// Google analytics code

Опширно житие на Св. Нектариј Егински, еп. Пентаполски

sv1

„Цел на нашиот живот е да биднеме совршени и свети. Да се покажеме чеда Божји и наследници на Царството Небесно. Но, да внимаваме, поради овој живот да не бидеме лишени од идниот. Да не се случи, поради животните грижи и немирот да ја занемариме целта на нашиот живот.“

Св. Нектариј

 

Свети Нектариј се родил и живеел во едно специфично време во кое како светилка засветил во примракот во кој се наоѓала Православната Црква во тоа време. По распадот на славното православно ромејско царство и многувековното инославно турско ропство, националните преродби или поточно – поделби, духовни бранувања, почеток на новиот светски поредок се карактеростиките на духот на времето кога се родил Анастасиј или идниот св. Нектариј Егински, еп. Пентаполски. 

​Меѓутоа тој нема да се исплаши и подпадне под притисокот на влијанието на овие промени туку храбро ќе се носи со предизвикот на духот на времето. Тој воведува „нов“ дух во Црквата, или поточно се враќа на самиот почеток од животот на Христовата Црква, апостолско и светотаински.

Исповеда, проповеда, пишува боговдахновени книги, со што ја разбудува помалку заспаната христијанска свест. Го враќа монаштвото во неговата аскетско – исихастичка основа и старчество.

Тој е вистински Епископ и пастир на овците кој својот живот го полага за нив. Успева елинската (традиционална) философија, западната схоластика (секуларизмот) и грчкиот национализам (етнофилетизмот) да ги покаже во нова светлина и православно да ги насочи кон Христа. Таквиот пастир го познаваат овците, го слушаат и одат по него.

 

Раното детство

 Светиот Архиереј на Црквата Христова Нектариј e роден во гратчето Силиврија, Источна Тракија во 1846 год. Потекнува од побожно работничко семејство, во коешто е роден како петто од вкупно шестте деца. Неговите родители Димос и Василики Кефалас биле сиромашни но благочестиви и во срцето богати исполнети со добродетели и доблести. При светото Крштение го добива името Анастасиј. Со особена топлина меѓу детските спомени на светителот му се врежале сеќавањата на неговата баба, која заедно со неговата мајка го учеле на добродетелниот живот во Христос и  му биле и првите патеводителки во подвигот на молитвата.

​Неговата огромна желба да учи и му служи на Бог, многу рано го одделува од семејството и сите оние, кои му биле блиски. Затоа што немале доволно средства да му ја исполнат оваа негова желба На тринаесетгодишна 14 возраст го напушта својот роден град и заминува за  за да работи како чирак во цариградските дуќани, на тој начин споможувајќи ја издршката на своето семејство.

Уште од раната возраст околу малиот Анастасиј се случуваат настани кои само избраниците Божји ги следат. Кога сакал да тргне за Константинопол капетанот не сакал да го качи затоа што бил мал, па слатко му се исмејал. Но лаѓата никако не секала да се помрдне од пристантето. Тогаш на капетанот му омекнало срцето гледајќи го тажниот поглед на детето па се смилостивил и го качил. О чудо! Само што се качил, бродот непречено тргнал.

Друг пат кога сакал да си појде дома за празник. Бродот со кој патувал го зафатила бура. Сите патници во ужасот почнале да негодуваат против Бога. А, Анастасиј, држејќи се за навалените едра, од сè срце извикувал: „Боже мој, спаси ме. Ќе учам богословие, за да ги натерам да замолчат оние што го хулат твоето свето Име.” Одненадеж бурата запрела и бродот среќно стигнал до брегот.

Животот во Константинопол на Анастасиј воопшто не му бил лесен, меѓутоа ревноста за Бога не ја напуштал. Работел кај еден суров човек во продавница за тутун. Дење работел тешко, а ноќе и читал духовна литература. Поттикнат од неговата детска ревност за на секој пакет пишувал по една светоотечка порака за да би се поучиле тие што купуваат.

Единствена одбрана на малиот Анастасиј против суровоста и безчувствителноста на големиот град му била неговата простодушна вера и молитвата. Бог не го оставил. Наоѓајќи се во безизлез затоа што немал доволно пари, кутриот Анастасиј со детска простосрдечност, решава да напише писмо, кое го адресира – „До нашиот Господ Исус Христос на небесата“. Во него тој напишал:

„До мојот пресладок Исус. 

