// Google analytics code

Свети Силуан Атонски – Отец Гаврил Галев

| September 24, 2025

~+~ 24  СEПТEМВРИ Животот и делото на Свети Силуан останало сокриено за многумина сe’ до неговото завршување на овоземниот живот и неговото блажено преставување пред Бога, по Кого, како паднатиот Адам, цел живот плачел и копнеел и со солзи Го барал. Тоа е израз на неговото длабоко смирение иако неговото познание и заедница со Бога била […]

Житие на Свети Иринеј Лионски – Отец Гаврил Галев

| September 4, 2025

~+~ Бог во секое време си избира и поставува достојни луѓе, кои ќе ја понесат одговорноста да бидат наследници и преносители на дарот на Преданието Божјо. Секој во своите услови, ја вршат „својата“ улога и оставаат обележје во животот на Црквата. Како алка во синџир се надоврзуваат едни на други и ја образуваат Црквата и […]

Четири завета на Свети Наум

| July 3, 2025

 ~+~ Еден ден пред Божиќ, кога свети Наум ја беше завршил светата Литургија во манастирот и ги беше причестил монасите и народот, почувствувал дека му се приближува разделбата од овој свет. Гледајќи го монасите неговото бледо лице, од кое излегувала некоја блага светлина, почувствувале во своите срца дека наскоро мора да се разделат од својот […]

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

| May 27, 2025

~+~ Свети Леонтиј е роден во Струмица, поранешен Тивериополис, од богати и благочестиви родители. На Крштението го добива името Лав. Штом научи да чита почна да ги изучува Светото Писмо и житијата на Светиите, a во душата му се роди желба да стане монах. По смртта на родителите се повлече на една осамена гора, каде […]

СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

| May 24, 2025

Со какви пофални песни да ги прославиме богомудрите учители: Методија, љубителот на пустина та, кој се збогатува со плодовите на Духот живеејќи во тихување;  и Кирила златоустиот, кој се чувствува со горната премудрост со љубовта кон Мудроста. Солунски браќа од благородничко потекло Светите Методиј и Константин-Кирил Солунски, израснати во високиот круг на византиската општествена хиерархија, постануваат византиски мисионери и […]