен и штетен. Опасноста од таков збор е онаа, дека тој, наизглед и дозволен да биде, што не води во поука за верата, не го ослободува виновникот и од одговорност – а штом не е поучителен, тој може да биде склон и кон навреда на Духот Свет. Апостолот многу јасно ни говори и поучува за случајот: „ Никаков лош збор да не излегува од од устаа ваша, туку само добар, за издигање каде што треба, за да им принесе благодат на оние што слушаат “ (Ефес. 4,29).


About The Author