Ме праша зошто непрестано плачам. Причината, мој Господи, е таа што облеката ми се распаѓа дотаму што и на чевлите ми се појавија дупки. Поради тоа ми излегуваат прстите и многу ме боли, зашто сега е зима и се смрзнувам.

Синоќа му се обратив за помош на мојот газда, но тој ме истера надвор. Ми рече да побарам од родителите да ми купат нова облека. Најсладок мој Господи, до сега толку многу работев, а не можев на мајка ми да и испратам ниту еден грош. Што сега да правам и како да работам без облека? Само што ќе ја закрпам облеката, таа пак се кине. Те молам, прости ми што те вознемирувам со своите маки. Ти се поклонувам и верувам во Тебе.

Твојот верен слуга, Анастасиј. “

​Ова писмо во сета своја наивност го дава на стопанот од еден соседен дуќан да го испрати во пошта. Меѓутоа, тој штом ја прочитал адресата на писмото, изненаден го отвора, и како добар христијанин, купува облека и чевли за малиот Анастасиј, испраќајќи му ги тајно во пакет на кого едноставно напишал: Христос до Анастасиј. Навистина, верата во Христа сè може да постигне и чудни се патиштата на Неговата промисла. Радоста на малиот Анастасиј немала крај. Се радувал што Господ го слушнал неговото писмо, а се радувал и затоа нема повеќе да оди парталав и има што да носи. Меѓутоа, кога газдата го видел во нова облека се посомневал мислејќи дека го украл, па го изнатепал и отпуштил. За среќа, човекот од соседниот дуќан, оној кој му даде пари, го преќинал и го спасил момчето, кој и подоцна му понуди работа каде што му понудиле подобри услови, поголем мир па дури имал време да си ја чита библијата и житијата на светиите и да се моли.

По некоја година Анастасиј престанува да работи по локалните дуќани и наоѓа работа како помлад предавач во училиштето, кое принадлежи кон Цaриградската црквата на „Светиот Крст“, додека паралелно и самиот учи средно училиште. На тој начин, полека започнува да ја остварува својата мечта за служба во Црквата. На дваестгодишна возраст, пак, засекогаш го напушта Константинопол и заминува на островот Хиос, кадешто почнува да работи како учител во тамошното селце Лити.

Неговиот благ карактер и љубовта кон Божествената наука позитвно влијаела врз учениците така што тие, а преку нив и возрасните, набргу се проникнале со љубов и длабока почит кон него. Тој од учениците создал прекрасен хор и самиот со нив пеел во селската црква, но неговата душа тежнеела кон монаштвото нешто повозвишено. Тој од се срце го посакувал рамноангелскиот монашки живот.

 

На Хиос

На возраст од 22 години Анастасиј се преселил на островот Хиос и почнал да работи како школски учител. Таму тој не само што предавал, туку и проповедал. Моралот во селото и школата бил на најниско ниво на почетокот од неговото учителствување, а постепено почнал да се подига до потребниот степен, благодарение на трудот на учителот Анастасиј. Тука се задржал 7 години.

За сето време додека работил Анастасиј го посетувал Старецот Пахомиј во Скитот на Светите Отци на Гората Протавејска и разговарал со него за духовниот живот во Христос. Преку тие разговори во него уште толку се разгорува копнежот за посовршен живот и воден со желбата да се замонаши заминал во манастир. На 7 Ноември 1976 Анастасиј познатиот и древен манастир Неа Мони примил монашки постриг и го добил името Лазар.

Му било доделено да го извршува послушанието секретар. Се покажал како многу смирен и кроток монах, заради што го засакале сите браќа во манастирот.  На 15 Јануар 1877 год. со благослов на митрополитот Георгиј e ракоположен и во ѓаконски чин и бил преименуван во Нектариј.  ревносно го исполнувајки си ги сите послушанија. Ги изучав светите отци и Во манастирот Неа Мони останува три години кога благочестивиот Јоанис Хоремис му ја исполнил неговата најголема желба, овозможувајќи му да оди во Атина на школување. Во Атина успешно ја завршува гимназијата и по сугестија на г-динот Јоанис о. Нектариј заминал во Александија на служба кај Александрискиот Патријарх Софрониј IV.

