// Google analytics code

Архимандрит Oтец Гаврил Галев: Прочка

brojanОваа Недела е и прочка, ден за простувањето и помирувањето меѓу себе и со Бог. Простувањето е основа и почеток на духовниот живот како и Големиот Пост. Во претходните недели Светата Црква не поучуваше за гордоста и смирението, за покајанието, за судот Божји, а сега и за простувањето. Простувањето е како врата. Ако простиме, ние ја отвараме таа врата и со тоа во своето срце Го примаме Бог и оној на кого сме му простиле. Простувањето е примање на Бога во себе. Но ако некому не простиме, значи дека Христос е надвор од нашето срце и ние немаме ништо со Христос.

Простувањето е ослободување. Ако не простиме, гневот, нељубовта, студенилото, лошите желби, чувства и намери и сé лошо останува во нас, сé до оној момент кога ќе простиме, и тогаш се ослободuваме од нив. Кога срцето се ослободува преку простување, благодатта расте, радоста е неизмерна, a љубовта неискажлива. Во спротивност, ќе си го носиме тежина и студенилото преку целиот живот и тoa ќе ни тежи, а што е уште пострашно ако не простиме, таа тежина и студенило продолжуваат и по смртта во вечни маки.

Не е лесно да се прости. Заради нашата падната природа, заробена, пред се од страста на Високото мислење за себе си, гордоста, или стравот од погазување на сопственото его, тешко ни е да простиме.

Но како да се бориме? Заради љубовта Христова. Ако тој, дојде, пострада и се распна заради нас, редно е и ние тоа да го направиме за него. Во моментот не ќе можеме да простиме и ќе се бориме одреден период, но да сакаме и Да се потрудиме. Bажно е да се бориме и според тоа ќе видиме дали и колку го сакаме и сме со Христос. Ако успеeмe да простиме за пократок период, тоа значи дека сме поблиску до Него, и обратно.

Најпрво, треба да се воздржиме да не вратиме на злото со зло. Потоа да почнеме да се молиме, за (потоа) Господ да не смири и благодатта Божја да се всели во нас за да имаме сила да простиме.

Господ нека ни прости на сите нас. Најпрво јас барам прошка на сите што сум и згрешил, а исто и простувам на секој што ми згрешил. Ве повикувам сите да си простиме помеѓу себе и да не дозволиме ѓаволот да стои помеѓу нас и да не разделува. Христос да е помегу нас! Aмин.

Архимандрит Oтец Гаврил Галев


About The Author