// Google analytics code

Градинар

oliveНасадил градинарот млади стебла со маслинки, па се помолил:
– Господе, те молам, подај дожд за маслинките.
И Господ даде дожд. Младите витки ја впија сета влага и се исправија, а градинарот продолжи:
– А сега Господе, те молам, сонце е потребно, на стеблатата им треба топлина.
И Господ подаде сонце. Маслинките убаво растеа, а градинарот повторно се молеше за нив:
– Господе, прати им мраз, младите стебла треба да го зацврстат коренот и гранките.
Господ прати мраз… но, младите витки не го издржаа студот. Градинарот во жалост почна да ропта и очајува. Појде кај друг градинар, со намера да ја подели својата тага.
– Види! И јас имам млади стебла со маслинки – рече другиот градинар.
И навистина, неговите стебла беа многу убави. На Бог секој ден Му се молам за нив. Му велам:
– Господе, Ти си Творецот на се’, па и на моите маслинки. Ти најдобро знаеш што ним им е потребно.

Така и ние, често се молиме на Господа да ни го даде она што по наше мислење, чиниме ни е неопходно. Но Тој е Оној кој единствено знае што навистина ни е потребно.


About The Author