// Google analytics code

За даровите на жените мироносици – св. Јован Шангајски и Сан Франциски

StJohnMaximovitchСите наши материјални дарови Господ ѓи прифаќа само како надворешно пројавување на нашето внатрешно поклонение пред Него, ѓи прифаќа така како и секој друг надворешен израз на љубовта и почитта кон Него.

Така и нашите дарови имаат цена пред Бога, колку што со нив се соединети нашата љубов кон Бога, молитвите и срдечното покајание  за нашите гревови.

Затоа, одете сите смело кон Христа, принесувајте Му дарови, кој каков може; поистоветувајте се со мироносиците, и на оние што стоеја на вистинскиот пат, а и на паднатите во бездната на гревот (по ревност за принесување на дарови).

Принесувајте Му топли молитви и покајание од дното на душата, а нивното надворешно изразување нека бидат дарови на Црквата, која е Телото Христово (Еф. 1,23; Кол.1,24), помагање на Неговите најмали браќа (Мт. 25 , 40), украсување на храмовите, целив на иконите и другите светињи.

Господ ще приеме всеки наш дар за Църквата, като благоуханно миро, няма да отхвърли нашите сълзи и целувки, но ще въздаде прощение на многото грехове, на тези, които са обикнали много.

Господ ќе го прифати секој наш дар за Црквата, како миризливо миро, нема да отфрли нашите солзи и целиви, но ќе му простување на многуте гревови на оние кои се возљубиле многу.

Само за тоа треба да се грижеме – нашиот дар навистина да биде чист пред Бог, да нема во нашите чувства суета или гордост, презир и омраза кон ближните, а исто така и да биде пројавено сета наша ревност, па нашиот дар да биде пријатен на Бога за да не се изедначиме со оние кои зборувале на Христа – “Радувај се” – со потсмев над Него.


About The Author