По совет на Патријархот Софрониј, повторно се упатил кон Атина, сега да студира Богословски науки. Во 1882 се запишува богословски факултет каде што покажал особен интерес и запазителни резултати завршувајќи го факултетот на 13 Ноември 1885 со највисоки оценки.

 

Древниот Египет

Сега како завршен богослов се враќа во Египрт и на 13 Март 1886 бил ракоположен во јеромонашки чин. За само пет месеци подоцна да бие удостоени и со архимљндритски чин.

Бил поставувeн за проповедник и секретар а потоа и за преставник на Патријаршијата во Каиро.  И сега го покажува својот посебен карактер рвност и целосна посветеност на послушанието што му е дадено покажувајќи посебно резултати во подигнувњето на светста кај клириците да проповедаат и го поучуваат народот божји, за редот и поредокот во храмовите… Забележувајќи ја таа негова ревност Патријархот Софрониј го унапредува во Голем Ахимандрит на Александриската Црква.

На 15 Јануари 1889 год, по точно три години служба како јеромонах, бил хиротонисан во епископски чин со титула епископ пентаполски во црквата св. Никола во истата црква каде бил ракоположен за Јеромонах и произведен за Аргимандрид.

Oваа одлука да прими епископски чин ја прима најтрезвено и со страв Божји, свесен за одговорноста и возвиженоста на овој чин. Чинот не го возвишува својот носител, туку само добродетелта има сила да возвиши” – пишувал тој во тие години.

 

Гонет заради правда…

Епископот Пентаполски, Нектариј станува познат меѓу сето православно стадо во Египет. Сите го засакуваат и почитуваат поради неговата саможртвена љубовност кон сите и со која им пристапува на луѓето, особено кон бедните и унесреќените, молитвениот жар, со когошто насекаде ширел несекојдневна надеж, и неодоливата кроткост, којашто ги разоткрива бездните на христоподобното смирение.

Брзото напредување, љубовта на Патријархот и народот, а уште повеќе добродетелниот и чист живот на светителот во многу предизвикувале завидливост и омраза. Како што за тоа велел самиот светител: „Добродетелниот човек е подложен на искушенија и испитувања во овој свет”, но во длабочината на своето срце тој се радува, зашто совеста му е мирна. Светот ги мрази и презира добродетелните луѓе, навистина истовремено завидувајќи им, за што нашите предци велеа: самиот непријател ѝ се восхитува на добродетелта.

сето тоа воедно предизвикало и завист кај оние Црковни „службеници“, коишто се одвраќале да се подвизуваат во наведените благодатни добродетели кои ги поседувал и го украсувале светителот. Клеветите од страна на оние кои му го скроиле заговорот дошле и до ушите на веќе девеесетгодишниот Патријарх Софрониј, кај кој од големата љубов и доверба што ја имал кон Нектариј почнал да се сомнева и го   надзор. Подоцна му забранува да работи за да на крајот Најнапред Конечно, без како и да е предупредување и оразложение биде остстранет од Патријршијата.

Влијателните луѓе на патријаршискиот двор се плашеле дека сеопштата љубов кон светителот ќе го воведе во бројот на претенденти на местото Патријарх Александриски, бидејќи Софрониј веќе бил во поодминати години. Тие го наклеветиле светителот, обвинувајќи го не само во алчност кон патријаршискиот престол, туку и за неморален живот. Митрополитот Пентаполски бил разрешен од служба без образложение и без право на жалба. Единсвено што можел е да ја напушти египетската земја.

Тој не се обидувал да се оправдува и заштитува. „Добрата совест – тоа е најголемото од сите богатства. Таа е – цената на душевниот мир и спокојното срце” – говорел во своите проповеди светителот, напуштајќи ја катедрата засекогаш.

 

sv2Своите не го примија…

Во 1890 год. се враќа во родната земја при својот народ кадешто место љубов го дочекува студенило, наместо почит го пресретнува презир. Лошиот однос го следел како сенка и во Атина, каде што се сместил. Напразно одел до инстанците, никаде не сакале да го примаат. Архиерејот по Божја Милост, влечејќи го жалниот опстанок, бил лишен не само од утеха, туку некогаш и од насушниот леб. Но, Господ му возвратил за тоа трпение. Најмногу му паднало тешко кога и своите не го прифатиле како свој, туку го сметале за странец.

