// Google analytics code

За петте леба и двете риби – игумен Гаврил

Секое добро и секој совршен дар доаѓа од Бог. И се што е создадено доаѓа од Него и кон Него гтреба да ги насочиме нашите мисли, нашите погледи, нашите дела, и целиот наш живот и надвор од Него нема ништо. Луѓето како овци без пастир, барајќи спас останале со Христос до доцна во пусто место, па Исус Христос кога им рекол на оние што го следат да поседнат по земјата ги зел петте леба и двете риби погледнал кон небото, ги благословил им ги дал на апостолите, неговите ученици, последователи. Не им ги дал директно на народот, туку на апостолите. Тоа значи дека секој дар во Црквата е од Бога, преку неговите ученици, односно свештенослужителите. Најпрво Епископите, а потоа и свештениците и другите јерархиски чинови во Црквата. И тогаш во рацете на апостолите, тие лебови, таа храна се умножувала и уште собрале 12 кошови остатки, што кажува дека благодатта на Светиот Дух, која Господ ни ја дава е преку свештенството и е неисцрпна, но ние мора да се потрудиме за неа. Најпрво треба да го побараме Бога, потоа да му поверуваме и да содејствуваме со него.

Апостолите, размислувале логично. Тие немале храна и немале со што да нахранат толку луѓе. Но Господ Исус Христос знае. Тој има рекој, дајте им вие да јадат. Апостолите го имале Исуса Христа, но сеуште не биле доволно освестени дека он е единиот Бог и дека Он може се. Меѓутоа, кога Господ Исус Христос и ја покажал таа можност дека со пет лебови и две риби можат да нахранат 5000 души мажи и плус женте и децата, тие не се противеле и докажувале дали е возможно или не, затоа што “здравата” логика вели дека тоа е невозможно. Но тие простодушно (смирение), поверувале (вера) му ги донеле (дела, труд, принос) петте леба и двете риби и тогаш Господ ги благословил и преумножил и тие им давале (дар) на народот (се е од Бога).

Преку светата Тајна крштение ние го примаме полнотата на дарот на Светиот Дух во нас. И тој дар, таа благодат ние треба да ја чуваме и умножуваме. Ако се имаме верба во Бога, послушание, љубов и дела, тогаш таа благодат ќе се умножува во нас како и петте лебови во рацете на апостолите и тоа е за кое велат светите Отци дека ќе наследиме благодат врз благодат.

Нека благодатта на Светиот Дух, љубовта на Бога Отецот и заедницата на Светиот Дух да бидат со сите нас! Амин!


About The Author