// Google analytics code

ЗА ЕДИНСТВО ВО ПРАВОСЛАВНАТА ВЕРА – Свети Јован Кронштадски

Господи, утврди го во верата моето срце и срцата на сите христијани. Со ова верување и со ова животно настојување достојно вразуми не`. Соедини ги во верата сите христијански заедници, несреќно отпаднати од единството со Светата Православна Соборна Црква, чија глава и Спасител си Ти. Спаси ги од горделивоста и противењата нивните учители и нивните следбеници. Дарувај им со срце да ја сватат вистината и спасителната Твоја Црква и желбите за соединување. Прибери ги во Твојата Црква и болните кои живеат во незнаење, заблуда и желби за поделби. Скрши ја со силата на Твојот Милостив Дух, нивното тврдокорно противење на Твојата вистина, да не пострадаат како Кореј, Датан, и Авирон, противејќи им се на Мојсеј и Аарон, слугите Твои. Во оваа вера привлечи ги сите јазици кои ги населува земјава, та со едно срце и со една уста, на сите јазици да Те слават Тебе, Единствениот Бог и Добросторител. Во оваа вера соедини не` со духот на благост, понизност, бесстрасност, простодушност, трпеливост, милосрдност, соучество и заедничка радост.
Свети Јован Кронштадски

About The Author