// Google analytics code

Христос се роди! Навистина се роди!

gggРождеството Христово, светата Црква, најсвечено го празнува како еден од најважните настани во историјата на човештвото. Затоа што, ако Христос не се воплотеше и родеше, немаше да биде реално и нашето спасение. Раѓањето Христово му дава смисла на животот човечки. Христос се роди како човек и му овозможи на човекот да се роди повторно (преку крштението), да ја победи смртта и да го наследи животот вечен. Преку рождеството Христово ни се даде можност да станеме синови Божји и наследници на Неговото царство.

Христос е центарот на се’ создадено, видливо и невидливо. Со Неговото раѓање витлеемската пештера, таа вечер, Тој ја направи центар на светот. Не беа тоа раскошните царски палати, туку една обична овчарска пештера. Зашто беше цар смирен и светот не Го прими.

Кога се роди Богомладенецот Христос, целата вселена му се поклони. 

Ѕвездата од Исток застана над местото каде што беше младенецот.

Мудреците следејќи ја, од Вавилон дојдоа да му се поклонат и дарови да му пренесат.

Пастирите вчудоневидени Му оддадоа чест и Го прославија.

И Ангелите на небесата го воспееја извикувајќи: “слава на Бога во висините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја.”

И ние, да му го принесеме своето срцето на Бог и да го направиме Христос центар на нашиот живот. Да го исчистиме(срцето) и положиме јасли во него. Да го отвориме како некогаш пештерата за да во него, Христос благодатно се роди. Срцето наше да му постане дом и во него да се всели мирот и тишината. Тогаш ќе се исполниме со светлина и топлина и нашиот живот ќе се претвори во непрестајна радост.

Покајанието и исповедта го чистат срцето, а добрите мисли и дела се Негова постела, молитвата е светлина и љубовта – огнот која го стоплува. Да се сакаме еден со друг и да се почитуваме. Да не се мразиме. А ако нешто сме си згрешиле, да не држиме лутина и да си простиме. Да не се озборување и меѓусебно да не се повредуваме. Тоа се даровите коишто Бог ги бара од нас.

Овој ден е Божји ден. Ден на снисходувањрто Божјо кон човекот. Исто е и ден на соборноста на Црквата, кога земната и небесната Црква се собра околу Богомладенецот Христос и Неговата Мајка. Затоа и ние во овие празнични денови да ги оставете земните грижи и сите заедно да се собереме во Црквата за да му се поклониме како пастирите, да му принесеме (духовни) дарови како мудреците и да го воспееме како ангелите на небесата пеејќи: “слава на Бога во висините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја.”

Нека ви е честит празникот на рождеството Христово и за многу години!

 

ХРИСТОС СЕ РОДИ! Навистина се роди!

 


About The Author