// Google analytics code

ОТЕЦ ГАВРИЛ ГАЛЕВ: ЗА ПОСЛУШАНИЕТО

poslushanie~+~

„Еднаш четворица Скитјани, облечени во кожа, го посетиле Великиот Памво и секој раскажал за добродетелите на својот собрат. Едниот многу постел, другиот жевеел во сиромаштија, третиот имал многу љубов, а за четвртиот велат дека дваесет години бил послушник на својот Старец. Памво им одговорил: „Ви велам дека доблеста на последниот е најголема. Зашто секој од вас со својата волја ја задржал доблеста што ја стекнал, а овој, бидејќи ја отсекол својата волја, постапува според волјата на другиот. Таквите луѓе биваат исповедници, ако издржат до крај“.

Знаејќи го тоа и Авва Мојсеј советува да го бараме послушанието. А послушанието е: „cовршено откажување од својата душа докажано со посредство на телесни дејствија и дејствие без расудување“, какво што покажува Авва Јован Колов кога неговиот Старец го зел својот сув стап и го забил во сувиот песок, велејќи му: „Cекој ден полевај го ова дрво со чаша вода додека не донесе плод“. Аввата секој ден одел до најблискот извор, излегувајќи наутро, а враќајќи се навечер, и го полевал дрвото. И, навистина, по три години тоа донело плод – „плодот на послушанието“.

- „Гроб на својата волја и воскресение на смирението“ покажано преку примерот со Авва Сисој, кога овој, гледајќи го послушанието на Авва Атр, го запрашал каде го пронашол. А овој смирено му одговорил: „не е мое, туку на мојот Старец (Ор)“. Покажувајќи му го послушанието на Старецот, зел две риби, едната ја расипал, а другата многу добро ја спремил, и му ја принел прво полошата, велејќи му:

- Добра ли е Старче?

- Добра е, многу е добра – одговорил овој.

Потоа му ја принел и подобрата и му рекол:

- Оваа ја расипав Старче!

- Да, малку си ја расипал – одговорил овој.

- „Hепротивречење и нерасудување ниту во доброто, ниту во привидно лошото, зашто одговорноста за сe ја зема духовниот Отец“, како што му направил Авва Јосиф на еден брат, кога му рекол да јаде во петок наутро. Братот многу се збунил и не знаел како да постапи. Тогаш Авва Јосиф му рекол: „отците во почетокот го кажуваат тоа што е погрешно, а ако видат дека тие (послушниците) го прават тоа што е погрешно, знаат дека и во сe ќе бидат послушни“.

- „Bоздржување од расудување дури и при богатство на расудливост“, како во случајот со Авва Захариј кој имал видение од Бога, а неговиот Старец и телесен татко Авва Корониј, кој бил попрактичен и не многу темелен во тие работи, му рекол дека видението е од демонот. Но, Авва Пимен му го раскажал случајот. Тогаш овој расудливо му кажал: „Видението е од Бога, но сепак оди и покори му се на својот татко“.

– Уште послушанието е: „доброволна смрт, живот туѓ на љубопитство, безгрижна чедност, неподготвувано оправдание пред Бога, без страв од смртта, патување во сон“, „отфрлање на лицемериeто и сопствената желба“.

poslushnikПослушник е оној кој со тело стои пред луѓето, а со умот удира во небесата преку молитва, или поетски речено од Лествичник: „Со едната нога подготвена за служење, а со другата неподвижно на молитва“.

Демонот се труди телесно да го оскверни послушникот, го прави жестокосрдечен, го одбива од послушание, го прави прекумерно беспокоен, сув, бесплоден, мрзлив за молитва, сонлив и помрачен, за да помисли дека нема никаква полза од послушанието, дури и да отстапи од него (послушанието), па и од сиот подвиг. Зашто тој не му дозволува на послушникот да сфати дека промислителното одземање од нас, на тоа што ни изгледа како добро, бидува повод за најдлабоко смирение. А на оние, пак, кои достигнале некое совршенство (напредок во духовниот живот) под раководство на Старецот, им внушува во умот дека се веќе духовно зрели и способни за безмолвие, или пак да се вратат во светот како „спасители“. Гордоста и неисповедувањето, па и навидум незначајните помисли, претставуваат голема опасност за послушникот, а најголемата од сите во која се собрани сите предходно наведени, се нарекува своеволие.

На првиот степен од духовниот раст, послушникот поднесува голема скрб, самонасилие и крваво самопринудување. Првиот знак за заздравувањето е самоосудувањето или спознавањето на својата сопствена слабост и немоќ.

На вториот степен веќе не ја чувствува скрбта, па доаѓа на некој повисок степен и поради вложениот труд, очекува награда од Бога, да потоа со умот слегува во адот на смирението, сметајќи се себе си за непотребен и недостоен за сите и за сe, а особено за Бога.

А да се дојде до целта потребни се постојаност во подвигот и неизоставно совршено и безрасудно послушание кај опитен Старец, избран според својствата на нашите сопствени страсти. Чист образец на претходно кажаното наоѓаме во житието на Авва Јован Колов, кој добил помисла да води безгрижен ангелски живот и така да го слави Бога. Паднал на помислата и заминал сам во пустината. Но, по една седмица се вратил, си избрал духовник и се предал на послушание според нормите што ти наведува Авва Јован Лествичник: простота, трпение, незлобие, спокојно поднесување навреди, прекори, исмејување и грдење, секаков вид бесчестење од страна на духовникот, ближниот или непријателот, а од себе засрамување, што во душата на послушникот се горчливи како пелин, но и ја очистуваат од страстите.

Водејќи здрав монашки живот во послушание, скрушение, бдеење над срцето, самоунижување, воздржување на умот и телото, духовно безмолвие, рамнодушност кон надворешноста, кроток јазик, целомудрие, сеќавање на смртта и ставајќи ја совеста како огледало на послушанието, послушникот ја прави својата совест чиста и мирна и далечна од секаков страв, па и од смртта.

Исполнет со радост и љубов, од Бога бидува обдарен со даровите што Он Му ги има подготвено за следењето на овој пат: смирение, од смирението расудување, од расудувањето распознавање, до дарот на прозорливост и совршената бестрасност.

 

Отец Гаврил Галев

( Извадок од книгата: Добродетелите во Лествицата на Свети Јован Ласвичник и Египетскиот Отечник )


About The Author