Упорно барал работа, но никој не му излегувал во пресрет. Но Господ е голем и се е по Негова промисла. Само во чистотото и смирено срце се пројавува благодатта на Светиот Дух и затоа Тој допушта праведниците да бидат понижувани и да ги смирува за преку нивното смирение да ги воздигне и правејки подобни на Него.

Еднаш, кога по кој ли пат примал негативно решение во Министерството за религија, светителот слегувал по министерските степеници со насолзени очи. Здогледувајќи го во таква состојба, еден стар познајник од Египет го препознал и го застанал распрашувајки се за неговата ситуација. Дознавајќи  во која бедна состојба се наоѓа Нектариј, веднаш се врати назад кај министерот за образование и издејствувал за него место на проповедник во Евбеја, обраќајки му се остро со зборовите: Господине Министер, зошто сте го одбиле овој почитуван свештеник да го именувате за проповедник?Тој има богословска диплпома, собрат на манстирот “Неа Мони” на Хиос и може да ви поднесе писмена препорака од Светиот синод. Штом одбивате да поставите клирик со такви препораки, тогаш кого ќе именувате?”

Тој неможел да ја сокрие неговара радост. Бил пресреќен и нај искрено се заблагодарил на сите. Tака на 15 февруари 1891 бил поставен за проповедник во Евбеја.

Како некое непишано правило дека лошиот глас побрзо се шири од добриот, така да лошите гласини успеале да стигнат и до овие краишта уште пред да дојде светителот. Луѓето тука го пречекале непријателски, верувајќи им на клеветничките гласини. На Богослужбата присуствувале многу малку луѓе. И тие што биле, на неговите зборовие реагирале со презир и сомнеж. Дури и слушнал извици: “Симни се од таму Лицемеру и Фарисеју…”

На крајот, после отпустот, останал само еден свештеник кој милозливо го гледал и рекол за гласиите кои се расчуле пред тој да дојде. Меѓу другото на крај му рекол: “Очигледно, Оние кои сакаат да ве прогонуваат, очигледно нема да запрад, се додека не те уништат.”

Тој ден, се вратил дома скршен. Застанал пред распетието и со длабока воздишка изговорил: Што сторив Господи, оние што ме распнаа, толку да ме мразат? “ Во истиот миг, во душта почуствувал топлина и леснотија, само рекол:” сега разбирам. Прости им Господи…не е важно. Но е дека повторно ќе се обидам.

Но утредента имал уште поголем отпор. Некои свештеници дури отворено му се спротистваиле обвинувајки го како злосторник. Св. Некратиј само воздигнал, никого не обвинил, само рекол дека се надева дека оние што го гонат еден ден ќе се освестат.

И после вториот ден го направил истото. Застанал под распетието и се помолил: “Господи, ако е твојата волја да се оддалечам од овие луѓе, тогаш нека и биде… ти знаеш најдобро…повторно ќе се обидам.. и ако повторно не ги заинтересирам и со твоите зборови е ги допрам нивните срца, најдобро е да заминам да ти служам на некој друг начин…ќе појдам во некој од светогорските манасири и ќе бидам пустиник…”

И повторно Господ според својата љубов направил чудо. Господ им ги отворил срцата на верните да почуствуват дека овој човек е добар и полн со љубов, а тоа што го зборува е   душеполезно.  Тогаш Бог си ја пројави Својата волја и како што се ширеле ложите, со иста мера се рашириле и добрите гласови дека всушност еп. Нектариј бил наклевтен и лажно обвинет. На неделната богослужба, за чудо, храмот бил преполн. Отец Нектариј на проповед зборувал за гордоста. Неговата проповед била толку вдахновена што допреала до срцата на лучетоо и на крајот сите со аплауз го поздравиле и извикале: Аксиос (достоен)!

 

 

Вистината победува

За една недела низ градот проструила вестта, дека она во што граѓаните порано верувале за светителот било лага. Следнета недела неговата проповед била примена со воодушевување и црквата преполна. Се повеќе луѓе почнале да доаѓаат на литургија во Неделите а неговиот углед пораснал.

