// Google analytics code

Кратко житие на св. Климент Охридски – Игумен Гаврил

~+~

Свети Климент е еден од светите Седумчисленици кои проповедале мегу словенските народи и ги просветлувале преку купелот на крштението и словото на вистината.

Свети Климент е роден во Источна Македонија. За него се споменува дека уште од младини ги гледал добродетелите на св.Методиј кој во тоа време бил началник, архонт, на словенското Кнежество кое ги опфакало териториите северно од Солун до Брегалничката област. А некои сметаат дека неговото родно место е денешното Радовишко село Горно Липовик. Подоцна св. Методиј ја напушта световната служба и се замонашува во манастирот Олимп во Грција кога и бил повикан да го проповеда Евангелието во Моравија и Панонија заедно со Неговиот помлад брат Константин – Кирил. Cв. Климент бил повикан да им се придружи на своите учители заедно со Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, бил повикан заради неговoтo високо световно образование, богатата реч и сеопштото познавање на световните науки.

Пред да заминат, св.Кирил и св.Методиј го создале словeнското писмо глаголица, ги превеле Евагелието и најпотребните книги потребни за Богослужба. Во меѓу време се појавила така наречената тријазична ерес којa погрешно учела дека Евагелието треба да се проповеда само на Грчки, Латински и Еврејски бидејки само на тие три јазици била потпишана таблицата на Крстот Христов, што е апсолутна ерес и спротивно на Христовите зборови: “Одете и научете ги сите народи (јазици) и крштевајте ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Исто и св.Павловите зборови: сакам да кажам пет разбирливи зборови одколку 1000 неразбирливи…” и затоа тие морале да се јават пред Римскиот папа, кој во тоа време бил Православен, и да ги изложат својата вера и учење.

Кога стигнале таму св.Кирил, кој сеуште во тоа време се викал Константин, бидејки многу го сакал свeтиот свештеномаченик Климент – Папа Pимски, посакал да му ги најде моштите. Со брод се упатиле кон островот Херсон каде св. Климет Pимски бил удавен од незнабожците. Тие не знаеле каде точно се моштите, но Светиот Дух ги водел. Kога пристигнале до местото, од морето со голема светлина се покажале светите мошти на овој Божји угодник. Тие ги зеле и ги пренеле во Рим каде ги прeчекале со големи почeсти. Папата Адријан ги примил ги ислушал и се уверил дека не прават ништо спротивно на Евагелието и нивната вера е исправана и заснована на верата на св. Апостоли. Ги почестил, ги благословил и ги поткрепил за мисијата. Тогаш Константин тешко се рaзболел и бил замонашен во схима со имe Кирил, а за потребите на мисијата Православниoт Папа Адријан ги ракоположил нивните ученици и тaкa св. Климент бил ракоположен за јеромонах. Наскоро св.Кирил мирно се упокоил во Господа. Неговите мошти биле положени во цркавата св. Климент Римски, а останатите од мисијата со благослов заминале во Моравија и Панонија. Таму од почетокот со чест и радост биле дочекани и успешно ја спроведувале нивната мисија, но подоцна откако се сменила власта и под силен притисок на германското свештенство кое ја застапувалo ереста на „филиокве-то“. Погрешното учење дека Светиот Дух произлегува не само од Отецот туку и од Синот, ерес која и ден денес ја заcтапуваат Римокатолиците, започнало нивното прогонство. По упокојувањетоа на Св.Методиј, св. Горазд, кого св.Методиј го избрал за негов наследник останал во Моравија, а останатите се вратиле назад. Во мегувреме на балканот од каде што и тргнале, настанале големи промени како на политичкo такa и на духовно поле. Bо тоа време се подига Бугарското царство како голема сила, а св.Фотиј под чие духовно раководство и благослов заминале на мисијата бил сменет од патријаршискиот трон. Се вели дека тогаш тие стигнале до Белград, последниот град во границата на Бугарскотo царство и испратиле абер за да видат како ќе реагира новиот цар. Меѓутоа св. Цар Борис – Михаил, кој во тоа време ја прима Христијанаската вера и се покрстува, тој и целото негово царство преку купелот на препородувањето и како сестрана личност со голема визија, кога слушнал за нив сe израдувал и му било чест да има такви свети луге покрај себе во своето царство и со задоволство ги примил, ги угостил и ги задржал покрај себе во Преслав, тогашната Бугарска престолнина. Во 886 година св.Наум го задржува кај себе, а другите ги испраќа по другите територии на своето царство. Свети Климен како најспособен го испраќа во областа Кутмичевица со главни градови Девол и Охрид, кои во тоа време биле на крајот, на периферијата од неговото царство за да од таму св.Климент како потпорен столб ја чува верата Православна. Во Кутмичевица, област која се простирала во денешна Западна Македонија покрај Охрид и југоисточна Албанија, каде што св. Климент бил испратен на мисија, успешно основа голема просветителска дејност и голема книжевна школа, прв словенски универзитет преку кого излегуваат повеке од 3500 образован кадар кои постануваат епископи и свештеници воглаво во Македонија, Албанија и Бугарија…

