// Google analytics code

ЗА ВОЛЈАТА БОЖЈА И ЗА СЛОБОДАТА

| July 27, 2015

Големо богатство ќе поседуваме ако и се предадеме на волјата Божја. Тогаш во душата е само Господ. Друга мисла не постои. Таа со чист ум Му се моли на Бога, и ја чувствува љубовта Божја, дури и телесно да страда. Кога душата целосно и се предава на волјата Божја, тогаш Самиот Господ почнува да раководи […]

Свети Новомаченик Андреј Грузиски и Абхазиски – Игумен Гаврил

| July 7, 2015

Темелите на христијанството во Грузија или Иверија, како уште се нарекува оваа земја, се положени уште од првиот век. Најпрво овде проповедал св. ап. Андреј, потоа и св. ап. Симон Кананит и св. ап. Матија, како и апостолите Вартоломеј и Тадеј. Според преданието, по педесетница, според заповедта на Господ Исус Христос, “одете и проповедајте го […]

Житие: Свети Наум Охридски

| July 3, 2015

Нашиот преподобен и голем отец Наум, согласно воспитувањето на благородните родители, откажувајќи се од благородството и богатството, им се придружи на рамноапостолните браќа Константин Философ и Методиј. Станувајќи им придружник на овие прекрасни мажи и благовесници на Вистината, се предаде во нивни раце. Нив ги имаше за пример во сè и за свои учители, поучувајќи […]

Секој христијанин треба да си најде мотив и неопходност за да стане свет

| July 2, 2015

Само верата, која не завршува со ова земно постоење, ни дава сила да не се врзуваме за овој земен живот и, се разбира, за неа на каков било начин да бидеме унижени, деградирани и понижени. Само човек со длабока и искрена вера може вистински да биде слободен. Зависноста од Господ Бог е единствената зависност што […]

А, Вие отец Силуан, ќе кажете ли нешто по овој повод?

| July 1, 2015

Еден монах му раскажал на старец Силуан Атонски нешто што прочитал во весник и патем, го прашал: А, Вие отец Силуан, ќе кажете ли нешто по овој повод? – Јас, синко, не ги сакам весниците и нивните новости — одговорил тој. – Зошто така?