Во Евбеја бил до 19 Август 1893 кога бил преместен во Фитоида и Фокида.

 Живеејки како обичен проповедник насекаде каде го носи службата успева да придвижи искрена љубов меѓу најобичниот беден народ. Оној, кого Црковните „високи кругови“ го отфрлија и презреа, се најде возљубен и прифатен од кротките и простите. Нив и ги обдари со неброено мноштво на своите душеспасителни совети, со множество благодатани чуда, со коишто им има помогнато на многумина. Светителот умеел да каже: „Барајте Го секојдневно Господа; но внатре, во срцето ваше, а не некаде надвор. И кога ќе го најдете, застанете со страв и трепет како Херувимите и Серафимите, зашто срцето ваше станало престол Божји. Но за да Го пронајдете Господа, смирете се себеси до прав, зашто Господ се гнаси од гордите, додека ги љуби и посетува смирените по срце.

Љубовта од народот го придружувала Нектариј. Но, до крајот на животот тој морал да го носи крстот на прогонството и името на митрополит во немилост кој не припаѓа на никоја автокефална црква.

До крајот на своите денови Пентаполскиот Митрополит бил принуден да биде во несфатлива канонска состојба, потпишувајќи ги своите документи како: „патувачки епископ.”

Постепено темнината на клеветите отстапувала од името на епископот во немилост. Луѓето гледајќи го неговиот чист и добродетелен живот, слушајќи ги вдахновените проповеди – му се приклонувале. Славата на Пентаполскиот Митрополит од провинцијата дошла до престолнината и до грчкиот кралски двор. Откако се запознала со него, Кралицата Олга набргу станала негово духовно чедо. Благодарение на неа тој бил поставен за директор на ризариевата гимназија во Атина која била и богословска школа и Во неа се подготвувале свештенослужители и лаички црковни кадри. Во периодот на управување од светителот, школата ги доживеала годините на расцут и подем.

Неговиот начин на воспитание на децата и воопшто пристапот кон институцијата бил невообичаен и не секогаш правилно разбирам и критикуван. Но резултатите го покажале спротивното. Со неисцрпна љубов и трпение Нектариј се однесувал кон своите ученици. Познати се случаи кога за прекршоците на учениците, вината си ја земал на себе, со благост ги трпениел и на себе си преземал строг пост. Бил саможртвен кон сите на пример на сите.  Неуморен подвижник, работник и духовен писател. Секој можен слободен момент го користил да чита, се моли или пишува некое душекорисно четиво или богословски есеј.

​Веќе на почетокот од оваа борба светителот Нектариј излезе веќе како победник со самото тоа што во гнасните клевети и лукавства против него самиот остана кроток и полн со љубов кон своите клеветници и вражественици. Впрочем, самиот свесен за тоа вели: „И искушенијата се знак на Божествената милост.“

Во тоа време околу Нектариј почнале да се собираат неговите духовни чеда, многумина да одат кај него за совет и благослов. Тогаш во старецот – светител почнале да се пројавуваат даровите на божјата благодат: прозорливоста, дарот на исцелување. Кога тој служел Божествена Литургија, наоѓајќи се во молитвена состојба, неговото лице зрачело светлина која присутните ја гледале. Но, како и претходно, негов главен украс било смирението. Кога во школската црква доаѓал друг епископ да сослужува со него, тој никогаш не го заземал главното место, дури ако тоа и му припаѓало по правото на старешинство. Тој секогаш застанувал оддесно престолот, облечен само во мал омофор, а наместо митрата ја ставал црната монашка капа.

 

Ректор на Богословијата Ризарион

На 3 Март 1894 год. ја прима службата на управник на Богословијата Ризарион во Атина. Таму успева ја стекне довербата и љубовта на своите ученици, коишто во него наоѓаат неприкосновен духовен авторитет, нежен отец и скромен подвижник. На сите, коишто во тие години ја имаат посетено Семинаријата, им се врежала сликата за скромниот управник на училиштето, кој честопати го гледале како самиот ги врши и најтешките и најпонижувачки физички работи во школата.

Иако и овде имал искушенија успеал да го подигне реномето на школото на високо ниво. Децата ги мотививирал да бидат вискоморални и доблесни луѓе. Многумина од нив, подоцна станале угледни граѓани, свештеници, монаси па дури и владици. Казните не биле негов стил на воспитание, туку најчесто се однесувал со љубов и кротост кон децата а, одговорноста ја земал на себе.