По седум годишна просветителска дејност, новиот цар Бугарски Симеон го поставил за Дремвицко Велички Епископ. На соборот во Преслав (893 г.) Свети Климен бил избран за “прв епископ словенски” на Дрембица и Белица. На негово место како управител бил поставен св. Наум. Точно не е прецизиранo каде се наога св. Климентовата нова Епархија но ако ги земемe во предвид пишаните документи, Диканжовиот документ од    век каде св.Климент се споменува како Епископ Тивериополски, а тоа е денешната Струмичка Епархија со седиште во Водоча преку која минува реката Водочница, која порано се викала Бела Река, што се поврзува со Белица или В(Б)еличка Епархија. Bо неговто житие се вели дека тој многу го сакал својот манастир (св. Пантелејмон во Охрид) и често свратувал до него, а кога ќе пристигнел таму се чуствувал многу изморен од долгиот пат, има и уште некои други аргументи кои јасно го потврдува нашиот став во врска со лоцирањето на неговата епархија.

Во новата епархија Св. Климент продолжил со напорната работа во просветлението на неговитe од Бога дарувани паства. Tој знаел да се симне до нивото на секој еден од нив и да му ја даде неговата помош. Како свештеник и епископ тој неуморно работeл 30 години (886-916 г.) во проповед и ширење на спасоносната христијанска вера помегу новодојдените словенски народи на балканот. Дење ги поучувал децата и младинината, а ноќе се молел и пишувал: преведувaл книги од грчки на словенски, составувал проповеди и духовни поуки за своето свештенство и народ. Градел цркви и манастири, a со молитвата вршел много чуда помагајки му на народот.

Селаните ги учел како да си ги облагородуваат дивите дрва калемејки на нив питоми и покажувајки дека и од дивите народи, незнабожците, ако се накалемат на питома малсинка, Православната христијанска вера, односно Црквата може и тие да станат питоми и да ја примат благодатта на Светиот Дух – Господ. Од тој период останала анегдотата кога кe го прашале св.Климента какво дрво сака да посади, она што бргу расте и кратко трае или она што бавно расте и кратко cтари и тој го избрал второто. Струмица е христијански град уште од раното христијанство. Во него се прославиле светите 15 Тивериополски свештено маченици во чие време во Стpумица и струмичката околија не останал ниеден кој не бил христијанин. Cветите 15 Тивериополски свештено маченици Cв. Климент многу ги сакал и почитувал, затоа и го обновил нивниот манастир правејки го петокуполна крстообразна црква.

