// Google analytics code

Родословот на Богомладенецот – Отец Стефан Санџаковски

| January 5, 2016

Уште малку дена нè делат од големата радост на светото и торжествено Рождество на Спасителот, малечкото Богоотроче, во витлеемската пештера. А денес, пак, според премудриот ум Христов, светата Црква Божја нè соочува со фактот дека духовниот простор и просторот на светов се исполнети со сите свети богоугодници, чиј спомен токму денес го паметиме. А ги […]

Христијани во светот, но не од светот – Св. Григориј Богослов

| January 4, 2016

Христијаните живеат на земјата, но над сè земно; меѓу луѓето, но над сè човечко; ограничени, но слободни; притеснети, но од ништо поробени; во светот немаат ништо, но сите богатсва се нивни; живеат двоен живот – едниот презирачки, а другиот грижлив; преку смртта се бесмртни; со откажување од нештата се соединети со Бога; не знаат за […]

Бескрајна е Божјата благост кон луѓето – Старец Гаврил Светогорец

| December 30, 2015

„Бескрајна е Божјата љубов и благост кон луѓето. Он нас нè љуби силно, бидејќи сме Негов род. Иако ние секој час се откажуваме од Бога, Он лесно не се одрекнува од нас. Но сепак Му е помило кога луѓето нарочно Му се обрнуваат. Он во вревата на градовите тешко да ги слуша и онака срамежливите, […]

ЗА БАДНИКОВИТЕ ПРОСЛАВИ – Митрополит Струмички Наум

| December 30, 2015

Официјално, како празник славењето на Рождеството Христово е воведено негде после Миланскиот Едикт од 313 година, кога престанало државното гонење на Црквата. На личен план, Рождеството Христово можеме вистински да го славиме ако со умот го пронајдеме влезот за внатрешноста во нашето срце, влезот за пештерата, каде што Христос положен во Јасли лежи. Прашање: Од […]

За многуговорливоста – Игумен Гаврил

| December 28, 2015

Многуговорливоста е исто така голема демонска замка за губење на благодатта. Нашиот ум секогаш треба да е смирен, прибран и собран во молитвата, а многуговорливоста пак го прави умот да биде расеан и неконцентриран за молитвата и Бог, па затоа и оваа навидум наивна страст е голема пречка во подвигот за стекнување и зачувување на […]