Исто така им помагал и на своите колеги други работници. Останата е во менорија кога еден од работниците се разболел, па морал да оди на терапија. За да не го изгуби работното место, иако управник, самиот Нектариј тајно ја извршувал неговата работа. Подоцна, по Божја промисла, било откриено дека всушност тој ја одржувал хигиената дури и во тоалетите.

Во тоа врема во Грција почнал да навлегува секуларистичкиот дух, кој сакал да влезе и во Ризарион школото, но благодарение на Владиката Нектарј не успеал да ја заземе Ризарионоват школа.

Во тој период и многу пичувал. Неговиот мисионерски дуг го поттикнувал да пишува за да луѓето да си ја познаваат верата и ја чуват.

Паралелно со работата во Богословијата, почнувајќи од 1904 година, на блискиот остров Егина св. Нектариј организира мал женски манастир, во кого си го устројуваат животот неколку негови духовни ќерки.

Забележано е дека при неговата прва посета на островот едно демоноопседнато момче го пречекало со зборовите „владиката доаѓа на островот; одете и поздравете го…; доаѓа светецот, кој ќе го спаси островот.“ На тоа, светителот остро и недвосмислено одговорил: „Духу гатачки, злобен и нечист, ти заповедам во името на Иисуса Христа Распнатиот да излезеш од ова момче!“ И истиот миг нечистиот дух исчезнал, не поднесувајќи го присуството на Духот Свети. Така, сиот народ можел да ја увиди заблудата и злото на било какво јасновидство, гатање или баење, посебно на таквите, коишто за полесна измама на простосрдечниот народ луково ја спомнуваат и ја злоупoтребуваат Црквата и Православната вера, без да знаат дека Бог не прима пофалби од лукавиот.

Меѓу многубројните духовни чеда, крај владиката биле и неколку девојки кои сакале да се посветат на монашкиот живот, но не се решавале да одат во никој манастир, за да не се лишат од духовното раководство на својот наставник.

Грижејќи се за нив како добар пастир, Нектариј почнал да бара пригодно место и своето барање го завршил на островот Егина. Наоѓајќи остатоци од стар манастир, тој со сопствени средства ја купил таа земја. Таму пристигале првите жители.

Во својот манастир светителот по Божјо откровение повторно го вовел чинот ѓакониси, кој одамна е исчезнат од практиката на Православната Црква. Жените да можат да помагат во црковата.

Целиот живот на манастирот се одвивал под раководство на светителот Нектариј, со кого сестра одржувала постојана дописка. Со каква татковска, љубов, грижа и нежност се исполнети неговите писма. Некое време светителот наедно раководел и со школата, престојувајќи во Атина, и со својот новооснован манастир.

​Конечно, после повлекувањето од должноста управник на Богословијата Ризарион (1908 г.), Св. Нектариј се повлекува на Егина и целосно се посветува на духовното раководење со манастирот, кој самиот го основал.

Дванаесетте последни години од животот тој ги поминал во манастирот со монахињите, воспитувајќи ги за Небесното Царство. Многу таги и искушенија требало да помине,

Ваков совет тој низ песна дава на секој монах:

Возљуби ја молитвата, постот и бдението,

биди усрден во трудот и пребивај во безмолвие,

усовршувај се во смирението,

трпението, истрајноста,

расудувањето и вниманието.

Почитувај го самоодрекувањето, благородието,

доброчинството, духот на правдата, цeломудрието

и чистотата срдечна.

Биди скромен, целомудрен, послушен, милостив,

повлечен и незлобив.

Не си простувај сам на себе, не заборавај си ја работата.

Засакај го трудот, протерај го стравот, отфрли го гневот,

Стекни го спокојството на духот.

Криј се од страсните желби.

Не се грижи за ништо излишно,

зашто само за едно треба да се грижиш,

за духовното возрастување.

Подвизувај се и устреми се кон совршенството,

За да би принел плод достоен на покајанието.

Имај си го во срцето споменот на

Името на Небесниот Жених,

та не престанувај Нему да Му служиш.

