// Google analytics code

А, Вие отец Силуан, ќе кажете ли нешто по овој повод?

Еден монах му раскажал на старец Силуан Атонски нешто што прочитал во весник и патем, го прашал: А, Вие отец Силуан, ќе кажете ли нешто по овој повод?

- Јас, синко, не ги сакам весниците и нивните новости — одговорил тој.

- Зошто така?

- Затоа што читањето весници го помрачува умот и пречи чисто да се молиш.

– Чудно — рекол монахот.  Мене пак, обратно, весниците ми помагаат да се молам. Ние живееме овде во пустина, ништо не гледаме и така душата постепено заборава за светот, се затвора во себе и заради тоа молитвата ослабнува… Кога читам весници гледам како живее светот и како страдаат луѓето и од тоа кај мене се појавува желба да се молам. Тогаш, служам ли литургија, се молам ли во себе во ќелијата, јас од душа го молам Бога за луѓето и за светот.

- Душата, кога се моли за светот, и без весници подобро знае како тагува сета земја, таа знае какви потреби имаат луѓето и ги жали.

- Како може душата да знае од себе што се прави во светот? — прашал монахот.

- Весниците не пишуват за луѓето, туку за настаните и тоа најчесто невистинито; тие го воведуваат умот во метеж и сепак, вистината од нив нема да ја дознаеш. А, молитвата го очистува умот и тој сѐ гледа подобро.

Преземено од http://azbyka.ru/otechnik/

newspapers 1


About The Author