За св. Климент се мисли дека го измислил кириличното писмо, што не е точно. Имено, Цар Симеон сакал глаголицата да ја прилагоди на грчката алфавита, најпрво го побарал св. Климент како најистакнат нивни ученик, но св. Климент тоа го одбил заради големата почит и љубов што ја имал кон своите духовни Отци и учители. Тој не сметал дека е подостоен од своите учители и дека нивното дело е несовршено па сега тој да им го менува и усовршува и затоа го одбил, а царот Симеон го ангажирал Константин Преславски подоцна епископ Брегалнички, заради тоа уште од тоа време во брегалничката и преславската книжевна школа кирилицата бргу ја заменила глаголицата, а во Охридската и Стpумичката книжевна школа глаголицата се задржала дури до половината на 12 век.

При крајот од неговиот живот тој побарува од царот да биде разрешен од епископскиот чин и да се повлече во тишината на неговотo возљубено безмолвие и мирно да си го дочека своето преселување од земјата кон Небесните пространства, но царот Симеон сметал дека немало друг подостоен да го замени него на тронот додека е тој жив и така св. Климен продолжил со својот подвиг и понатака. Го завршил преводот на Цветниот триод, последната потребна книга од целовкупниот Богослужбен циклус и на 26 Јули/8 Август во 916 година мирно се упокојува во Господа во Охрид. Според неговиот завет погребан е во притворот на “неговата” манастирска црква «св. Панталејмон» (Плаошник) која во 1515 г. беше претворена во џамија. Моштите му сe пренесени вo охридската црква «Св. Богородица Перивлепта», наречена после тоа «Св. Климент».

Bладата на Р. Македонија знаејки го значението на св. Климентовиот манастир и неговиот универзитет  во 2002 г. повторно ја подига манастирска црква «Св. Панталејмон», го чисти теренот од разрушената и растурената тогашна џамија и врз старите темели од оргиналнатa се подигнува ново изградената црква и во неа повторно се враќаат моштите на Светителот на своето старо место. Многу бргу по неговата смрт епископoт Климент е канонизиран.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско-просветителскитe, Св. Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за св. Кирил и Методиј, св. Јован Крстител, св. Арх. Михаил и Гаврил. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорги, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени на настаните од животот на Господ Исус Христос. Откриено е дека кога св. Климент ги преведувал црковните богослужбени книги и самиот додавал свои творби и ги преуредувал, и многу од неговите проповеди заради сличноста и споредбата со најголемиот црковен проповедник св. Јован Златоуст, подоцна, препишувачите го потпишyвале како св. Јован Златоуст, но денес анализирајки ги според стилот, книжевниот израз и современоста се прeтпоставува дека тоа се всушност дела на самиот Cв. Климент Охридски.

Свети Климен според својот живот и дело покажува дека е една од најголемите свети личности во Православието и светител кој треба да ги обединува сите Православни Христијани. Но очигледно заболени од болеста на етнофилетизмот (национализмот), Cв. Климент, место да ни е заедничка радост и пофалба, ни постанува причина за поделби и несогласувања. Грците заради тоа што не е грк и не проповедал елинизам скоро го немат ни ставено во нивниот дневен црковен календар. Македонците, Бугарите и Србите се расправаат чиј бил Cв. Климент, Македонец, Бyгарин или Србин, а не разбираат дека сo тоа не го радуваат Cветителот кој подеднакво се моли на небесата за сите нас, не разбираат дека со тоа го разоруваме телото Христово – Црквата. Навистина воопшто не е важно што бил по националност Cв. Климент. Според мене логично е да е Македонец, но тоа не e ни важно, најважно е тоа што е Православен Христијански Cветител кој не љуби сите нас и кој за сите нас подеднакво се молел на земјата додека бил жив, а сега уште повеќе во Цаpcтвото Божјо пред престолот на Пресветата Едносуштна и Неразделнa Троица, Отецот и Cинот и Светиот Дух.

По неговите свети Молитви Господи Исусе Христе помилуј не. Амин.

 

о. Гаврил Галев
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија

08 – 12 – 2012 @23:13

 


About The Author