Возљуби го животот во дворите Господови,

и со сето срце прослави го Создателот и Бог твој.“

Искушенијата Бог ги допушта на оние што ги сака и на вистинските борци. Секому според потребата и степенот на духониот раст. И овде тие не го напуштиле, но постојано го следиле. Не нашол милост и потполно разбирање од надлежните Митрополити и Светиот Синод. Не тоа не го скршило и шаволот не успеал да го покори.  Тој не се откажал евангелската порака постапувал мудро како змија и незлобиво како гулаб.

Суштината на нашиот одговор на демонскиот напад секогаш е љубовта кон Бог и кон секој конкретен човек, па макар ни личел тој и на наш најголем непријател. Таков е и животниот патoпис на нашиот свет отец Нектариј Егински. Кога ќе си речеш дека конечно светителот здивнал од искушенијата ѓоволот ќе му сервира ново искушение. Бог знаејќи ја големината и трпението на “новиот Јов”, сакајќи уште толку да го возвеличи а да го понижи ѓаволот и за наша поука, на крајот на неговиот живот, му допуштил уште едно големо искушение.

Eдно од поголемите искушенија во тоа време му било искушението со Марија Куди. Имено, Во манастирот дошла 18-годишната Марија Куда, која избеглала од деспотската мајка – свеќарка. Свети Нектариј ја примил во манастирот. Тогаш мајката на девојката поднела тужба против светителот, обвинувајќи го за заведување на девојките и за убиство на бебињата што наводно ги родиле. Инспекторот кој стигнал во манастирот го нарекувал светиот кентаур и го влечел старецот за брадата, а тој смирено му одговарал, забранувајќи им на монахињите да плачат и да приговараат. Девојката ја прегледал лекар и утврдил дека е недопрена. „Убиените бебиња,” исто така, не ги нашле. Потоа мајката на девојката полудела, а инспекторот тешко се разболел и отишол да бара прошка од светиот.

download

Последните денови и сведоштвата после упокојувањето

Во Егина останал до крајот на својот земски живот. Долго криената болест најпосле го сторила своето.

Гледајќи го малиот старец, облечен во расо, како се мачи во страшна болка, дежурниот службеник прашал: „Тој е монах?” „Не – одговорила монахињата – тој е епископ.” „Прв пат гледам епископ без панагија, златен крст, а главно – без пари” – рекол службеникот.

Светителот го сместиле во третокласна соба за неизлечливо болни. Тој поминал во мака уште два месеца. Во денот на споменот на Архистратигот Божји Михаили и сите Небесни Сили, Господ ја повикал при себе душата на светителот Нектариј.

Во болница не поминал долго, му откриле рак. Чуда се случувале и во болницата. Медицинските сестри забележале дека завоите со кои биле повивани раните на светителот, се благомирисни. Заедно со светиот во собата лежел парализиран човек и кога душата на светителот го напуштила овој свет, тој добил целосно исцелување преку кошулата на свети Нектариј.

Веднаш по смртта, телото на светиот почнало да мироточи. Кога ковчегот го пренеле на Егина, целиот остров излегол со солзи да го испрати својот светител. Луѓе на раце го носеле ковчегот со светиот и потоа забележале дека облеката во која тие биле облечени за време на погребот на светителот – била благомирисна. Рацете и лицето на Божјиот угодник обилно мироточеле и монахињите со памук го собирале мирото.

 Се упокојува во Господа на 9 ноември 1920 година (стар стил). Само миг пред смртта, Св.Нектариј посведочил за гласот, кој во тие мигови му се обратил: „Влези, чедо, во радоста на Господарот свој, те чекаат овде со круната на славата.“ Последните, пак, зборови што светителот можел да ги изусти на овој свет биле: „Мене ли ми се обраќаш, Господи…“

​Погребан е во дворот на манастирот, на кого му ги посветил последните години на својот живот. Црквата Христова го вбројува во хорот на светителите кадешто во 1961 година.

​Неговото молитвено застапништво за родот наш Христијански оттогаш па до сега е непрекинато, бидувајќи пројавено низ низа од чуда, со коишто Бог го прославува овој свој угодник.

​Многубројни се сведоштвата на оние луѓе, коишто благодарение на неговото застапување на чудесен начин се избавиле од духовани и телесни несреќи и болести. Посебно голем меѓу нив е бројот на тие луѓе, кои во благодатоносното делување на Светиот Нектариј Егински најдоа исцелување од најстрашната болест – ракот. Затоа сите ние му се молиме со зборовите на молитвата:

Светителот е погребен во костурницата на манастирот. Костурницата, од различни причини, ја отворале неколку пати и секогаш се уверувале дека телото е негнилежно. Дури ни љубичиците што некое девојче ги оставило во ковчегот, немале ни трага од гниење.

Во 1961 г. се одржала неговата канонизација, биле отворени неговите свети мошти. Се покажало дека останале само коски. Како што кажале духовниците, моштите изгниле за да може да се разнесат по целиот свет, како благослов од свети Нектариј. Од времето на свети Григориј Палама, кој бил канонизиран 10 години по упокоението, во Православната Црква не е позната побрза канонизација од оваа, на свети Нектариј.

​Житијата  на светиите се доказ и сведоштво оти нашето потекло е небесно. Ние, значи не сме од овој свет, туку од другиот. Човекот е навистина човек само во Бога. Живееме на земјата, но за небото, бидејќи нашето живеалиште е на небесата (Фил.3,20) и нашата цел е самите себе да се подготвиме за небесното живеалиште, хранејки се со лебот Божји Кој слегува од неботo(Јн.6,33) на земјата. Но всушност сите оние кои живеејки на земјата со својот живот во Христа, живот наквасен со благодатта Божја го претвкусија небесниот, постанаа  ангели на небесата. Токму еден таков земски – ангел или небесен – човек  е Свети Нектариј Епископот Пентаполски.

​И покрај сите перипетии и тешкотии што ги имал во живoтот овој  Свет Отец, зад себе оставил голем број напишани богословски дела. Неговиот богат опус може да се подели во повеќе богословски области: Од областа на догматиката, етиката или аскетското богословие, потоа  пастирското богословие и катехетиката, уште има пишувано и историски книги, омилии и химни.

Свети Нектариј опитно исповеда дека: Бог е Творец, Седржител и Промислител  преку Него се постои и без Него ништо не постои од она што постои. Он на се дава дишење, живот и се. Според  неговите својства пак, Бог е премудар, сесилен, праведен, благ, свет…

Христијанството,  според Св. Нектариј, не е филосoфски систем туку вера која не бара само познавање на нејзините теории, туку и нивна примена во животот, затоа што пред се за свое начело го има воспитувањето на срцето, т.е. внатрешниот човек, и не само на срцето туку и умот и плотта, односно целосниот човек.

А Етичкиот закон, пак нас не ослободува од робување на страстите, та своите послушници ги прави етички слободни…Оние кои го чуваат етичкиот закон имаат просветлен ум и чисто срце.“

Вистински етосно слободниот човек, има моќ да го познае Доброто, запишано во неговото срце, да го познае Бога кој зборува во неговото срце, Кој се јавува во човековото познавање на себе и во тварта како во икона, па човекот постанува сличен на него… Етичката слобода му дава на човекот способност секогаш да прави добро и да го избегнува злото.

Особината на етички слободниот човек е етичка независност и добрина, чистота, скромност, етичка одважност, сила на волјата, непобедливост, неодстапност, одрекување од индивидуалноста, владеење со себе.

Наравот на етичкиот роб е љубов на неговиот ум кон гревот, етичка зависност од страстите, етичка неслобода, озлобеност, грешност, гордост, надменост, безсрамност, кукавичлук, дрскост, неодважност, поразеност, безбожност, неправедност, лага и останатите зла кои војуваат и го омаловажуваат човекот.

​Свети Нектариј уште поучува дек: Молитвата, нерасејаната, внатрешната, усрдната молитва, е најсигурното и најсилно оружје и лек за достигнувањето на целта, совршенство според подобието Божјо, затоа ќе напише: „Така, оној кој сака да го очисти своето сопствено срце нека секогаш го грее со сеќавањето на Господа, бавејќи се непрестано со тоа и само тоа правејки го, зашто не е правило некогаш да се молиме, а некогаш не, туку е добро постојано да се занимаваме со молитвата во чувањето на умот.

 

По молитвите на свети Нектариј, Господи Исусе Христе, поимилуј не!


About The Author